Фан клуб - РК Металург

Не е сериозна повредата на Станиќ,а исто Диви ќе патува за Полска,нема леб од Митрета.

Батиновиќ најверојатно нема да игра на реваншот заради потрес на мозокот.
 
Дарко Станиќ: „Во прв момент почуствував голема болка во пределот на ребрата и помислив дека е нешто скршено. Сега после поминати два дена отокот е намален, а рентген снимките покажаа дека нема скршеница на ребрата. Се работи за истегнување на мускул и во моментов сум надвор од тренажен процес. Наредни два-три дена во зависност од мојата здравствена состојба и консултација со докторите би требало да имам појасна слика што со мене. Едно е сигурно, патувам за Полска и таму ќе се решава за мојот евентуален настап. Ви благодарам за подршката што ми ја дадовте изминативе денови.“
--- надополнето: 23 април 2013 во 20:52 ---
Петар Ангелов „Диви“ се враќа во составот на Металург за да помогне во недела против Киелце. Ќе ја одложи операција за нареден период и ќе настапува со инјекција во коленото.
„Иако имам болки во коленото, сепак одлучив да се вратам и да им помогнам на соиграчите кога е најтешко. Ќе мора да стиснам заби и да издржам“ - изјави популарниот „Диви“
 
Многу главоболки за Червар, но барем Станиќ се чувствува подобро
Шефот на стручниот штаб на Металург, Лино Червар, се соочува со сериозни проблеми со играчкиот кадар на тимот по повредите што дел од првотимците ги заработија за време на првиот четвртфинален натпревар од ЛШ против екипата на Кјелце. Миркуловски и Маркоски ги обновија повредите заработени при настапите за македонската репрезентација, Батиновиќ се уште е во болница по потресот на мозокот, додека на повреда на рамото се жали и Козлина. Единствена добра вест за Червар е што првиот голман Дарко Станиќ се чувствува многу подобро, отокот на неговите гради е намален, па српскиот интернационалец наскоро би требало да се врати на терените.

За жал, повторно се случи да имаме големи проблеми со составот по настапите на националниот тим. Миркуловски и Маркоски се мачат со повреди, а ако на тоа се додадат и проблемите со Козлина и Батиновиќ, јасно е дека ситуацијата е сериозна. Ако може да се каже нешто позитивно, тоа е барем дека Дарко Станиќ се чувствува многу подобро и самиот изрази желба да биде дел од тимот и да ни помогне во следниот период. Денеска се среќаваме со тимот на Зомимак, Станиќ ќе биде на клупата и ќе помогне ако биде потребно, додека сите останати нема да бидат во комбинација за настап“ - изјавува Червар за ЕКИПА.

Македонскиот првак веќе викендов го очекува реванш дуелот со Кјелце, но иако е спортски да се надеваме во чудо во Полска, Червар сепак е реален и ќе настојува погледите да се свртат кон битката за шампионската титула со Вардар про.

Како тренер секогаш сакам да победувам, но сепак треба да се биде реален и да се признае дека пред нас е многу тешка мисија во Полска. Ќе патуваме во Кјелце со ракометарите што ќе бидат подготвени за настап, во моментов не знам кој од повредените ќе успее да се рехабилитира за неколку дена, но во секој случај ќе настојуваме уште еднаш достојно да го претставиме македонскиот ракомет. Од друга страна, треба да се ствртиме кон втората цел што си ја зацртавме пред почетокот на сезонава, а тоа е повторно да ја осигураме титулата и одново да ја полниме салата „Борис Трајковски“ со по 7.000 луѓе во текот на следната сезона од ЛШ. Дуелите од Вардар про ќе бидат од клучно значење во таа битка и ние ќе сториме се за да ја одбраниме ланската титула“ - порача Червар.

Денес со Зоне Замфирско во 6 играме,многу незгодна екипа на Вардар му украдоа бодови,ако ги победиме нив два пати и еднаш Вардар во Автокоманда,лапај 5-та титула по ред. :D
 
РК Струмица Зомимак М 22 :28 РК Металург, конечен резултат.
(y)
 
Станиќ ќе брани со Киелце!

Дарко Станиќ, голманот на македонскиот ракометен Металург, брзо се опоравува од повредата на реброто и ќе биде на голот на реваншот со Киелце, од четвртфиналето на Лигата на шампионите.
mkd-35145.jpg

„Радува фактот што состојбата со Станиќ драстично се поправа. Завчера тој посети и кинезиолог, кој многу помогна во надминувањето на болките, па така можно е уште денеска (н.з. првенствен меч со Зомимак) да биде меѓу првите 16 на клупата, а ако биде потребно и да застане на голот. Против Киелце најверојатно ќе брани. За секој случај, тука е и Петре Ангелов, кој во меѓувреме требаше да направи операција на менискусот", вели Александар Петровски, помошникот тренер на металирг за „Нова Македонија".
Според информациите од таборот на Металург, за Полска веројатно нема да патува Дамир Батиновиќ, кој доби тежок удар во главата од Јурецки и мораше една ноќ да помине во болница, а неизвесен е и Миладин Козлина, кој има повреда на рамото и не може да шутира.


 
Нова пресметка меѓу Киелце и Металург

Киелце ќе игра на завршниот турнир во Келн во ракометната Лига на шампионите на 1 и 2 јуни, а за септември планира нова, петта средба годинава со Металург. Полјаците во тој период традицонално организираат турнир со учество на 4 екипи, а понудата веќе стигна на адреса на македонскиот првак.

И лани требаше Металург да им биде гостин, со оглед на одличните односи на двата клуба, но скопјани имаа поинакви планови. Годинава, веројатно, ќе ја прифатат понудата и пак ќе гостуваат во Киелце. Домаќините се надеваат дека ќе учествува и германски Фленсбург, а последниот тим што би играл веројатно ќе биде Висла Плок.
- Ни понудија да играме на нивниот турнир во септември што традиционално им е со добри екипи. Можеме веднаш потоа да одиграме и пријателски меч со Висла Плок, што би дошол по одигрувањето на турнирот. Ако ни се вклопат плановите, веројатно ќе прифатиме гостување во Полска – вели генералниот секретар на Металург, Зоран Цветановски.


Ова е почеток на едно прекрасно пријателство.......и ривалство. :D
 
Карти возможно е да се купат за во четврток ??
 
kiki08/05/2013 ВО 11:41
Mnogu mnogu mudra odluka.. samo kulturni navivaci i vistinski ljubiteli na rakometot ke imaat moznost da go gledaat ovoj natprevar … so sigurnost nema da ima diveenje po tribini i neodlocno i nevkusno skandiranje ….bravo



Igor08/05/2013 ВО 12:13
Mnogu normalno, tribinite se za normalni luge i za sledenje na rakomet ne za plukanje i frlanje na razlicni predmeti.


zoki08/05/2013 ВО 14:16
Па на нас 7000 карти не ни беа доволни, а не 800 колку што собира Автокоманда. Подобро да не се прават инциденти и од дома да си гледаме,а не да се тепаме за место. Јас и така немаше да дојдам со синот заради безбедност.
Поздрав и проширете ја салата до Ченто хахах

:pos::pos::pos:
Ако не им биле доволни 7000 карти, зошто и првенствените натпревари не се играат во Борис?
 
И наредната година Металург ќе игра во лигата на шампионите по се изглеа :)
 
LetMeSea ти дадоа карта бе ??
Можам ви го пцуијам клубот до утре ама неќам бан. Бар до вечер. Едно е јасно сељачки клуб со сељачки манири сте..
Ми дадоа, ја ќе гледам у живо а ти од дома :drk:
Гледам наредна година СЕХА лига пак приоритет ќе ви биде :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom