Сите тренери кога беа назначени имаше позитивни реакции од Битолската публика, за на крај сите да бидат истерани на клоци од клубот од истите луѓе што претходно ги кревале во облаци.
Кога го бркавте Бабиќ сите баравте Скандинавец тренер, да играл брз и модерен ракомет, го ставија Валтер, сите добро знаете како поминавте.
После него верглавте дека играчите не се борат како на времето, дека треба да се стават тренери што ќе го разбудат Битолскиот инат и ќе ги бранеле боите на дресот достоинствено како во 90ти години.
Сами си ги баравте, а управата ваша како и секогаш ги слуша навивачите, кои за жал бараат да гледаат ракомет кој повеќе не постои, изграден на лажни приказни и митови, затоа во Европа сте боксерска вреќа за сите противници, си билдаат статистика против вас, а на секое дерби со Вардар поминувате исто, со најблаги зборови понижени и посрамотени.


Прегледај го приврзокот 395421