Одлично прво полувреме за око против Мешков, резултатот израмент 11-11.
Да не беа овие технички грешки ќе водевме..многу пробивања, промашени зицери... тоа резултира со нерешен изход на полувреме.
Одбраната е одлична, овој Драгаш е вистински погодок.. прав касап.. ама и во нападот не е лош, кое торпедо го испрати во последниот напад..

Пешевски малку проработи на оваа утакмица.. редно е да почне да ја користи оваа сила што ја поседува, да не служи само како неподвижен тенк во нападот.
Костески добар, но да не беа неговите утнати зицери ќе имавме водство.
Арсиќ се надополнува со одбранет удар кога е одбраната на ниво, во него добиваме добар и константен голман.
Сигурно ќе гледаме "жешко" второ полувреме, па се надевам ќе извлечеме позитивен исход против Мешков.[DOUBLEPOST=1473876398][/DOUBLEPOST]Ништо ново, борбена игра до самиот крај, но повторно минимален пораз од Мешков (24-25), ако ништо друго барем гледавме одлична и драматична утакмица.
Тимот делува солидно, но треба да се поработи да се игра на резултат, и да се намали падот на концетрација во клучни моменти.
Во оваа утакмица можеше да се напаѓа и за победа, нерешено можеби имавме на тацна, но на крајот, пак пораз.
Судењето можеби во неколку наврати беше наклонето на страната на Мешков, имаше некои спорни ситуации кои можеа да бидат во наша полза, но сигурно судиите не се главен фактор за овој пораз.
Овој пораз се надевам нема да има лош ефект врз играчите, бидејќи постоеа вистински шанси за победа, но неискористени, во вакви ситуации, сигурно паѓа моралот.
Во многу наврати се враќавме од негатива, стигнавме.. но за жал, ништо не бидна повеќе.. бод овде ќе значеше поголема самодоверба за овој тим, но што е тука е.
Задоволително изигравме на овие екстремно тешки три средби во Сеха лигата, тој факт радува.
Според досегашната игра на тимот, во очекување е и добро да се носиме во натпреварите во ЛШ.
Првото полувреме одбраната беше беспрекорна, надополнета со голманот Арсиќ.
Вториот дел беше друга приказна, на стартот ни направија голема серија, но успеавме да се вратиме.
Многу радува што Талески делуваше како вистински расен стрелец во вториот дел, одлична партија за него денеска...

Костески исто така перфектен, се подобро и подобро делува ова момче, овде Червар може да се пофали дека "изделкал" некој од талентите.
Пешевски конечно една солидна партија, но тоа се случува ретко.
Младеновиќ "мозок" на овој тим, се гледа дека се има добро работено со ова момче, Германска школа...
Ќе видиме како ќе се одвиваат работите понатаму, следната ни е против Татран во недела.