Честито Победа.

Иначе Озил вчера повторно да не беше изгубен ??? Супер игра момчево во првава сезона,следната ќе игра уште поубаво.

--- надополнето ---
Karanka: Секој натпревар е различен. И не е исто кога играш во Liga и во ЛШ или во Copa del Rey. Освен тоа и секој судија е различен и со овој е задоволство да се игра.
Кога се ќе се смири и разјасни Mourinho ќе се појави на прес конференција, кога? Не знам.
Ако погледнеме назад, точно е дека имавме 5 многу тешки гостувања и изгубивме бодови онаму каде што најмалку очекувавме. Тоа треба да ни биде поука. Во едно толку многу изедначено првенство, секој натпревар е премногу важен и секој изгубен бод е премногу скап.
Со овој дрес имаме обврска да се бориме и кога титулата во la Liga е невозможна. Го почитуваме Real Madrid и мораме да ги почитуваме екипите кои на овие последни натпревари играат за опстанок.
Немаше потреба Alonso да остане на терен повреден. Изгледа дека не е ништо сериозно, но и немаше потреба да се форсира.
Не постои никаков пакт за Cristiano да биде Pichichi. Минатиот пат против Valencia он не даде гол, но екипата даде многу. Овој натпревар беше доста отворен и он тоа го искористи.
Cristiano: После она во ЛШ сакавме добар резултат и успеавме во тоа. Секогаш е важно да дадеш гол. Мораме да ги добиеме и последните натпревари, без разлика на тоа што ќе направи Barcelona. Бевме разочарани од тоа што се случи во ЛШ, но тоа е фудбал. Овој натпревар беше феноменален, дадовме 6 голови што и не е лесно. Сите сме задоволни, мотивирани. Тренерот ни инјектираше позитивен менталитет и можеме добро да ја почнеме следната сезона. Не е лесно да дадеш 4 гола, но тоа е заслуга на моите соиграчи. Не сакам да размислувам за Pichichi, имаме уште три натпревари и сакам да и помогнам на екипата да ги добие.
Pepe: Доаѓаме после пораз на домашен терен и сакавме да покажеме дека имаме квалитет да победиме било кого. Освен тоа со оваа победа и ја одложуваме прославата на Barcelona. Направивме се за да победиме во ЛШ, но не успеавме или не ни дозволија. Следната сезона ќе мораме да бидеме во финале. Лесно е да се зборува од страна. Луѓето погрешно ја интерпретираат мојата агресивност и кажуваат невистини. Јас не го допрев Alves.
Ramos: На денешниов натпревар требаше да ја покажеме нашата гордост и да си заминеме среќни и тоа го направивме. На крајот успеавме и да ја пролонгираме забавата на Barcelona. Жал ми е за Sevilla, затоа што се бори за место кое ќе и даде учество во Европа, но мој клуб е Real Madrid веќе долго време и за него морам да дадам се. Mourinho ја има целата наша безусловна поддршка и се надевам дека случајот со санкцијата ќе се реши на најдобар можен начин.
Marcelo: Оваа сезона изигравме одлични, големи натпревари, но исто така и изгубивме неколку на кои требаше да победиме. Тоа те разбеснува, но тоа е. Ни останува да се избориме на последните натпревари кои ни остануваат поради нас, поради клубот и поради фановите. Ја освоивме Copa del Rey, стигнавме до полуфинале во ЛШ, се уште се бориме за la Liga... билансот од сезоната, прва со Mourinho е многу добар, иако морам да кажам дека сакавме повеќе од ова.