Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Ете ви го Пепе. И на Класико он ви беше крив. Денеска да не беше он, 3 комада јадевмо.
Значи за катастрофалнава одбрана против Барса, Севиља и Дортмунд, прва причина е неиграњето на Ди Мариа (Севиља и Дортмунд), а втора и најважна да речем, катастрофалната игра на Чаби. Во дефанзива нигде го нема, ја стварно не го ни заприметуем кога напаѓаат противнициве.
Дортмунд денеска барем малку појќе да знаеше, ќе ни дадеше 3 гола со втор тим. Низ средина пасови фрчеа, со еден пас стигаа до 16 метри. Против посериозна и подобра екипа, има да примаме голови како од шала.
И се надевам дека не е многу сериозно со Роналдо, сам си го бара веќе неколку утакмици иако знае и самиот дека има повреда.

Све на све, и покрај убедливава победа ја не сум ни малку задоволен. Освојување ЛШ со ваква игра во одбрана можат само да сонуваат.
 
Да беше некој друг судија помалку толерантен мислам дека ќе досудеше барем 1 пенал за дортмунд.Или да кажам поинаку, да беше пепе против некој поискусен "дајвер"...малку нестабилен ми изгледа и многу агресивен во шеснаесетник... башка со таа репутација шо си ја има ...:cautious:
Иначе иско детето е 5ка, треба да стартува почесто, на крајот мората малце разочара, делуваше несигурен во некои стартови, 15 мин имаше чоеко на 3-0 ја би ги искористил сите шанси ич не би се мислел...
 
Јас искрено незнам шо е со Роналдо, повторно публиката му свиреше во една ситуација, беа 3 на 2, и пак не подаде, се изглупира нешто..

Јебига, знајме дека сакаш да го поминиш рекордо ама дај малку потимска игра упм.
 
Многу дува промаја по средината, ако ни дојде некој од пимплачите тешко вака. Алонсо повторно катастрофа, а и Иско премногу слабо дефанзивно можеа комотно да не натртат ако имаа некој поасален напаѓач. Ајде нека се оправа Кедира што побрзо и тоа како е потребен за наредните фази.
 
Среќа не примивме гол кога проба да издрибла у одбрана, ќе ги чекав фанојте тука да видам дали ќе пишат исто како за останатите играчи.[DOUBLEPOST=1396472915][/DOUBLEPOST]Ништо не е со Роналдо, по препорака од лекарскиот тим е заменет.
 
Последно уредено:
Го испушија ? - Го испушија. Ме боли *** ќе му ја мислиме за понатаму.
 
Пепе мен оф д меч.
Не кажујте многу, ова беше една од најдобрите партии годинава. Секоја чест, за натпреварите(сите до еден) во ЛШ, ниту еден лош збор за Карло.
Иско позитив беше денес, среќа што не стартуевме со Иљара. Сигурно друг ќе беше исходот. Нека си продужат вака, иако двомечов сеуште не е решен.
 
Доста глупо ни се шетаат у одбрана, може лесно да настрадаме така, а 1 гол знае многу да смени во текот на играта. По кој знае кој пат се гледа таа сигурност со Икер на голот, фала Богу што ќе брани на 16ти во финалето. Пепе најдобар заедно со Лукица, Бејл себичен во неколку наврати, не смее да му се дозволи тоа...на крај слатка одмазда и лабав реванш.
Хала Мадрид!!
 
Пепе мен оф д меч.
Не кажујте многу, ова беше една од најдобрите партии годинава. Секоја чест, за натпреварите(сите до еден) во ЛШ, ниту еден лош збор за Карло.
Иско позитив беше денес, среќа што не стартуевме со Иљара. Сигурно друг ќе беше исходот. Нека си продужат вака, иако двомечов сеуште не е решен.
Како мислиш, една од најдобрите?
Ако мислиш за офанзивата, да, супер беше. Ама Дортмунд со преполовен тим да ти доаѓа со еден пас до 16 метри, ја не би го нарекол тоа една од најдобрите партии. Среќа што последната линија изигра на ниво, па не примивме гол.
Ајде во Лига проаѓа ваква утакмица. Ама во нокаут фаза во ЛШ, вакви грешки и тоа како ќе ги казнуваат противниците.
 
Нека си продужат вака, иако двомечов сеуште не е решен.

Kaко бе не е решен двомечов? Ако изгубиме 3:0 или 4:0 со ваков Дортмунд јавно изјавувам дека престанувам фудбал да гледам и одам в манастир :D
 
Добро бе само негативости да се ширеле.Ако не ви чини Реал ојте за барселона навивајте ако не,ебаве мадридистите :facepalm:
Дортмунд го цица безраце вечерва (y) 3-0
Хала Мадрид!!!
Извинете само да се самоцитирам :cool:
 
Kaко бе не е решен двомечов? Ако изгубиме 3:0 или 4:0 со ваков Дортмунд јавно изјавувам дека престанувам фудбал да гледам и одам в манастир :D

Мое мислење дека ќе примат Дортмунд рано гол повторно, истко и како лани.

Така да ќе мораат да бркат резултат 5-1.

Видеќемо :D[DOUBLEPOST=1396476388][/DOUBLEPOST]
Имаме играчи под закана од жолти картони?

Ниту еден :)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ob1
Како мислиш, една од најдобрите?
Ако мислиш за офанзивата, да, супер беше. Ама Дортмунд со преполовен тим да ти доаѓа со еден пас до 16 метри, ја не би го нарекол тоа една од најдобрите партии. Среќа што последната линија изигра на ниво, па не примивме гол.
Ајде во Лига проаѓа ваква утакмица. Ама во нокаут фаза во ЛШ, вакви грешки и тоа како ќе ги казнуваат противниците.
Нормално е да стигнуваат лесно на 20-30 метри од нашиот гол, затоа што голем дел од утакмицата се играше отворено и немаше многу тактизирање. Се играше брз фудбал, без многу цврстина. Затоа и го пофалив Пепе, бидејќи изгина позади за да не примиме гол. Можеби во право си, зашто е ЛШ и повеќе треба да се мисли на одбраната, али ако игравме на цврстина, немаше да имаме толку шанси и резултатот немаше да биде со толкава разлика. На сметка на тоа, ако примевме некој гол на шашма, сите ќе го кривевме Карло, како по постигнатиот гол морал да ги гази додека може, а не да го зацврсти мечот у талијански стил. Си изигра тоа што требаше и јас сум задоволен. Поубаво да ризикува за 3:0, отколку да се брани на 1 или 2:0.

Kaко бе не е решен двомечов? Ако изгубиме 3:0 или 4:0 со ваков Дортмунд јавно изјавувам дека престанувам фудбал да гледам и одам в манастир :D


Лани за истиов меч давав многу прогнози(во наша корист), па се изгорев. Сеа си дувам на ладно :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom