Фан клуб - РК Металург

Мојсо и Атман вредат пола тим,за разлика од овие набројаните за Вардар.
Мојсо и Атман имаат 10 замени во тимот, ние НЕМАМЕ КОЈ ДРУГ ДА ИГРА ОДБРАНА :)

Повеќе играчи ни фалат во моментов, и како за беља сите се одбранбени :D

Се гледаме во четврток, не се радувајте прерано како лани :icon_lol:
 
Ќе каже некој од Металург каде може да се набават карти и како?
 
Ако се игра во Автокоманда, слабо карти :D
Ќе се игра во Автокоманда и тоа е официјално.
Онлајн карти нема да се продаваат, а според мене многу веројатно дека нема воопшто ни да се продаваат карти.
Барем во последниве 6-7 години праксата е таа. Се има случено некогаш да продаваат карти, ама во број од 50-100 карти, но за утакмица која ќе решава титула нема теорија да ги продаваат.

Со Пирати може колку сакаат луѓе да влезат, затоа ако сте фанови на Металург може да си влезете со Пирати.
 
МЕТАЛУРГ ЛЕСНО СЕ СПРАВИ СО ТИНЕКС ПРОЛЕТ

Металург лесно се справи со екипата на Тинекс Пролет, која ја совладавме со резултат 33:18 (15:6). Лино Червар за овој натпревар поштеди добар дел од основниот состав, па во списокот ги немаше Станиќ и Димовски, а во игра не влегоа и Миркуловски, Вугринец и Георгиевски. Атман и натаму е на листата на повредени играчи.

Првите десетина минути поминаа во израмнета борба, а потоа нашите стрелци ги наместија нишаните и набрзо стекнаа безбедна предност, која на крајот од првото полувреме изнесуваше девет гола, 15:6. Борозан постигна пет, а Циндриќ четири гола.

Вториот дел нашите ракометари го одиграа рутински, а конечната разлика стигна до + 15, 33:18. Ова беше петтиот натпревар за Металург и четвртата победа на нашиот тим. Следниот натпревар се игра повторно во “Автокоманда“, а нашиот противник ќе биде екипата на Вардар.
 
МEЧ ЗА ТИТУЛА, МЕЧ ЗА ИГРАЊЕ ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ

20140419hei16960_resize-610x218.jpg


za-tekst2.png


Во пресрет на утрешниот дуел со Вардар направивме многу анализи на нашата игра и на играта на противникот на последниот меч. Ги анализиравме и нашата и нивната игра во претходните натпревари, така што извлековме важни заклучоци за тоа каде треба да се менува, каде да се зацврстува играта т.е. што е добро, а што треба да се коригира – вели тренерот на Металург Лино Червар во пресрет на утрешниот дуел од 6-то коло од завршницата во домашното првенство.

Ракометарите на Металург утре (18 часот, пренос на МТВ) во салата „Автокоманда“ во Скопје ќе го имаат најважниот дуел сезонава со лутиот ривал Вардар, дуел во кој ќе се решава шампионска титула сезонава.

Вардарци во пресрет на реваншот влегуваат со минимална предност од еден гол, која ја стекнаа во првиот натпревар (25-24), минатата недела. За титулата на Металург му е потребна победа од два гола или со еден гол разлика, но со помалку примени голови на гости.

Во петте натпревари одиграните сезонава меѓусебниот скор на Металург и на Вардар е два-еден-два (победи-нерешени-порази) што јасно кажува за колку изедначени екипи станува збор. Утрешната средба ќе биде многу повеќе од дерби, имајќи предвид дека Металург во последниве три сезони не загубил натпревар од домашното првенство во својата сала во „Автокоманда“.

- Многупати сум напоменал дека дуелите со Вардар се многу различни и поспецифични од сите други. Меѓусебното ривалство во нив дава поголема желба за победа и доминација. Во секој случај, знаеме дека нѐ очекува тежок и цврст натпревар. Нас моментно најважно ни е да го оспособиме Павел Атман за игра, бидејќи неговата помош во нападот ќе ни биде многу потребна, а исто така и да ја подобриме играта во одбрана во споредба со претходниот натпревар. Победата е цел и мотив за секој тим во секој натпревар, па се надевам дека со пожртвувана и борбена игра со победа ќе ја крунисаме и сезонава – рече Червар.

Победа во утрешниот натпревар е главна цел и мотив на двата тима, бидејќи титулата во домашното првенство е визиран билет за учество во елитното друштво, Лигата на шампионите за следната сезона. Поразената екипа ќе учествува во натпреварите на Купот на ЕХФ, или ќе треба да аплицира за квалификациите за ЛШ, како што тоа беше случај со Металург минатата сезона.
 
Ne rasturija od isklucuvanja !!![DOUBLEPOST=1399566325][/DOUBLEPOST]Auuuuu Atman beeeee
 
Последно уредено од модератор:
Одбраната... :cuc::cuc: Митрески и Станиќ... Дибиров колку е преценет.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom