Karanka: Сите се сомневаа во стартните 11, но покажавме дека Real Madrid има добри играчи, дека сите можат да играат и дека сите се важни, особено сега на крајот од сезоната.
Не ми е прв пат да излезам на прес конференција и тоа воопшто не е потценување кон противникот. Едноставно, работиме по одреден модел. Mourinho беше да гледа еден ривал и јас сум тука.
Рере изигра одлично како централен. И Kaká беше феноменален, влегува во форма, вториот пенал беше одличен. Имаме важни натпревари пред нас и Kaká добро ќе ни дојде.
Di María е играч кој дава 120%, не се дозифицира. Има брзина, дрибла...
Granero: Не размислуваме за чуда и не ги очекуваме, треба само да ги добиваме нашите натпревари. Работиме добро сите, така да сите можеме да играме во било кое време. И тие кои не играме често мораме да бидеме подготвени за натпревари како денешниот.
Casillas: Real Madrid ќе се бори за оваа Liga до крај, се додека е математички можна, затоа што така не научија. Мораме да продолжиме да победуваме за да не помисли лидерот дека се е готово. Никој не знае што ќе се случи и како може да се промени првенството. Mourinho ни кажа дека ќе ги искористи сите играчи во овие четири кола, ќе има шанси за сите. Излеговме со 11ка во која никој не веруваше, но изигравме добро и освоивме три многу важни бодови благодарение на тие невообичаени играчи. Бев да отстранам некакви хартии кои беа фрлени на терен и судијата ми даде жолт картон поради губење време. После Bernabéu, San Mamés е најпосебниот стадион за мене, таму дебитирав пред 11 години. Сите кога играат на Bernabéu се посебно мотивирани, тоа е добро за нас за да не се опуштиме. Во ЛШ до полуфинале имаме уште еден натпревар и мораме прво него да го изиграме, таму лесно е да видиш црвен картон и да се сменат нештата.
Pepe: Сите ги изненади стартната 11ка. Знаевме како да реагираме и бевме добри. Работевме цела недела и тренерот добро не подготви. Kaká беше од голема помош.
Kaká: Головите се добри за мојата самодоверба. Ја знам вистината за мојата повреда. Некои го искористија моето отсуство и кажаа многу невистини. Јас сакам да успеам во Real Madrid. Ги разбирам фановите и се надевам дека со тек на време ќе ги придобијам, барам само да ми дадат време. Real Madrid може да ја победи Barcelona, не се непобедливи. El clásico е светски натпревар. Ние веруваме дека сите три титули се можни. Имам добра соработка со Mourinho, надвор се зборува сешто, но јас можам само да му се заблагодарам нему и на сите во клубот за поддршката.