Денес Работнички одигра нерешено ,0-0 со Победа во Прилеп.Работнички играл речиси со цел втор состав.
За играта не можам да коментирам бидејќи не присуствував, но како што кажа коментаторот на радио Работнички имал неколку чисти шанси за погодок но не успеал да победи.
А еве, и како што ветивм резимето за оваа полусезона.
Работнички заврши на 3 место оваа полусезона со 29 победа....приказната за тоа како почнавме и каде сме сега може да ја прочитате под ова.
Сите знаете дека со напуштањето на Кометал од Работнички, клубот беше на судни маки за преживување.На Работнички му беа одземени головите,машините,косилките,лопатите,топките, дел од опремата ,тренерите и дел од младинската школа и 17 играчи.Од тој момент Коста Костовски за мене е гомно!
Работнички остана само со 3.Баже Илијоски,Крсте Велковски и Бојан Михајловиќ.Ех летоска, тој тренинг кој го гледав со 3 играчи.Беше жално.По дискусија со неколку големи навивачи на Работнички, и луѓе кои се/беа во внатрешните структури на клубот, на Работнички му се предвидуваше мрачна иднина.Единствено Драган Поповски и Ѓоко Стојановски беа оние кои го предводеа клубот.
Послем помалку од една недела , како да пукна бомба.Се појавија некои 'холанѓани' кои сакале да го превземаат Работнички.Ова и тоа како ме израдува.Бев пресреќен.Пишуваше дека се работело за некоја голема инвестиција со големи намери.Од тој момент работите одеа се на подобро.Бобан Бабунски дојде како тренер.Работнички потпиша со сега веќе бившиот капитен на Победа, Аце Крстевски(ЅВЕР),Рок Итуа,Кристијан Наумовски,Ардијан Нухију,Туневски итн.Останаа Аксентиев,Лазаревски,Османи,Лукмон,Шабани и Михајловиќ.
Брзо се создаде тим, тим кој не беше воигран ,тим кој за помалку од 2 недели го чекаше натпревар во квалификации на ЛШ .И покрај понудите од Трифун за играчка помош,Работнички се реши да настапи со свој тип.Одличен потег , јас искрено не би ни навивал за тимот кој потоа би играл во Вардар.
Потпишаа Секуловски,Димче Ристевски,Муарем,Љамчевски.Се создаде солиден тим кој за жал едноставно не можеше да биде воигран за толку брзо време.
15,август, 1 коло,Интер Баку,Азербејџан.Земја во која се инвестира ненормално многу во фудбалот.Самите имиња кои настапуваат и работат таму како Ѓорги Христов,Хаџиевски и Шаќири, доволно зборуваат за неа.Ја имав таа можност да ја гледам таа утакмица(за жал преку ТВ) и морам да кажам дек бев запрепастен.Тотална невоиграност.Играчот на натпреварот,Лукман спаси 3 чисти шанси за гол, а Работнички не упати ниту еден сериозен удар кон противничкиот гол.Работнички (се уште не знам како) извади 0-0.Супер резултат, но игра од кој не можеше да се очекува ништо.Дојде следната недела,Работнички на Градски.Играчите играа одлично.Постигнавме гол, но заради една грешка не го видовме 2 коло и Партизан во него.
Почна сезоната.За Работнички потпишаа и Кировски и Фиљо.Клубот редеше нерешени.Не пропуштив ниту еден натпревар на почетокот на сезоната.Работнички играше лошо мора да се признае.Сеуште играчите не беа воиграни.Сеуште недостасуваше реализацијата, и сеуште се правеа грешки во одбраната и се примаа евтини голови.Напредок,МакедонијаЃП,Силекс,Турново,Пелистер беа екипите со кој Работнички не можеше да победи.Можеби и пропуштив некоја но ќе ми опростите.
Дојде Металург на домашен терен.Работнички на овој натпревар беше најконкретен.Металург многу ретко се приближуваше до голот.Се играше 90 минута, сите веќе прифативме дека ова ќе биде повторно реми, Металург направи контра и од мртов агол,Работнички без голман близу голот,Металург ја погоди стативата.Речиси бевме среќни што не бевме поразени.Веќе сите излишани ,со измешани чуства, направен беше фаул врз Филљо.Од околу 25 метри, Баже Илијовски од слободен удар.Прекрасен погодок.За мене и навивачите на источната трибина тоа беше момент кој долго ќе се памти.По толку натпрвари без победа.Гол на кој му дадов значење блиску до оној против Болтон.:pusk:
Следуваше купот против Локомотива .Работнички со 2 гола на Илијоски влезе во 1/8 финалето.Интересен натпревар на кој буквално се смрзнав.
Потоа на домашен со Победа.Водевме со 1-0, Победа направи пресврт, па потоа Милошевиќ со удра од 35 метри израмни на 2-2.
Бевме слободни па за тоа време за Работнички потпишаа и големи имиња во нашиов фудбал.Савиќ,Мојсов,Перендија,Бојовиќ,Јорде,Фабио итн.
Па не чекаше натпревар на полусезоната.Вардар.Не дека го мразам клубов, но сакав ОСВЕТА.Освета затоа што безмилсоно го оставија Работнички.Заради лопатите,косилките,топките ,17 играчи ,тренерите,младинците.Заради фамилијата Костовски.
Тоа беше прекрасен натпревар, барем за мене.Играчиве играа со срце и желба да се докажат, дел заради инает,дел заради тоа што го сакаа клубот.Работнички поведе по убава акција на Карлос,Мојсов и Савиќ.Тоа беше невидена радост.Но се соземавме, ние навивачите.Ни текна дека на Работнички сеуште му треба подршка за победа.Почна второ полувреме,веднаш гол на Кировски и 2-0.Конечен резултат.Радост, огромна радост , неопислива.Да си дел од тие навивачи што толку го сакаат клубот, да ја споделиш радоста со нив.Се беше феноменално.
Паднаа во вода косилките,фудблаерите,лопатите,топките и се што си земаа.Победи фудбалот, и чесноста.
Фудблаерите сеуште во делириум подмалку и заборавија да се соземат па во Охрид загубија од Ренова со 1-0.Следеше неверојатна победа над Милано со 4-0.Веројатно заради разочарноста на фудблаерите на Милано поради амсењето на нивниот газда Сејдиу.Во меѓувреме Работнички влезе во 1/4 финале во купот .Најпрвин во Сушица Романтичарите одиграа 1-1 па следната недела на домашен терен со 1-0 обезбедија пласман.
Во меѓувреме Работнички го напуштија Велковски,Нухију и Михајловиќ.
Изненадувачки , неколку дена послем пласманот Напредок извади нерешено на Градски.Нивните фудбалери пожртвувано и заслужено стигнаа до , за нив драгоцен бод.Работнички одигра слабо и незаслужи да победи.
Следуваше пораз од Ѓорче на Кокта.Можеби и очекувано знаејќи ја формата на Македонија и квалитетот на нивниот тим .Работнички тука загуби 2-0.
Послем оваа победа ,Работнички почна да ГАЗИ,
Во следното коло со Хоризонт Турново.Работнички победи со голема предност од 4-1.Потоа, лесна победа на домашен терен со 3-0 над Пелистер.
Неколку дена потоа ,Работнички играше во купот против Ренова во Охрид.Таму извадија 0-0, поволен резлутат , но сигурно не и влез во 1/2.
Следните денови, поразен беше Металург на домашен терен со рутински 1-0, за на последниот лигашки натпревар на Градски за 2008, во одлична игра во второто полувреме, Работнички победи со 3-0 над Силекс.
Минатава среда обезбедивме пласман во купот преку Ренова.Одличен натпревар,пожртвувана игра и заслужен пласман во купот!
Играчите:
Голмани:
-Кристијан Наумовски:имаше одлични интервенции , само 1 кикс.Млад е , но многу талентиран.Мајсотре, знај дека со тебе сме!
-Јорде Георгиевски:одлично бранеше/брани.Навистина супер голман
Одбрана:
-Диме Лазаревски-Рибар:На половина од полусезоната се повреди.Се до повредата играше одлично и немаше киксови.
-Аце Крстевски:Повеќе од солиден.
-Лукмон:Играше,па беше суспендиран, па пак играше...дефинитивно е класа за оваа лига.
-Димовски-Гец:Не сум премногу задоволен од него, очекував повеќе.
Секуловски:Неконстантен.Може да си оди.
-Перендија:Во воздушните дуели неприкословен.Послаба страна му се дуелите 1-1.
-Бојовиќ:Солиден
Среден Ред:
-Благоја Љамчевски:Не покажа кој знае што, но едноставно верувам во фудблаеров, верувам дека може да биде еден од најдобрите.
-Итуа:Кретен!Што повеќе да се каже.Голот на Интер беше примен токму по негова грешка.А затоа колку ги направи во цела полусезона несакам да коментирам.ОДИ СИ!
-Минас Османи:Бев пресреќен бидејќи остана, но сепак не е во најдобра форма.
-Туневски:Секогаш борбен,врши голема работа за одбраната.
-Аксентиев:Штета, кога почна да игра феноменално се повреди.Уште 3 месеци ќе паузира, па потоа ќе биде дефинитивно тешко да се врати во добра форма, барем за подолго време.
-Фиљо:Не знам што да кажам за овој.Цела утакмица се влече, се праи ѕвезда, но само еден потег му треба и ја решава утакмицата.
-Мојсов:Дојде на половина од полусезоната.Одигра неколку натпревари, прекрасен шут и пас.Тоа што го одигра беше повеќе од одлично.
-Р.Карлос:Со овој добивме само во реториката во тимот.Не е ништо повеќе од просечен фудбалери.
Напад:
-Кировски:Заби 8 гола.Откога дојде Савиќ игра одлично.Сакам да остане и после зимово.
-Савиќ:Одличен.Со него добивме свежина во играта.Знае да забие гол и да направи акција.
-Илијовски:Ме разочара брат.Ти ми беше идол, но остана само на тоа.Постигна 3 гола од кој 2 на второлигаш во купот.Сега отиде во Металург кај Ѓоре.Со среќа.
-Нухију:Толку многу те почитувам што не сакам да пишам лош збор за тебе.Си отиде во Металург.Со среќа.
-Велковски:И за овој талентов исто.Чао!
За Работнички засега потпишаа Иди Баба, поранешен млад репрезентативец на Гана и Сашко Пандев,брат на Горан.Има шпекулции за заминувања но ништо конкретно.
Постов го пишував повеќе од 1 саат.Оние вистинските љубители на фудбалот сигурно би го прочитале , да увидат каква полусезона имаше овој клуб.Како почна, а како е сега.3-ово место само го сонував во јуни, а сега амбициите се поголеми и од него!