Мурињо му порача на Нејмар да заборави на Реал Мадрид !!!
Иако португалецот го посакуваше Нејмар во своите редови, неговото несовесно однесување го изнервира и испровоцри и сега не сака ни да чуе веќе за негов ангажман. Тренерот на Реал е разочаран од однесувањето на бразилецот кој си игра топло-ладно и постојано дава различни изјави. Еден ден го сака Реал, другиот ден Барселона, третиот сака да
остане во Сантош цел живот.....и ниту еднаш не покрена иницијатива спрема неговиот клуб Сантош, да побара трансфер во Реал. Мурињо смета дека играчите кои сакаат да играат во Реал, треба да се борат за тоа, и да им кажат јавно на своите екипи дека бараат трансфер во Реал, како што го направиа тоа повеќето играчи од сегашниот тим на Реал пред доаѓањето во Мадрид:Озил, Ди Мариа, Кедира, Чаби Алонсо, Арбелоа, Коентрао, Сахин итн....
Мурињо не го сака имиџот на Нејмар, кого што го нарече и "разгалено петле", не му се допаѓа тоа што се прави голема звезда иако е на почетокот на својата кариера и нема освоено речиси ништо. За пример ги посочува Месут Озил и Анхел Ди Мариа кои се повлечени и мирни момчиња, иако се вбројуваат меѓу најдобрите во светот на нивните позиции, но не се перчат, и не се прават звезди од прва класа. Со новото продолжување на договорот, Нејмар си обезбеди плата која е поголема од она што го добива Икер Касиљас во Реал. Па така од клубот се едногласни дека немаат намера на играч како Нејмар да му дадат поголема плата од капитенот кој цел живот игра во Реал, и е најдобриот голман во светот.
Иако порано многу се посакуваше бразилската звезда, сега Мурињо и челниците на клубот веќе го заборавиа, и не го сметаат во своите планови за иднината. Дали нешто би можело да се промени, останува да видиме.....
Најголем лајк!!