Батакот е еден од најперспективните мак играчи пред кој шо можи да излези неверојатна светска кариера, ова претставува факт. Но, како факт седи и дека од ко замина од Загреб и дојде кај нас, во првиот период скоро и ништо да не покажа, промашваше контри и позициони шутој, одбрана од секогаш бил солиден, но ништо поќе од просек. Неговиот подем почнува после европското 22', до тогаш нема прикажано ама ништо посебно. Во летото 23' го носат Богдан Радивојевиќ. Со Богдан на крило, Батако само учи и оди напред, оти ти ако сакаш да напрајш асолен играч, мора да имаш здрава конкуренција, по ист принцип е донесен и Манасков. Разликата е то шо Богдан како платеник не гледа долгорочна конкуренција во Батако и учествува во неговото афирмирање на тој начин шо му дава совети и го учи, а од др. страна Манасков е скроз незаинтересиран и на ниеден начин не влијае на развојот на Атанасиевиќ и Цветан. Проблемот се јавува во егото на Ненад, во сезона кај шо имаш страшна повреда, каде клубот се грижи за тебе, каде му го оставаш целиот терет на играта на само еден твој колега, ти си дозволваш да поставуваш услови и уцени...па ко е таква ситуацијата сретан ти пут. Ниеден играч не е поголем од клубо, вистина дека ова дава и неуба слика за нас...демек не можиме да задржиме играч, дека готов, изделкан му го даваме на директниот конкурент...ама па не можи и мрсулко од 23 год да поставува услови ко да е Уве Генсхајмер, особено со неговиот придонес во последната година и пол. Ако е толку неблагодарен и расипан(ќе покажи времето) тогаш слободно нека бега, таков играч дури и не ни треба, ќе се најди замена лесно па макар и странец да бил.