Ако не земат уште овие дена нови играчи( то салам некој)тешко нас ќе биди..
Ќе играт Црногорците сабота,ама прашање е шо можат да сменат,реално толку можиме да понудиме....

Не научија сите ко селски буквар,уствари нема шо да научат,та е играта,нема шо да понудиме...
Губиме сабота од Струмица,после гарант губиме и во Радовиш,ќе не отепат таму

....
Струмица е класа над нас,а богами и Радовиш,нема шо да бараме на овие два меча...
Можи малце ќе се држиме со Струмица првите минути,ама не ми се верва појќе од пораз од 4,5 разлика...иако реално Струмица не се нешто посебно,ама за нас во моментот се преголем залак,Везенио,Чантурија,Павловски,Нахас,доста е...
Го немат Колев појќе,ама и Блажевски е искусен голман за ова лига.....
Како шо го гледам распоредот изгледа првата победа ќе ја имаме дури во 4то коло,со Текстилец...

Засега само тие се поотепани од нас...Работнички не знам шо екипа има,и секако Преспа(ама штом не тепаја нас изгледа најотепани сме ние),додуша со ваква екипа од сите во гости ќе го примиме фалцот....
5 коло Пролет ќе не шлакни како и обично таму,дури и со појјаки екипи кај нив губиме,камоли сега...

Тврда екипа,си работат луѓето,алал нека му е...малска екипа,ваква таква ни држат лекции секоја година...

6 коло пак гостување во Скопје,кај децата на Минчо,можи останаја без Талески,Пешевски,Нелоски ама за нас да не шлакнат нема да ме чуди,и овде не се надевам на ништо...
7 коло дома со Охрид,е со овие ќе биди интересно,реално појјаки се од нас,штом со Прилеп изваја бод,тешко ние да напрајме нешто....посебно шо го имат на гол пајакот Колев....пола екипа му е.....

8 коло,со Работнички во гости,овие ми се непознаница,не знам колку можат,ама штом изгубивме со Преспа нема на шо да се надеваме во гости....

9 коло,со комшиите Прилеп во Битола,фаворити се,подобра клупа+Боро го зедоја за тренер,и овде очекувам пораз....
10 коло,со познаникот Преспа,овде ја очекувам втората "сигурна"победа....

11 коло,со Зомимак away,пораз се знај...

12 коло,и трета сигурна победа,прва во гости,со Текстилец,освен ако не се повампират тие па да не здрват...(нема да ме чуди)....
Реално,луѓе ако не се земат барем уште два тројца играчи,пред се Пецако,десен бек обавезно,десно крило исто обавезно,пикер уште еден,и по можност еден дефанзивец ништо не прајме...ќе губиме од кој стигниме,ќе не шлакат,ќе си играт мајтап со нас сите села и новооформени клубчиња....
Ќе биди бетер од ерата на Спиро....
Зато нека реагират побрзо,да не дозволат срам,зошто со ова екипа не ни бега дното на табелата и борба за опстанок...нема шо да се прај муабет,јасно е се...
Па ко ќе ми текни дека Европа се пријавија,леле мори мајко мила.....
