Е то шо велиш се обидваше Чаки,ама не го бива,лошо се изразив,во секој случај јас ако би имал збор тој прв добива шут карта...
Околу засилвања факт е дека ни фали стабилен стопер да игра покрај Вељановски,си го имавме Степановски па го испуштивме,Томе нека го вратат лево ми се чини поќе можи да придонеси,десно нека го играт Бабата.
Средината ни е катастрофа според мене,везните играчи од корен би ги сменал,колку да не речат дека без аргумент сум,доволно е да се види колку некреативно игра Пелистер,сегашниве играчи шо се на та позиција исклучиво ко резерви би ги играл...
На крилата лево со Лапачо и Фиката можат да се покриват,десно ке фали играч кој ке можи да избуши,да претрча противнички играч,а моментално таму неаме адекватен играч.
На полушпиц бевме прилично океј со Врпачето се дур не беше добитен со Ренова,после чоеко исчезна,демек повреден курци,палци,па денес најслаб можи да се речи,топката од нозе му бега,а кај него би требало да е најсигурна.
И нападо за крај Главето не дека е лош,ваљда нема ни желба за играње,ама реално со онаква средина таков тип на играч неможиш да очекваш да ја земи сам топката од центар,да издриибла и да клај гол,него треба да му ја дат во шеснаесетник па после да стрела.Фали квалитетен напаѓач то е факт,моја желба назима да го видам или Бујче или Лазе Илиев во нападо,сигурно ке добиеме на разноврсност.
Него за казната,ко можеа на Вардар да му дат само 2утакмици неиграње пред публика за влегвање на 500-600 навивачи во терено,колку да има реципроцитет нас нека не казнат со 15минути играње пред празни трибини,фер би делувала та одлука
