Фан Клуб: Работнички

  • Креатор на темата Креатор на темата zEk0
  • Време на започнување Време на започнување
izglea utakmicata bese namestena so Anortosis !

По шо заклучи дека беше наместена? Или ве боли вас што ви го пикнаја со се јајца и што не успеавте да ја наместите, како цело првенство лани?
 
Анортозис казнет од УЕФА за политичките пораки на дуелот со Работнички


Дисциплинската комисија на УЕФА го извести раководството на Анортозис дека кипарскиот клуб ќе заработи соодветна парична казна поради транспарентите со политички пораки што неговите навивачи ги покажаа на средбата со Работнички во Ларнака (0-2) минатиот четврток. На трибината каде што се наоѓаа најверните фанови на Анортозис се појави знаме со паролата „Македонија е грчка", што не останало забележано од делегатот на натпреварот од третото квалификациско коло од Лигата на Европа. Покрај тоа, Анортозис ќе добие и дополнителна парична казна затоа што неговите навивачи фрлале тврди предмети на теренот за време на одигрување на мечот.
Добивме известување од Дисциплинската комисија на УЕФА дека ќе ни биде одредена парична казна за политичките пораки покажани на трибините за време на мечот против Работнички, а ќе бидеме санкционирани и за тврдите предмети кои што беа фрлени на теренот. Сакаме да ја известиме целата кипарска јавност и пред се навивачите на Анортозис дека со такво однесување му прават финансиска штета на клубот. Се надеваме дека во иднина ваквите престапи нема да се повторат - се вели во соопштението што раководството на Анортозис го лиферуваше до кипарските медиуми.
Ова треба да биде порака и за навивачите на Работнички дека УЕФА воопшто нема да толерира евентуално истакнување на политички пораки на реванш средбата од Лигата на Европа со Анортозис, в четврток во Скопје.

клик (ако сакаш оти истото е )
 
Незнам за другите како мислат ама според мене сеа дефинитивно ке тепа Анортозис(се надевам недоволно да помини),па зато вадете заштедата од банка и играјте двојче :D
 
Прочитав 1 изрод што пишал и почнав да се газим од смеење ...Изгледа згрешил апчињата од сабаале :D
Ајде Работнички можеш ти !!! Ова му треба на Мак. фудбалот!!!
 
izglea utakmicata bese namestena so Anortosis !

Се надевам дека те фатило дремка гледам дека во 04:36 сабајле е пишано.Во секој случај ми го напрај денот ,фала!:pos:
 
http://rabotnicki.com/mk/component/...ki-najdobar-klub-vo-svetot-za-mesec-juli.html

На најновото рангирање на Интернационалната Фудбалска Федерација за Историја и Статистика (ИФФХС), Херојот од Дебар Маало се проби во најдобрите 150 екипи во светот, и воедно е прогласен за најдобар фудбалски клуб во светот за месец јули.
 
Ајде сите да му дадеме подршка,кога немаме јака репрезентација Работнички ја игра таа улога.
 
http://rabotnicki.com/mk/component/...ki-najdobar-klub-vo-svetot-za-mesec-juli.html

На најновото рангирање на Интернационалната Фудбалска Федерација за Историја и Статистика (ИФФХС), Херојот од Дебар Маало се проби во најдобрите 150 екипи во светот, и воедно е прогласен за најдобар фудбалски клуб во светот за месец јули.

На табелата зад Работнички се наоѓаат екипи од рангот на Лацио, Евертон, Астон Вила, Фиорентина, Црвена Звезда, Мајнц, Галатасарај.. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom