Karanka: Секогаш постои нешто што те стимулира, и како што кажав претходно нема поголем стимул од тоа да бидеш во Real Madrid. Без никаква опсесија, со единство и поддршка играчите го најдоа Cristiano. Не постои никаков пакт, постои само единство, добар амбиент кој им помага на играчите да ги остварат своите индивидуални предизвици.
Секогаш излегувавме на терен за да ги добиеме натпреварите. И кога губевме бодови, ги губевме кога играа оние кои најчесто се стартери.
Дебито на Mejías е награда за работата во текот на целата сезона. Денес беше важно тој да дебитира со првата екипа.
Villarreal ќе игра максимално во недела, се бори за својата позиција и потоа имаме уште еден натпревар на кој ќе излеземе да победиме. Покажавме дека кој и да игра, секогаш играме на ниво.
Cristiano: Приоритет ни е да ја завршиме добро сезоната во Liga, добивајќи ги последните натпревари. Тоа ни го бара тренерот и тоа го правиме. Се борам за да бидам Pichichi, но тоа не ми е опсесија. Топката отиде публика не сакајќи, му се извинувам на фанот кој беше таму.
Higuaín: Не сакаме да бидат шампиони поради нас, туку поради нив. Важно беше да победиме и потоа они нека си го добијат бодот кој им недостига. Се уште ја немам онаа форма која ја имав претходно, но нормално е, тоа се добива со време. Никој не очекуваше да се вратам толку брзо. Следната сезона ќе бидам стариот Higuaín. Ќе игран и на Copa America и тоа ќе ми помогне многу. Мораме да успееме да го направиме Cristiano најдобар стрелец во Liga.
Tomás: Се изненадив кога ми кажаа да се загревам. Се се случи на брзина, се загревав и веднаш потоа влегов, тоа најмногу ми се допадна. Се сетив на сите, од дедо ми до родителите. Сите се многу среќни, исто како и јас. Многу пати тренирав со првиот тим оваа сезона и со сите добро се согласувам, сите секогаш беа добри со мене. Сега најважно ми е да успееме да ја однесеме Castilla во Segunda A.