Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Шутот од Марсело :facepalm:

Скроз овој ги има промашено нишанските справи, и против Баерн имаше вакви непрецизни удари и претходните утакмици исто, порано бар ќе го погодеше голот.

Одигра одлична сезона, впрочем стандардно ко секоја негова, ама некако периодов ко да влезе у лер.

Па и реално не е негова работа да дава голови, ма да можи да биди малку попрецизен. Факт е дека од ко влезе денес ја разигра и убрза цела екипа.
 
А братот Данило никој не го спомнува со центаршутот за голот на Мората а?Јес да имаше дупка десно во одбрана 86 минути,али центаршутот:D:D
 
Ја мислам најдобро е да го спаси Милан, до душа гледам шпекулации и за Интер. Таман после тоа Реал Дибала ќе го спаси.

https://www.thesun.co.uk/sport/foot...lionel-messi-juventus-barcelona-relationship/

http://www.express.co.uk/sport/foot...helsea-Barcelona-Real-Madrid-transfer-rumours

За кој курац ти е Дибала кога Зидан на едвај 3-4 утакмици играше со полушпиц сезонава. А и веќе имаме 3 играчи како него и Едегард.

Најдобра опција е да се оди на лево крило или шпиц(Мбапе/Дембеле),
 
А на лева страна ги немаме Асенсио и Роналдо? Ја колку што знам тука за Бензема наголемо се тврдеше дека не е класичен шпиц и дека плус ги разигрувал другите и дека во тоа била неговата големина. И Дибала може класичен шпиц да игра, може и десно крило да игра со оглед на повредите и формата на Бејл, на кој не му предвидувам долг претстој ако вака продужи да му се одвива кариерата.
 
Има шпицови кои биле машини за голови и послабо учествувале во играта(Руд) или пак шпицови како Агуеро или Роналдо дебелиот, кои покрај што постигнуваат голови учествуваат доста и во играта на екипата.
Не ги споредувам квалитетите на Бензема со Роналдо, кои се далеку од исти, туку позициите.

Дибала не е шпиц, не е ни крило, Дибала е скоро ист играч како Хамес(со таа разлика што е малку побрз) со златна левица, одличен шут и осет за пас во простор.
Не верувам дека некогаш ќе стане јако крило, зашто е пребавен за крило, а и не верувам дека ќе стане некогаш јак шпиц, зашто ги нема потребните карактеристики за шпиц. Тој може да стане уште поголем играч само ако си продолжи на позицијата која што си ја игра.

Или во една реченица кажано, за да не стане Хамес 2 и да функционира тимот со него ќе треба да се продадат двајца од ББЦ, Хамес и Иско и да смени формацијата во 4-4-1-1
 
Не би ги споредувал до толку Хамес и Дибала, едниот е мек играч кој се губи кога го чуваат поагресивно, додека вториов знае како да се ослободи и знае да се ослободи од топка при контра без да ја заглави и го прави тоа на генијален начин. Најчесто се движи по десна страна. По таа логика ја не знам Азар зошто го бара Зидан, за него шпекулациите се каде каде поголеми. Не е до позицијата понекогаш, понекогаш е и до играчот причината за играње или неиграње. Во случајов со Хамес, човекот многу лесно губи топка и не знам што кур се лути кога го вадат, ем не е брз, ем не е до толку вешт со топка.
 
Добро бе толку се неписмени страниве за Реал Мадрид во Македонија и не знаат дека жолтите картони се бришат пред 1/2 финалните дуели? Сите пренесуваат дека Рамос, Модрич и Крос биле под закана на жолти картони да го пропуштат првиот дуел до 1/2 финалето ако Реал се пласира понатаму.
 
Живео говорник [emoji16]

Sent from my MI 5 using Tapatalk
 
Па точно е тоа. Доколку добие некој од тројцата жолт ќе го пропушти првиот полуфинален меч.
 
Мислам дека си грешка, за полуфунале се бришат колку што знам

Sent from my MI 5 using Tapatalk
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom