И СЛЕДНАТА СЕЗОНА БИТОЛА ЌЕ ГЛЕДА ПРВОЛИГАШКИ ФУДБАЛ, ОТКАКО НИВНИОТ ОМИЛЕН ТИМ СЛАВЕШЕ ВО БАРАЖОТ
Пелистер преживеа!!!
* Главевски и Димитровски "творци" на големиот триумф. Обезбедена нова прволигашка "виза"
ПЕЛИСТЕР - ШКЕНДИЈА 3:0 (0:0)
ПЕЛИСТЕР:
Ников 3
М. Петковски 2.5
Мицевски 2
Јандриќ 3
Ристевски 2.5
Пресилски 3
(86' Вељановски /)
Спировски 3
(90' Стисниовски /)
Н. Петковски 2.5
Рутевски 3.5
(78' Деловски /)
Димитровски 3
Главевски 3.5
ШКЕНДИЈА:
1.5 Мифтари
1.5 Салаи
1.5 Алиевски
1.5 Билбиловски
1.5 Димов
/ Селими
(1.5 Идризи 10')
1.5 Елмазовски
1.5 Хасани
1.5 Нухију
(/ Клечкароски 86')
1.5 Хасан
1.5 Усеини
(/ Тодоровски 80')
од записникот:
Стадион: "Младост" во Струмица. Гледачи: 2.500.
Главен судија: Владимир Кипријановски. Помошници: Александар Величковиќ и Тони Стојановски (сите од Скопје).
Делегат: Зејди Салију (Гостивар).
Стрелци: Главевски 64', 68', Димитровски 85'
Ж. Картони: Јандриќ, Димитровски (П) - Усеини (Ш)
Играч на натпреварот: Благојче Главевски.
СТАТИСТИКА
ПЕЛИСТЕР ШКЕНДИЈА
5 корнери /
9/5 удари/во 7/2
15 прекршоци 13
2 офсајди 2
2 ж. картони 1
Прекрасна атмосфера, одлична публика, борба на зелениот терен, три гола и победа на Пелистер... Битола и следната сезона ќе гледа елитен фудбал откако нивниот омилен тим стигна до триумфот над Шкендија во баражот одигран во саботата во Струмица.
Иако победата е висока, "зелените" до неа стигнаа со многу мака, со многу поминати километри на теренот и со многу пот... Шкендија во првиот дел беше таа која имаше прилики да поведе и да биде на чекор до Првата лига, меѓутоа момците во црвено не ги искористија шансите во првото полувреме. Пелистер имаше само една шанса преку Димитровски да дојде до водство, но мрежите мируваа во првите 45. минути.
Сосема поинакви фудбалери во "зелени" дресови излегова во второто полувреме. Алексо Мацков очигледно успеал да им го симне психолошкиот товар на фудбалерите на полувремето, па така во вторите 45. минути играше само една екипа - Пелистер!!! Не му дозволија на противникот да дојде до голот на Ников, а на спротивната страна го имаа феноменалниот Благојче Главевски кој се разбуди во вториот дел. Се играше 64. минута кога Рутески шутираше од далечина а несигурноста на голманот Мифтари во гол ја крунисува Главевски кој носи "делириум" кај битолската публика и неверување меѓу фановите на Шкендија. Видно беше дека по погодокот лесно ќе се игра, па така на Главевски му беа потребни само четири минути за да го постигне и вториот гол откако го искористи нафрлувањето од десно и со силен удар од десетина метри го носи својот тим кон сигурно водство и на чекор до обезбедување нов прволигашки статус. Тетовци се закнуваа со удари од прекини, се обидоа да се вратат во мечот, но сите нивни надежи "згаснаа" во 85. минута кога Димитровски со глава ја тресе мрежата на Шкендија, и дефинитивно обезбедувајќи победа во овој бараж и Прва лига следната сезона. Тетовскиот тим и покрај големата желба, не успеа да се врати во "елитата". Нивното неискуство е главниот проблем, особено што овој тим покрај тоа што во своите редови ги има Нухију, Идризи, Селими, Димов, Елмазовски, сепак има и фудбалери кои се виде дека не можат да го понесат товарот на ваквите тешки натпревари. Дополнителен проблем на овој меч за Шкендија беше и повредата на капитенот Селими уште во првите минути од средбата. Од друга страна Пелистер токму во најважниот натпревар одигра одлично второ полувреме и дојде до триумфот кој го прослави со своите верни навивачи кои се радуваа на новата прволигашка "виза" и во следната сезона.
Г. Бошев
"Чкембарите" не ги заборавија Димов, Пашовски... Најверните навивачи на Пелистер, "Чкембарите" не заборавија да ги "нападнат" Миле Димов и Горан Пашовски, битолчани кои сега настапуваат во Шкендија. Па така со погрдни зборови му се обратија најпрво на голманот Пашовски а потоа и на поранешниот капитен на "зелените" Миле Димов. Не можат да се помират со фактот дека овие двајца сега се дел од тетовци, а битолските фанови на овој натпревар ја имаа помошта и од "Ајдуците", навивачката група на Беласица.