Фан Клуб: Реал Мадрид

Статус
Затворена за нови мислења.
дали тоа игуаин и снајдер се повредиле?
инаку, честитки...
 
Добро е, киксови на Валенсија и на Вилјареал, сега се најдовме на второто место.
Дај Боже денес Барса да киксне па разликата да остане на 2 бода.

Штета за Снајдер и Игуаин, повеќе од потребни играчи во овие кризни времиња:smir:
А знае ли некој колку време ќе бидат надвор од теренот?
 
Очекувајте наредни 5 кола Реал да тепа .. дури Калдерон дава 2.5 милиончина Бонус за да ги тепа наредниве 5 кола .. тогаш сигурно стасуваме први на табела KISS'S :smir::smir:
 
Штета за Снајдер и Игуаин, повеќе од потребни играчи во овие кризни времиња:smir:
А знае ли некој колку време ќе бидат надвор од теренот?

Никој :) Утре ќе му вршат прегледи па ќе видиме, ако се сериозно повредени наебавме.


Инаку ми се допадна утакмицата, одбраната има каква таква стабилност, ама средината е мека, многу лесно се стига со одбраната и константно сме под притисок, мора да ги сечеме противниците уште на средината.
Колку само фали играч за гол, Раул повеќе пати го гледавме како си џогира по теренот, таа пожртвуваност и ангажираност која му беше заштитен знак ја снемува, како без мотив игра.
Игуаин заебава нешто, пак почна да се двоуми кога е во гол шанса, напаѓач од врвна класа треба да игра по инстинкт, а не да чека празен гол па да шутне.
Дренте и Снајдер ми оставија најдобар впечаток, особено Дренте, цело време е активен и ја раздвижува играта, само му фали уште еден како него.


А да, би сакал на колегите фанови од Мадрид кои мафтаа бели шамивчиња да им порачам да идат у три пизде материне, ако не им се допаѓа фудбалот нека не одат на стадион, е така :)
 
И Хајнце, наравно .


Без И, за Канаваро не ама Хајнце, ете го неигра и одма одбраната без ниту еден кикс беше. Ќе му дојде ли памет на Шустер бе да не го става, или по суспензијата пак ќе почне да игра и ќе мора да го трпиме?!
Инаку играта не беше лоша, одбраната многу посигурна за разлика од прошлите утакмици, Пепе ги јадеше живи исто и Рамос, Торес и Марсело изиграа супер, средината добра ама не доволно, а нападот средно. Раул се трудеше трчаше, ама џабе му е...неможе да издржи не е веќе 20 години.

Уште ова ни фалеше, Снајдер и Игуаин да се повредат...значи кој малер сме. За Снајдер не ми се верува нешто сериозно да е зошто ипак можеше нормално да иде ама изгледа не сакаше да ризикува, додека за Игуаин...лошо ми седеше со него.
 
Раул трчал, ххахаха, убо рече Мадрид погоре, џогираше.
И Канаваро и Хајнце се дупки нема шо бунење Боби, и ќе ти фали викаш Игуаин? :))))
 
Раул трчал, ххахаха, убо рече Мадрид погоре, џогираше.
И Канаваро и Хајнце се дупки нема шо бунење Боби, и ќе ти фали викаш Игуаин? :))))

За разлика од прошлите натпревари, Раул барем се трудеше, на прошлите спиеше цела утакмица. Ако можеш негде да ја гледаш пак, баш запримети го Раул дека 80% од утакмицата играше пресинг на одбраната на Хуелва.


btw, ќе фали Игуаин како нема да фали, да ја викнем баба ми сега у напад да игра :)
 
Ливерпул за прв пат од кога е Бенитез менаџер се во трка за Премиер лигата. Не верувам дека туку така ќе го остави тимот што го градеше со години за да оди во Реал.
 
Колку шо разбрав, Снајдер не е сериозно повреден и вклучен во тимот против БАТЕ, додека Игуаин ќе остане во Мадрид, мислам дека и неговата повреда не е сериозна, незнам точно колку ќе отсуствува.

Раул - Савиола напад, јеа :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom