Се надевам дека е сериозна и ќе опстој во сила изјавата на Бранче, дека нема да брзат со наредните засилувања ако нема некој квалитет на лагер.
Поубо ништо да не земат и да терат вака, отколку да земат само квантитет.
За квантитет имаме дури и премногу, дури и за продавање по други екипи. ( играчи еден куп шо се вишок)
Сега на овај тим му е потребен ЛШ КАЛИБАР НА ИГРАЧИ.
Лош е тајмингот сега, крај на јули, голем дел од екипите веќе ги почнуваат подготовките.
Тешко е да се најди салам играч на лагер, посебно за позиции ко шо бараме ние- плеј и десен бек.
Се надевам дека не се вистински шпекулациите за десен бек од Египет или пак за Гаџа.
Освен ако десниот бек не се вика Омар Јахиа..

Реално не ни требат пак екскурзии како со Хендави.
Ќе ги фати носталгија на сред сезона и ги пакува куферите.
Еее, на времето, 12 years ago, колку филмој праевме со Ходор Нахас,

Сеа ќе дојди, утре, па го мана ладното во глата и замина.

Колку и да се добри на физикус, афричките играчи не можат да се вклопат во европска средина.
Прво, друг систем на работа имаме на Балканот, за разлика од првенствата во Тунис, Египет, јазична, културна бариера.
Друго, дисциплината е проблем.
Трето, индивидуалци се бекојте, не се учени на долги напади, од чиста позиција.
Шо ќар би имале од играч шо ќе земи 10 шута, и да изгуби еден куп топки, на крај 3,4 гола по меч.
Една работа е првенство во Египет, сосема друга димензија е ЛШ.
Нека побарат некој десен бек низ лигата од Франција, или пак од Данска пак да се собери некој.
Павле најверојатно го спремат за бекап десно крило за Батако.
Цехте е ок играч, ама прашање е до кај е со повредата.
Исто и за Гаџа, прво влечи повреда, излезен од ритам кај Арапите таму.
Друго е шо не е константен играч, една утакмица игра, 3 утакмици го нема нигде.
Нема дуел игра, нема скок шут, не е шутер.
Уште не можам да се изначудам како ни даде 9 гола на утакмицата во Битола.
Се надевам дека има нешто во муабетите за Мате Лекај.
Ова е веќе друга категорија играч, со искуство и педигре, ко шо ни треба.
Искусен, шо знај да ја "нагази топката".
Ваљда брзо ќе ја докомплетират екипата, колку појќе ќе се чека толку потешко ќе биди.
Не можиш екипа да уигруваш во септември.