@Goran Bt
Најлошо за овие неколку пријателски утакмици е шо паники кренаја луѓето по фејсбуци, инстаграми, како сме изгубиле од Партизан, еве сега и убедливо од Еѓипјаните.
Пријателски утакмици се наменети за уигрување на тактики, не треба да се бркат резултати, трофеи по секоја цена, ако дојдат арно, ако не здравје.
Најважно е да нема повреди на ваквите утакмици.
Први посериозни утакмици на екипите, тешки нозе, не е телото во натпреварувачки ритам.
Ете кај Барса се повреди потешко Домен Макуч, останаја без прв среден бек.
Исто и кај Монпеље, десното крило Јанис Лен се повредил на некој фитнес тренинг, го носеле со амбулантна кола од Добој до Монпеље, 20 сати пат.
Околу играта.
Успеав вчера да го ѕирнам само првото полувреме од утакмицата со АЛ АХЛИ.
Вака, на прв поглед не делува лошо екипата, посебно мислам на Цехте и Нилсен, доста стабилно ми делуваја двата, посебно Нилсен, многу акции преку него одеа, доста топки фати, мислам даде 5 гола изнуди некој пенал, ќе го биди дечкото.
И Цехте ќе биди засилување, е сега колку ќе успеј речиси сам да го издржи темпото ќе видиме.
Имаше вчера на Арена едно мини интервју со Јовиќ.
Кажа дека се планирало да се земи уште еден играч на десна страна, или десен бек или десно крило.
Ако е така, по мое поубо нека е некој бек шутер, пред се шо игра и одбрана. отколку крило.
Вака на прв поглед ќе ни биди проблематична позицијата 2 во одбрана, оти не можи Цехте нон стоп да игра два правци.
Ќе треба некој повисок и поснажен играч да покрие два правци.
Павле е ок, ама висината и тежината го јадат за да можи да покрие два правци.
Со висина од околу 188,189 см не си ни за бек, ни за крило.
Тајник ко за први утакмици не делува лошо, има техника, преглед на игра, кој е слободен и би можел најбрзо да го загрози голот, одма се гледа, некој калибар е на Скубе,
Рано е за него, ќе мора да му се дај време да се уигра. да се запознај со другите, мислам дека со Цехте добро се познават, ќе нема проблем со него, со другите ќе треба да најди некоја хемија.
Лошо кај Тајник е на прв поглед шо не игра одбрана на ударна позиција, заради висината, ќе го клават или на 6ка, а тука единствено е комтатибилен со Петар Атанасијевиќ кој би играл на 5ка, или на 1. во тој случај излегва Батакот, а губиме десно крило при евентуална контра.
Кисум некако тромаво ми делува, подолго време, уште од крај на ланска сезона паднат е во форма, нема шутој, то шо не ме бендисва е шо ретко пушта пас до лево крило, пробва преку 2 позиции пикер да најди, се губи лесно топка и ни прат контри и полуконтри.
Борзаш треба полека, полека да зема залет, да се ослободи, мислам дека ќе биди, само му треба брза топка и малце простор.
Јас би сакал Сери да е во екипа, да можи да се користи, звер е дечкото, кини во одбрана, не му ја мисли за шут, топ има во раката.
Тој ни фалеше цела ланска сезона, ако е здрав оваа сезона ќе мора да се искористи.
Сума сумарум, одбраната е клучот, ако не ја средиме одбраната тешко ќе оди.
Со Еѓипјаните многу пропусти при преземање, многу оставање на празен простор, е сега и нападот напрај многу грешки шо не чинеа брзи голој.
Ќе видиме денес со Монпеље како ќе изгледа сликата.
Ослабени се и тие, без Јанис Лен и Паниќ, добар дел од ланската екипа замина.
Ама сепак, тој костур остана.
Добар тест за одбраната ќе биди денес, да се пробат со Симоне, Скубе, Порте...
.