Фан Клуб: Реал Мадрид

Статус
Затворена за нови мислења.
Млад е и неискусен Игуаин, во тие шанси одлично си направи простор, се помачи за нив. Ќе си дојде се на свое место, реализацијата доаѓа со константно играње, Робињо дојде на 21 година па му требаа 2 години да се вклопи и тоа со често играње. Игуаин е огромен талент, замена за Раул. Башка досега често играше и десно крило каде што не се снаоѓа баш добро.

Канаваро кога го доби ударот во главата, тоа му беше казна за минатата недела :)
 
Ахахахаххахаха! Леле ја реков му го скрши носот еј :) А инаку за Хигуаин, има добар дриблинг ама нема никаква реализација, тоа ми беше зборов.
 
Ахахахаххахаха! Леле ја реков му го скрши носот еј :) А инаку за Хигуаин, има добар дриблинг ама нема никаква реализација, тоа ми беше зборов.
Ќе биде и тоа, само да му се дава почесто шанса.
 
Џабе, ја се мислим дека ќе лета на крај на сезонава...освен ако не покаже нешто добро сега на крај.
 
Me mrzese snosti da pisam mnogu dobro izigravme site igraja odlicno.Raul najdobar na Higuain mu treba poveke sansa za da pocni da postignuva golovi :) Aj cestito
 
Игуаин и Гаго нема шанси да си одат.Тие се донесени како долготраен проект,не условуваат прв тим,млади се и иднината на Реал е во нив.
Како и Рамос,Икер,Снајдер итн итн.
 
Гаго заслужува прв тим, затоа што е многу млад а е прекрасен на позицијата на која што игра. Уште 1-2 год. и ќе биде...ТОП!
 
Гаго многу ме нервираше на почетокот ама станува страшен играч за таа позиција и за негова возраст.
Игуаин треба малку повеќе да поработи на завршницата но движењето по теренот му е неверојатно по 2-3 играчи навлечуваше на себе што оставаше многу простор за Раул, нема шанси да ги продадеме Гаго или Игуаин зверови ќе станат.
Марсело не го ни забележавме вчера многу ама мислам дека тоа беше пред се поради беспрекорната игра на останатите тројца од одбраната ама ќе го биде и Марсело играчиште ќе стане само да поработи малку на дефанзива.
Ова ми се чини дека му беше најдобрата партија на Снајдер од кога дојде кај нас пас не промаши исто и Гути само да е малку поцврст.
За Робен што да се каже ГИ УБИ, го изеде Даниел Алвес, го исра, и ги смети гомната на страната не му даде да дише ама имаше подршка во напад и од Марсело.
Раул игра во животна форма само така да продлжи, другите не мора да ги споманам сите ѕверови, Рамос, Икер фати се што се фаќаше, Канаваро на сите кои се сомневаа во него им го удри у фаца исто и Хајнце.
Ај нека ни е честита победата па за некоја недела и титула да си чеституваме. :salut:
 
Според мене Робен не изигра како што треба, како да сака премногу да се докаже па се форсира.

Иначе не ве потсеќа Игуаин на Мијатович со новава фризура? :)
 
И јас се сложувам за Снајдер, ова му беше најдобра партија во дресот на Реал. Гледате колку подобро игра кога е повеќе во средина...не е Снајдер за десно крило. И во Холандија а и во Ајакс играше како плејмејкер...како што играше вчера.
Робен сакаше да покаже нешто, ама не му успеа. Само трчаше како мува без глава. Според мене подобро да играше Робињо место него, може и нешто повеќе ќе беше. Ама најдобро е и двајцата во прв тим да играат...е тогаш ќе биде лом. Годинава само на 2-3 утакици ако го споивме цел тим...се некој повреден или суспендиран. А нашле овие од Барса да плачат дека имале повредено. Им се повредија Роналдињо и Меси...и се гледа по резултатите дали титулите од пред 2-3 год беа по заслуга на целиот тим.
 
Еве неколку добри голови од Игуаин, ќе го биде дечково само да поработи на завршницата.
 
Според мене Робен не изигра како што треба, како да сака премногу да се докаже па се форсира.

Иначе не ве потсеќа Игуаин на Мијатович со новава фризура? :)

Точно е дека солираше Робен малку повеќе отколку што треба ама одлично ја раздвижуваше играта и беше одличен при изнесувањето на топката во контри.

За Игуаин до сеа не сум забележал ама кога малку ќе подразмислиш ставарно потсеќа на Пеџа.
 
Да не беше Робен првипт гол нема ше д ападне.Ако ја раздвижи играта супер беше.

Гаго е екстра.
 
Гаго е ЅВЕРИШТЕ невидено. Ќе биде од него плејмекер невиден...какви топки дава.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom