За 2 дена почнува лигата, полека полека се склопи екипа која мислам дека ќе игра за висок пласман во лигата. Од засилувањата горе долу сум задоволен иако мислам дека некој играчи шо се донесоја се промашени, ама сепак заличивме на еден ВИСТИНСКИ ПЕЛИСТЕР кој каков шо му треба на Битола !
Со овој ростер шо го имаме се зголеми конкуренцијата на играчите кој ќе се борат за првиот тим, па според мене најдобро ќе биди оваа сезона да си играме со формација 4-4-2 или 4-3-1-2
-------------------Пашовски--------
---Китановски---М.Степановски--Драгарски---К.Степановси
---Елмазовски (?)---Христов----Мојсов-----Миленковски
--------Марковски-----Жуниор
Добивме искусен, добар, проверен голман, изнинатите 2 сезони имаше одлични партии во Напредок, тоа го покажа и на пријателските утакмици каде бранеше одлично, Китановски е незаменлив на неговата позиција, само почна киксој да прај шо е малку арогантен, не е стрплив и сака одма да возврати во некој стартој, па така на две пријателски доби и црвен картон, треба малку да се смири оти многу лесно можи да го исклучат. Друга варијанта е тоа што мислам дека Брдаровски 99% ќе дојди во Пелистер, па така на десен бек ќе оди Владица, а тогаш Томе ќе оди понапред на десно крило...
Менде Степановски е паднат во формата, не е тој Менде шо играше во Пелистер пред 3-4 сезони, премногу е бавен исто како и брат му, на контра можи секој играч да ги претрча, ама пак за прекини, во воздушен дуел се КИНЕСКИ ЅИД нема маж шо ќе ги помини

Така да искрено јас тука шанса пред Менде би му дал на Лескароски, ама со оглед на тоа што сите пријателски Менде ги изигра пред Лескаро веќе сигурно е 100% дека Менде ќе игра пред него...
Драгарски е ѕвер за во одбрана, немам зборој за дечкото, еден од подобрите штопери во лигата !
Кире Степановски таа си е негова позиција и не гледам, друг играч од Пелистер кој би го заменил на лев бек! Искрено ќе кажам дека Кире е во подобра форма од брат му
Средина......ее тука реков пред некое време дека средината ни е најслаб ред во екипата и одеднаш се донесоја 100 играчи во средниот ред. Па така ќе има ротации на секој натпревар...
За десно крило искрено незнам кој играч би играл, Елмазовски како искусен играч би бркал работа, но на толку играчи мислам го губи местото и тој, па како шо кажав погоре ако дојди Владица тогаш Томе ќе си игра крило....
Христов детето е ѕвер искрено најмногу ми се бендиса неговата игра, многу е борбен, не е многу висок, се бори како лав, стил на Гатузо има
За Мојсов не ме бендисва многу како играч и тој е еден од промашените шо дојде во Пелистер, но највероватно ќе игра прва постава, а тука треба да пробат и со Демиќ како шо гледав на клипот тој е играч шо знај топката да ја пренеси на напаѓачите, има одличен осет и точни додавања тоа што ни требаше во екипата !!!

И Миленковски на лево крило, детето е огромен потенцијал, брз, дриблер, еве на пријателските постигна и 2 гола, од ко беа тренери Михајлов и Здравков како да го изоставија детето, од ко се врати како привремен Димов повторно го уфрли во првиот тим и се надевам дека и Бочевски ќе го игра во првите 11. Криво ќе ми биди ако го изгубиме овај играч....
И во нападо Марковски и Жуниор, Чаки е техничар, има брзина, само да не се себичи то е негивиот проблем, иначе оваа ќе биди негова сезона! И затоа мислам дека треба да биди пред Алтипармаковски (безвеза го зедоја и овај) нема играно фудбал 2 сезони, ојде во Ксанти го немаше ни во резервите, така да е во 00000 форма, џабе само го форсират, го гледав со Победа искрено НЕЗНАЈ КАЈ ТЕРА !
Поарно ќе изиграше некој 15годишен од него!
Жуниор ќе си гази, огромен талент, брзина, дриблер, за џабе не е најплатен играч во лигата, немам збор за него!
Откако ќе се врати Главевски тој и Жуниор ќе бидат прва.
Многу играчи се собраја, па сега голем дел ќе бидат испуштени на позајмица , а доколку Бочевски се одлучи за поофанзивна формација и ако го форсира Мацата тогаш 4-3-1-2 ќе биди најдобро, Чаки да го игра како полушпиц или Жуниор.
Иначе разбрав дека за на полусезона бил договорен некој нов играч средина играл од Србија, ќе дојди за паузата шо е од Јануари.
Со ова екипа мислам дека имаме шанси за титула, сега или никогаш !!! Лигата не е нешто сјајна, Вардар е послаб од лани, Металург просечен, Работнички не е нешто посебен, Ренова слаба, Шкендија ги испродај сите играчи, ама сега со новиот спонзор гледам имаат големи амбиции, така да тие можи проблеми да прат...
Ама сепак мислам дека ќе бидиме во првите 3 екипи заедно со Вардар и Шкендија. Ама титулата ќе биди меѓи нас и Вардар
Добро е шо и Пелистерка влезе во клубот, доста беше спонзорирање на скопските клубој, па сега на крајот во финалето и на дресот на Тетекс стоеше Пелистерка

Дресојте

искрено не ми се бендисват ич, можеа подобар дизајн да напрат, ама не е битен дресот, битни се резулатите
За в недела со Еуромилк, мислам дека ќе пукни ПЕТАРДА !
