ТВ ТЕРА објава
Кога играорец и објаснува на новинарка што е фудбал
Битола, градот кој со генерации го живее фудбалот, деновиве слушна нешто што совршено ја опишува состојбата во која се наоѓа ФК Пелистер.
На прашање поставено од нашата новинарка Дивна Грданова Караџовска, претседателот на клубот Александар Стефановски видливо вознемирен од одговорноста што јавноста ја бара од него одговори со реченица која сама по себе ќе влезе во локалната спортска историја:
„Ти си новинар што следи култура! Немам потреба да снимам одговор на реакциите на навивачите.“
Иронијата е повеќе од очигледна. Човек кој е играорец, а не фудбалски работник, ѝ објаснува на новинарка дека таа не разбира од фудбал.
Во нормална средина, оваа изјава би звучела како шега, но во ФК „Пелистер“ таа станува симбол на целата ароганција и отсуство на одговорност што го дават клубот со години.
Додека клубот тоне во резултатска и организациска криза, наместо анализа, план и транспарентност, од челните луѓе слушаме само навредливи реплики кон новинари и молк кон јавноста. А јавноста, да потсетиме, не прашува од љубопитност туку од љубов кон клубот што некогаш беше гордост на градот.
Пелистер денес не губи само натпревари. Губи идентитет, кредибилитет и достоинство. И ако претседателот навистина мисли дека е потребна диплома по фудбал за да се забележи дека клубот пропаѓа, тогаш можеби најголемата вистина е дека фудбалот одамна го разбра Битола, само раководството не го разбира.
Повеќе во Актуел на Тера телевизија во 16:55 и 20:55 часот
www.tera.mk
#терателевизија #твтера
@Deksi да се јави на главна каса. И ТЕРА почна да објавува покритичби текстови од
@Deksi. DEKSI го продаде куќата.