Фан клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата Бокица
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Од групата на фејсбук.. пишаја во коментар дека немал пукнато ребро, само модрица и се враќа утре во Мадрид да го прегледаат нашите доктори, ама се смета дека не е ништо сериозно и дека ќе биде фит за со Тотенхем. :)
 
Моја грешка, лошо сум прочитал нешто изглеа :). Во среда ке се одлучи дефинитивно дали наредното коло ке се одигра на време или не.
 
Озил со две асистенции за Милер и Кедира со една за Клосе :)
btw се надевам не е ништо сериозно со Марсело :/
 
Ирачанецов и Турчинов се многу подобри во репрезентација на ЏЕРМАНИ одколку во Реал :)
 
Нормално е тоа,се гледаше на Светското колку само тренинзи и работа е вложено во таа репрезентација каква уиграност има меѓу Озил и Милер,за разлика од Реал каде Цр7 и Марија се претежно брзи играчи и дриблери.Но ќе напредува и кај нас.:)
 
аууу да среќа на светско што не беше иначе французите ќе го освоеа.

Добро немој да бидеш ГЛУП како повеќето од Дифтар и кулирај си...биди среќен што на Бенз почна да му иде како што треба! Нема потреба од карање за Мадридисти.
 
Добро немој да бидеш ГЛУП како повеќето од Дифтар и кулирај си...биди среќен што на Бенз почна да му иде како што треба! Нема потреба од карање за Мадридисти.
Океј Океј,ќе се смирам така што ќе гледам КОЊИ у Хиподром и ќе слушам дует на Таио Круз со Гоце Арнаудов МОЖЕ?
 
Океј Океј,ќе се смирам така што ќе гледам КОЊИ у Хиподром и ќе слушам дует на Таио Круз со Гоце Арнаудов МОЖЕ?

Мислам нема потреба од провокации иако вие од Дифтар сте МНОГУ ГЛУПИ. :)
 
189044_10150119427069773_96686264772_6463781_1338190_n.jpg

Khedira (25.03.11 – team.dfb.de): Секогаш уживам кога доаѓам во Германија, особено кога треба да се игра со репрезентација.
Шпанскиот мие е веќе секојдневие. Првите два месеца учев интензивно, сега треба повеќе да зборувам, но далеку сум од тоа добро да говорам шпански. Полесно е кога го разбираш јазикот, полесна е комуникацијата. Разбирам кога ми зборуваат и тоа е добро.
Задоволен сум од моите први 6 месеци во Real Madrid и тоа е позитивно. Во голем клуб сум, играм со светски ѕвезди, но никој не се однесува како ѕвезда. Сите се свесни за својата улога и секој знае за што е способен.
Секогаш кога бев во добра форма секогаш играв, така да задоволен сум од мојот учинок оваа сезона. Свесен бев дека доаѓам во нова држава, нова екипа која игра на високо ниво и со големи индивидуалци. Но ги знам моите квалитети и ги користам.
Далеку сум од врвот, се уште ништо не сум освоил ниту со Германија, ниту со Real Madrid. Сакам да ги освојам сите можни титули. Се уште се развивам како играч и знам дека во Real Madrid ќе можам да го покажам мојот потенцијал.
За мене е најважно тоа што ќе го каже тренерот, да знам како да го изведам тоа на терен, сакам тренерот да биде задоволен од мене. За мене тоа е важно, а не што пишува по медиумите низ Шпанија. Воопшто не ме загрижува што Ozil го има по сите медиуми. Зависта не е во мојата природа. Mesut заслужено го има по медиумите, заслужено ги добива сите пофалби. Не можам да му завидувам нему, пријатели сме и сум среќен поради него и поради тоа што и помага на екипата со своите квалитети. Јас имам мои квалитети и моја улога и задоволен сум од неа.
Моја тенденција сега е да играм поофанзивно и се надевам дека ќе успеам да постигнам некој гол во Real Madrid. На почетокот Mourinho беше јасен дека треба да се стабилизира одбраната. Но сега се чувствуваме како екипа, уиграна и сега е полесно да одам напред и да бидам поофанзивен.
Секогаш кога можам ги следам натпреварите на Stuttgart, но и кога не ги гледам секогаш се интересирам за резултатот. Мојот брат игра таму, моите редовно одат да ги гледаат, што значи пратам се што се случува со нив, го сакам тој клуб и нормално откако поминав многу години таму.
Во Шпанија научив дека секој натпревар треба да се смета за предизвик и дека на секој натпревар треба да вложиш 100%. Mourinho не подготвува за да можеме на секој натпревар да дадеме максимум, истото се случува и со германската репрезентација. Сакаме да ги добиеме сите натпревари, нема неважни натпревари.
Во Real Madrid се навикнав да тоа дека мора да е добие секој натпревар. Се што не е победа во Real Madrid е катастрофа. Тој притисок мора да се издржи и е сличен на оној кој го имаме со германска репрезентација.
Добро е што селекторот го продолжи својот договор со Германија. Се познава развој во нашата репрезентација и голема заслуга за тоа има селекторот, затоа што знае да ги спои сите млади таленти, да ги направи едно семејство и да им даде можност да ги покажат своите талент и храброст на терен. Тој пристап даде добри резултати. Ние играчите ја чувствуваме неговата доверба и тоа се рефлектира на терен.
Превземено од Колку фанови има Реал Мадрид во Македонија.

Вамос Реал извини брат,стварно нема потреба.


п.с.глуп си
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom