Фан клуб - РК Металург

Металург треба да го ангажират шведскиот голман Дан Беутлер кој е слободен (а бранеше за Хамбург 2011-13)и кој бил измамен од газдата на Хамбург -невиден диктатор ,манипулант ,кој правел чудни договори.
со кој памет некој странец после се ова би дошол во металург? со такво аматерско работење тешко дека ќе донесат некој квалитетен...
 
ако ги планираа глупостите со Станиќ, тогаш требаше со повреме да си ангажираат голман.. требаше да искористат прилика коа западна Динамо Минск во криза да им го лапнат Пејановиќ :) звучно име на позиција голман секако не можат да си дозволат.. Пејановиќ ми има оставено одличен впечаток, грамада од голман е :) сеа jeс да е 40 години ама годините не влијаат толку многу на голманите :) жив пример ти се Омејер, Штербик, Матијас Андерсон од Фленсбург..
 
https://www.youtube.com/watch?v=lmhfhOVwxpM#t=414
И Лино не почасти со неколку македонски зборови, успеа да каже Среќен Божиќ како што треба.
Ајде можеби новата 2015 ќе биде добра за клубот како што вели тој. :D
 
Макстил ке почнит да работит за месец дена, да се надеваме дека ке имат малку пари и за клубот?
 
после пон очекувам лино да излезе и да каже како убаво ги спремиле и им дале шанса на мк ракометарите
:)
 
Играчи од металург кои настапуваат на светското се:
Филип Миркуловски
Наумче Мојсоски
Велко Маркоски
Дејан Манасков
Гоце Георгиевски
Ацо Јоноски
Ренато Вугринец
Никола Митрески[DOUBLEPOST=1421451648][/DOUBLEPOST]А нивните учиноци се следните
Филип Миркуловски-6
Наумче Мојсоски-4
Велко Маркоски-0
Дејан Манасков-6
Гоце Георгиевски-3
Ацо Јоновски-0
Ренато Вугринец-0
Митрески Никола-Не играше
 
Последно уредено:
заборави 2ца; ванчо и никола марковски /*марковски има 1или2 гола од вчера*/

металург има 10 играчи во репрезентација
 
Последно уредено:
http://sportmedia.mk/kolaps-na-metalurg-pola-rakometari-si-najdoa-novi-klubovi/
Толку од Металург веќе? многу сум разочаран што на ваков начин заврши клубот кој што ја воздигна македонската спортска јавност и имаше високи цели барем до летово.
Клуб предводен од Лино Червар 5 години се креваше во друштво со европските гиганти, имаше и одлични успеси изминативе 2 сезони, никогаш нема да ги заборавам победите над ПСЖ и над Барселона кој што го направија горд секој македонец.
Не треба да плукаме по Лино, овој тренер е најдоброто нешто што му се случи во историјата на овој клуб, врвен стратег кој што се согласи да дојде во нашава црна земја и да направи нешто, големо благодарам за се што стори и се надевам дека сеуште ќе има успеси во неговата кариера, штета што нема да е во Металург.
Голема благодарност и до верните играчи кој што останаа да играт за Металург и покрај таквите лоши настани, никогаш нема да заборавиме како го остававте срцето на терен со цел да ја задоволите македонската нација, се надевам дека ќе продолжите да играте во успешни клубови.
Штета што никогаш повеќе нема да гледаме вистинскио македонско дерби помеѓу Металург и Вардар во кое ни завидуваше цел балкан, многу ми недостига публиката кога извикуваше Дарко Стааниќ!
Со згаснувањето на овој клуб за жал полека но сигурно згаснува и иднината на македонскиот ракомет. :( :( :(
Благодарам за прекрасните моменти кој што ги доживеав со клубот, никогаш нема да ги заборавам!
 
Последно уредено:
Металург,ако се паметни и да најдат некој спонзор(еве ако е вистина со алкалоид)треба да си продолжат со младите...
Значи да ги пуштат Мојсо,Жути и компанија,и младите да добиваат шанса....
Нешто како шо напрај Загреб пред некоја година...
Само така ќе успеат,постепено да се гради тимот.
И да опстои клубот и ако ги задржат Мојсо,Ренато,Ацо,Жути џабе е...
Кога веќе немаш тим за Европа нема цел да фрлаш големи пари за плати,посебно кога немаш шанси за титула со Вардар....
А ако не опстои клубот,младите играчи треба да си најдат салам екипи како што ќе играат редовно,а нема да бидат во сенка....
 
Ама финтата е што Минчо не сака да го даде на Мукаетов, инаку купувањето ќе се десело уште на почетоков на сезонава. Нешто се имаат спукано, нерасчистени сметки или па Минчо тера инает. Ако е точно тоа, а доаѓа од луѓе блиски до Живко ондак Минчо сам си го закопува клубот што го изгради. :toe:
 
Нормално дека Минчо нема на никој да го дај клубот.
Рк Металург е пералница за парите на Минчо од нелегалните бизниси . Од шо мака цела документација на клубот да му ја предај на Мукаетов.
Ако не планира Минчо да го финансира клубот , ќе го затвори исто како што направи Трифун со Кометал . И со Кометал имаше "заинтересирани" спонзори да го финансираат клубот , но сите знаеме како заврши цела приказна.
Не му посакувам истото да му се случи и на Металург. Клубот има добра основа да продолжи да си работи со млади и талентирани деца , со помал скромен буџет.

А ако толку Мукаетов е загреан за ракомет и сака да има клуб , можи да си формира негов и да си почни од нула како шо си напрај Минчо и да си создај негов бренд.
Барем во ракометот е лесно ...
Ќе изиграт една сезона во прва лига и следна година си супер лига.
Ама и тој Мукаетов не е од тие шо се расфрлаат со пари .
 
Со Кометал Бојков ја сјеба работата му барал на Трифун 500 000 марки наводно дека е негова заслугата за подемот на Кометал......а Трифун му рекол одјеби
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom