Фан клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата Бокица
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
На овие одбранава им била сирење... пола голови паднаа по долги топки од одбраната и лоши интервенции, не успеваа да проценат дали топката ке ги прескокне или не -.-. Како и да е имаше убави акции. Иначе првото голче на Бензема во стил на дебелиот Роналдо... ке се сетат некој за што зборам, ја прескокнува 2-3 пати топката бега на десно и од прва удар. Секоја чест.
 
Најдовте селани и шлакајте:tv:...мајтапиот на страна честито победа и очекувам Бензема да го нема никаде во следниот поголем натпревар што престои за белите апостоли :smir:

Ова ми се свиѓа што го мислиш(ниту провоцирам ни ништо). Ќе ти биде јасно друг пат, зошто?!

До 2, 3 Јануари нема да играат веќе натпревари, тогаш следува меч со Гетафе а потоа на 5ти реванш со Леванте.
 
Одбранава на овие Леванте не сирење, туку урда им била од што ги видиов головиве. Прави аматери - вака катастрофално лошо и маалска екипа составена од 11 копиљаци нема да може толку лошо да изигра.Ма каква урда, јогурт им е одбранана. Иначе браво, сол ги направивте. Без милост. Како и да е, рушите се пред себе, Џозе пак си запишува во тефтерчето нешто. :) Како и да е честито победа, и со среќа во понатамошниот дел од сезозната. И да, честито тема, со закаснување, прв пост ми е ова во вашава тема, така да ... Поздрав.
 
Очекувајте следните 11 натпревари да ги добијат момците:icon_lol:
Гетафе гости
Виљареал дома
Алмериа гости
Мајорка дома
Осасуна гости
Сосиедад дома
Еспањол гости
Леванте дома
Ла Коруња гости
Малага дома
Сантандер гости
Атл. Мадрид гости - е ова веќе може да биде тешко.
 
Што збориш бе... секое гостување речиси е тешко. Ла коруња? Еспањол ? Атлетико Мадрид ? Осасуна ? Па и Гетафе до некаде.... не заебаај, гостувањава одсекогаш биле незгодни.
 
Ла Коруња е катастрофа годинава, Осасуна стандардна, Еспањол ништо посебно и Атл.Мадрид се како време не се знае за нив. Јас сепак очекувам до со Атл.Мадрид барем 10 натпревари да тепаме, а 1 само да кикснеме и тоа по можност нерешено:toe:
Имаме премногу јак тим и со овој тим секако дека очекувам/е многу ама ќе видиме. Јас сум на тоа дека можат да ги добијат сите 11 натпревари.
 
Што збориш бе... секое гостување речиси е тешко. Ла коруња? Еспањол ? Атлетико Мадрид ? Осасуна ? Па и Гетафе до некаде.... не заебаај, гостувањава одсекогаш биле незгодни.
Извинете шо улетувам како џокер у покер на темава, ама од кај го стави Еспањол тука??? :):)
Ај за другиве добро гостување ко гостување ама Еспањол :) Па вие годината ја почнувате со +6 пред сите од двете утакмици со Еспањол.
 
Еве еден подобар хајлајтс од предходниот тука ги има скоро сите најинтересни моменти.
2:33 МАВАААААААЈ:pos2:
Пазете на видеово колку шанси имаше Бенз за повеќе гола, можеше едно 5, 6 да дае:toe:
 
Е да бе, дај директно да се префрлиме на Ел Класико, другово да се прескокне. Не се залетувајте одма по ваква победа. Cе е можно (освен со Еспањол :icon_lol:)!
 
Извинете шо улетувам како џокер у покер на темава, ама од кај го стави Еспањол тука??? :):)
Ај за другиве добро гостување ко гостување ама Еспањол :) Па вие годината ја почнувате со +6 пред сите од двете утакмици со Еспањол.

Како и да е годинава Еспањол е еден од посилните тимови. Дома ги имаат сите победи само последната ја кикснаа со вас. 7/8 имаат добиено на домашен терен ако не се лажам. Као и да глеаш, Еспањол неможеш да го потцениш ни у најмала рака.

--- надополнето ---



Не се сетивте на ова ?


 
Mourinho: Демантирам дека имам лоша соработка со Valdano. Но во секој случај, никогаш не се грижев за тоа што ќе кажат за мене, туку за тоа моите екипи да видат професионални, среќни, дисциплинирани, посветени. Не сакам фановите да не критикуваат за лошо однесување на играчите, и покрај било каков пораз. Но сум личност која критикува, која не кажува да за се.
Во Chelsea бев среќен, но во мојата четврта сезона дојдоа личности со кои бев некомпатибилен и си заминав два месеца порано. Овде ќе останам четири години затоа што се чувствувам добро. Немам лични проблеми со никого. Но како и во секоја фирма со многу вработени, може да има различни мислења. Кога проблемите се решаваат на позитивен начин, ние созреваме. Со Valdano имаме само мали разлики во филозофијата кои можат да се надминат.
Имавме натпревар во кој луѓето уживаа. Жал ми е за ривалот, затоа што е тешко да изгубиш со толкава разлика. Среќен сум како ја завршивме 2010, фантастична година за мене. Можеме да зборуваме за Benzema, Graneo, Albiol, кои не играат многу… за сите. Денес изиграа сериозен натпревар. Важно е дека игравме добро, и секогаш го гледам само последниот натпревар. Од првата минута имавме длабоки движења, притисок... кога почнуваш така, со топка или без неа нормално е да имаш добар натпревар. Можев да го оставам Benzema 90 минути, но сакав Morata да ужива.
Изигравме 25 официјални натпревари, победивме на 20 од нив, изигравме 4 нерешени и еден изгубивме. Убав рекорд.

Извор:
Kolku fanovi ima Real Madrid vo Makedonija?
 
Честито победа,одличен натпревар...со 3 гола и 2 асистенции Бензема дефинитивно мен оф д меч...се надевам дека КОНЕЧНО се врака во форма и ке почне да игра така како што сите посакуваме
 
Извинете шо улетувам како џокер у покер на темава, ама од кај го стави Еспањол тука??? :):)
Ај за другиве добро гостување ко гостување ама Еспањол :) Па вие годината ја почнувате со +6 пред сите од двете утакмици со Еспањол.

Нема врска, види меѓусебни дуели со Еспањол, не имаат дупено јако.
 
Јак Шпански ова коментаторов. Да не е од Рим случајно?:pos2::pos2:
Есперанто :pos:
Поентата ми беше дека коментаторите пред време рекоја дека е гол,уште кога шуна рече:Che golasso"..... а дека шпански знам...тц.......Ама италјански 5ка имав :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom