Не заебавај сеа и ти,добар е Вујачич,нема споредба сеа во играта со Вујачич и Вешо,со Вешо исто ко со чоек помалку да бевме на терен,цела десна страна отсечена,ни шутој,ни асистенции до пикер,нешто рандом шо ќе стигнеше до Резо и то беше.
Сега е подруго,само треба време да се уигра малце детето,плус да има помош од пикерите да му прат блокој ќе пука по најмалце 6,7 гола по утакмица.
Загрижва формата на Бојанчо и Борјанчо,посебно Бојанчо,два црвени сркна џбитако на 2 утакмици,некако како деконцентриран е,треба да се заузда малце.
Исто и Павле не покажа некој напредок,тука е маката на лев бек.шо нема кој да потегни,се се чека од Богдан или Везенио,мораше да се дојси некој лев бек,ама то е сеа,ќе се тера со постоечкиот кадар.
За техничките во право си,ова се должи пред се шо не се влезени во некој ритам,со 2 пријателски утакмици за 2 месцеи и две првенствени не се постигнува форма.
Треба да е подобро,посебно ако се стегни одбрана малце.ќе видиме шо е како е во плеј оф,овие утакмици се колку да помини времето,само да не се повреди некој.