Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Уствари Касиљас не е крив што одбраната е катастрофа, што другиве не можат два паса да поврзат, што третине не можат гол да дадат и што еден долг период не се превзема ништо во врска со одбраната
 
^ Не викам дека Касиљас е во најдобра форма, дека брани како до пред 2-3 сезони. Ама и тој е човек, па да не треба и бек да игра место заспанине Пепе и Рамос (посебно вториов)? Есиен денеска при вториот гол мораше да влезе како централен бек, затоа што Пепе и Рамос само Господ знае што правеа при центаршутот. И не е само вечерва, цела сезона се како марсовци на терен.
И таман мислев дека Пепе се сменил, ете го пак со неговите стари навики, волеј у кичма на противникот.

Тоа што Касиљас проба да ги смири тензиите помеѓу играчите на Реал и Барса според мене беше сосема океј. Зошто тоа што го гледавме до пред 2 години веќе не личеше на Ел Класико. Повеќе ми личеше на К1. Е сега што циганите од редовите на Барса (оние повлијателните) не го направија истото, тоа е друга работа. Е за тоа многу му замерија на Касиљас, па се осудија да речат дека и го загубил Мадридизмот и поважна му била репрезентацијата. Дај бре аман....
 
:P

305398_4656594345602_725652505_n.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ob1
Никој не вика дека Касиљас е крив за глупите голови. Делумо да и тој има вина, но воглавно вината е на некоордираната и неорганизирана ужасна одбрана. А и никој не го плука, фала богу, туку само го критикува.

Но Касиљас направи грешка. Не издржа и потпадна под пропагандата која ја наметнаа некои не баш пријателски настроени медиуми. Не верувам дека тој имал намера да навреди некој од тимот, но у таков случај доволно е нешто „мало“ да кажеш за медиумите од тоа да направат „бомба“.

Е сеа, на другата страна Мурињо не сака такви работи. Касиљас мораше да го знае тоа и мораше да знае дека во тим кој го води Мурињо, има успех само кога егото на Мурињо е најголемо у соблекувалната. Така беше лани, тимот растураше. Имаше дисциплнина, имаше позитивна атмосфера.

Мурињо не е светец, сите го знаеме тоа, но Икер мораше да олабави со џентлменството. Сега, и тој самиот знае дека напарави грешка и верувам дека ќе се врати подобар.

Неговата репутација во никој случај нема да дојде во прашање заради сето тоа што го направил за клубот, тој секогаш ќе биде на ниво на легенда и синоним за Реал Мадрид како што е Раул.
 
И таман мислев дека Пепе се сменил, ете го пак со неговите стари навики, волеј у кичма на противникот..
Све океј, само погледни го уште еднаш прекршокот. Му направија фаул на Пепе и потоа во пад противникот уште еднаш со нога го удри Пепе. Погледни стварно. И јас по првиот пат изреагирав така, али коа видов репетиција, сменив одма мислење.
 
Брчете што сакате, бранете кој сакате. Тапа сме!!!
Оваа година не е оној Реал за кој јас навивам.
Реал треба да танцува на теренот, во 2 потези треба да го реши противникот...Јас таков Реал познавам, без разлика кај и со кого играме ....
Од Мурињо до Роналдо , чао, фала. Ако ми донесите la decima, фала, ако не благодарам што се потрудивте....
Дис ис ди енд од мене сега за сега ...
 
Лани игравме супер во Лига кикснавме во ЛШ, сеа играме тапа Лига ама ЛШ ќе газиме.
 
Или ќе пејт Мурињо во мај "This is the end,hold your breath and count to ten"......Или "This is the end" само.....Се надевам ќе го пејт првово,зш конечно ќе им се скинит од на гла таја титула во ЛШ,второ,со титула ќе си заминит чоекот,шо и то не е начин.Ама со ваква игра зар .......
 
Мене ме фрустрише тоа шо никој од клубот не презема ништо да се извади тимот од бездната. Не ме интересира што и како и кој е крив и кој прв почнал и кој е незадоволен оти не бил гушкан како мал и слични куротресења САМО НАПРАВЕТЕ НЕШТО!!!
 
И на играчите им јасно дека единствена шанса за трофеј им е во ЛШ и мислам дека до фебруари има доволно време да се среди тимот на психичи и физички план за поход во ЛШ.
Со оглед на тоа дека конкурентите се во трка за трофеј во лигата мислам дека имаме големи шанси во ЛШ не оптоварени од тоа да ги бркаме Барса, а Атлетико е тим кој најверојатно ќе киксне неколку лесни утакмици до крајот, и тоа второ место може лесно да се освои ако е некоја утеха.
 
Или ќе пејт Мурињо во мај "This is the end,hold your breath and count to ten"......Или "This is the end" само.....Се надевам ќе го пејт првово,зш конечно ќе им се скинит од на гла таја титула во ЛШ,второ,со титула ќе си заминит чоекот,шо и то не е начин.Ама со ваква игра зар .......

По мене, сигурно си иде по сезонава... и да освои ЛШ.

Реал Мадрид цела вечност без двојна крунa

дупла круна, шо беше тоа? И не само сврзано со ЛШ, ја не памтам и домашна дупла да сме освоиле. :unsure:

Затоа Филе идеше со тие теории... тим за само едно натпреварување... :icon_lol:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom