Фан Клуб: Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата јас
  • Време на започнување Време на започнување
Се земат прво домашни играчи, т.е. тиe шо можиш да ги земиш и да се сметаат за засилување. После се гледа колку пари остануват во буџетот и се пристапува кон носење на странци, тако звани играчи од јутјуб. На 10 странци, еден ако погодиш си на коњ. Не знам шо замислувате, демек ако донесиме по секоја цена странци кој знај шо сме напраиле. Прво домашните засилувања, колку толку тренерот знај шо да очекува од нив. Па на дефицитарните позици ќе се оди со странци. Преговорите за странски играчи се малку покомплицирани, како и шо спомнав претходно, не се преговарат само платите, туку и минути, кој колку ќе покрива од платата итн. Да не се прајме будали, се знај кој тип на странци как нас идат.

Ќе има уште 2/3 домашни засилувања и ќе има и СТРАНЦИ, ќумбиња ќе гледаме, да не берите гајле.

А да, околу битолските ДЕЦА....ептен го сакат Пелистер, само то да знајте. Само шо Митко, Тони и Ванчо не ги барат иначе, ооооо како чекат повик, одма ќе се вратат. Ама то е, легендите не ги бива.
 
Овие не се засилувања, можи да се кажи дека се на ниво на најдобрите ихрачи шо ги имаме од лани во втора лига. Ќе фигурират како бројка, да се речи дека еве донесовме нови играчи ама квалитетот на екипата нема да сњ подигни.
Ако не донесат 4-5 странци, ни баражот за опстанок не е реална опција со моменталниот состав.
од ланските фудбалери кој мислиш дека можи да игра прва лига ?
 
од ланските фудбалери кој мислиш дека можи да игра прва лига ?
Илче и Андреј голманите, Бале љамче можи да биди од помош, Размоски, Марио Наумоски, Мики Талевски, Спиркоски, Христов...
 
Шо играчи се овие бе....
Од старт ме демантират, Кире Ристевски, Калановски, Трапановски враце му беа проверени играчи....вака кузнај како да речи чоек, уште Спировски да го пропуштат и џабе ќе стартуваме. Ајде нека дојди понеделник ќе кажат на кои играчи ќе сметаат, а со кои ќе се надополни, мора посериозно , секако не можиме 10 странци да земиме, ама и то шо е на тацна од нашите мора да се искористи.....
 
Ako mozat Gudiabi da go vratat,deckoto rasturi edna polusezona
 
Неможам да се изначитам бе за тие “странци” шо толку многу ги барате. Добро бе.. мислите дека толку многу подобри се тие странци од нашите само бидејќи имаат титула на “странец”?! Подобри се само во земвање на поголеми плати од нашите и да ги омаловажват на нашите и после да ги пцуеме дека ни ги земват само парите општински и дека нашите играчи не играат поради нив.
Странци да погодиш само во јаките клубови можи, а овде кај нас со овие буџетчина само пари потрошени во неповрат на вакви фолиранти од свирипи*ино.
Ако нема пари клубот и Марсовец да симниме џабе ни е се.
Туку проблемот е шо дури и наши неможиме да донесиме како шо треба и овие новата тројка немам коментар.. освен овој Серафимовски другите двајца само онака да има да се објави дека купиле во количина и демек многу се работи на купвање..
Не ми е јасно по кој критериуми земват играчи спортскио и управата и дали воопшто имат критериуми оти гледам од 30 засилувања во последните две години околу 3/5 се погодени преку сила
 
за оваа лига се потребни млади деца кои можат да издржат јаки припреми,резултатите сами ќе дојдат(сигурно целта ќе виде опстанок во лигата)

странец кој ќе дели од екипата по квалитет и ќе решава текми со гол или асистенција и те како ќе биде потребен........такви играчи нема во селскава лига за иљач
 

Браво за детето шо сам и волонтерски му ја одржува страната но сто пати е зборано дај бе луѓе клајте едно пано во новата трибина нека има таму сликање шо е ова по ниви сликани колку ради реда нека се спремат соблекувалните да се почни таму со тренинзи и утакмици од оваа сезона а не во тој гулабарникот на страна трибина плус утре не знам кај ќе биди прозивката кога на големо се спрема стадионот отворање на рефлекторите за концерт ние ќе бидиме првиот стадион во светото шо нема да се отвори со утакмица туку со културно лето шо значи пет дена ќе треба да тренираат и почнат со тренинзи и прозивка на ливадата до стадион а во најдобар случај да се оди до Кравари за тренинг и за џабе прва лига ко пак ништо не е подобрено шо го збораме уназад со години ете од концертот нека остат некој монитор па со себапот да имаме и семафор нека кажат конечно на кој сметаат а кој ќе ги пуштат да си одат ,нека се напрај нов дизајн на дрес да почни да се продава уште од утре на суво и во можност со сезонска карта а не да идат од страна да купуваат од пазар нека клат реклами околу да заличи стадионот со некој циради да се клат циради или исфарба зад голој она на ништо не личи уште со срчите од шишиња на ѕидот од 90та само тополите фалат со време нека прашаат за ВАР системот шо треба кој го планира ффм да го воведи а не после ќе почниме и ќе помини цела полусезона дури ја средат работата реков за соблекувалните мора да се преместат на новата трибина да личиме на клуб а таму да се обезбеди место за фаншоп за дресојте плус други реквизити па после праќаш инспекција да нема низ пазар а се знај во фаншопот треба да има се а не само дрес и плус да се можи онлајн да се купува ако не ич нека нема па барем да има од пазар нешто да се купи ко не можат овие ништо да спроведат исто така канцеларија да има таму а не како до сега на приватна адреса да се води клубот или на адреса од општината а канцеларија на трето место за играчи да не зборам од ко знам се праеше план кафана да има на трибина за таму да има и ручек за играчите се да биди тука едино за смештај ќе треба на друго место оти нема предвидено освем една карпа за качување кај урнатините од боксерите и тоа нека се турни еднаш за секогаш да се напрај како шо треба или нека нема ништо она е резил за градот дваесет и кусур години шо на сред парк е така оставено исто за терените кај авионите е зборано да се почни нешто таму да не одиме по селата да се тренира или на стадион да се копа за старата трибина е пишано исто сто пати да се предаде прокетот во ффм и владата да се напрај нешто тро нашминка заличи цел стадион
За играчите ако се земаат од страна за кој треба плус стан треба да бидат засилувања и по квалитетни од тие сега шо ги имаме да донесат на квалитет а не само земај ради реда и нема оправдање за спортскиот и управата не сакале нашите да се вратат во Пелистер дај му пари ќе дојдат еве поминаа четири преодни рока се научија си велам до сега но има уште време па да не зборам пред време прво да видиме утре шо ќе кажат кој останува и после кој ќе земат но факт дека фалат уште пет играчи да бидиме конкурентни во прва лига а најважното за крај се ќе биди џабе ако нес е напрај инфраструктура шо збораме за терените шо че останат но уште по важно за годинава и следните неколку е буџетот односно наоѓање на генерален спонзор или повеќе спонзори дали со акции дали давање на една фирма или повеќе а најубо по примерот на ракометната платформа и мирна глата оти вака се ќе биди џабе без приватник да земи извади пари од џебот и напрај нешто плус за клубот маркетинг и се околу него оти вака да се добие прво амин од општина па да оди на совет па таму да се гласа и дури се помини ќе заврши сезоната !

Sent from my SM-S901B using Tapatalk
 
нека се спремат соблекувалните да се почни таму со тренинзи и утакмици од оваа сезона а не во тој гулабарникот
Подтрибинскиот простор на новата трибина треба да биди преправан. Има грешка некоја и капи во одредени простори.

на големо се спрема стадионот отворање на рефлекторите за концерт ние ќе бидиме првиот стадион во светото шо нема да се отвори со утакмица туку со културно лето
Како бе Горан отворање на стадионо со културно лето??? Три од четри трибини фалат на стадионот, какво е то отворање на стадион шо не постој? Ако мислиш на трибината, веќе е отворена. Ако мислиш на рефлектори, не знам шо бараш проблем кај шо нема. Прв пат слушам, отворање на рефлектори.
не сакале нашите да се вратат во Пелистер дај му пари ќе дојдат
НЕ САКАТ ДА ДОЈДАТ! Ф А К Т, не заслужват некој имиња тука шо се "величат" да му се дозволи влез на стадион а не дрес на Пелистер да клат ради нивното понашање.
 
НЕ САКАТ ДА ДОЈДАТ! Ф А К Т, не заслужват некој имиња тука шо се "величат" да му се дозволи влез на стадион а не дрес на Пелистер да клат ради нивното понашање.
А зошто не сакат да дојдат дека го мразат клубот ???
Се знај зошто не сакат
1. Пари
2. Амбиции на клубот
3. Управа
Нека искешират нека напрат тим со амбиции за Европа ќе дојдат .
 
А зошто не сакат да дојдат дека го мразат клубот ???
Се знај зошто не сакат
1. Пари
2. Амбиции на клубот
3. Управа
Нека искешират нека напрат тим со амбиции за Европа ќе дојдат .
Ради почит од кај шо црпам детали нема да споделам имиња. Со некој фудбалерчина и битолски деца вака нешто одат преговорите:
Му праќа Пелистер понуда, ете отворено ќе кажам, абе рано е да збораме за цифри чекам да видам во вардар шо ќе биди. Ова е НАЈБОЛНОТО, не сака да слушни понуда чекале во најомразениот тим шо ќе биди, зборајми за битолските деца.
Втор случај, океј е платата ама од косово абер чекам.
Трет случај, колку бараш. 7.000 евра, за дома ете и на 6.000 некако да се договориме. Нормално, не одговарат овие суми моментално, истиот се договара за 1.500 евра помала плата од последната која би ја прифатил да игра во Пелистер. Иако и таа е висока за Пелистер, ама не ни влегват во пазар.
Спомна Пецката на тацна ни бил Трапановски, дааалеееккуууу од реалност. Трапано потпиша за Данди јун. во Шкотска да игра и без пари ќе одеше, Пелистер не ти иди.
Не се мачете со тие неколу битолски имиња шо вредат, ви кажвам, со чест на исклучоци, се друго е невредно да се помисли а не да му се понуди.

Да бевме и ние со милионски буџет, нормално ќе дојдеа некој од нив. Професионалци, платеници како сакате наречете ги. Ама нема да дојдат, демек деца од Битола па од шо го сакат Пелистер идат. Зато велам, толку квичење за "нашите" деца е глупост. Одат за пари, толкуу! Согласно буџетот го прајме и составот, не е тешко да се разбери то. А за желби, да бевме вака, да имавме онакви амбици, да имавме толку пари...НЕМАМЕ, реалноста е таа која шо е.
 
Ради почит од кај шо црпам детали нема да споделам имиња. Со некој фудбалерчина и битолски деца вака нешто одат преговорите:
Му праќа Пелистер понуда, ете отворено ќе кажам, абе рано е да збораме за цифри чекам да видам во вардар шо ќе биди. Ова е НАЈБОЛНОТО, не сака да слушни понуда чекале во најомразениот тим шо ќе биди, зборајми за битолските деца.
Втор случај, океј е платата ама од косово абер чекам.
Трет случај, колку бараш. 7.000 евра, за дома ете и на 6.000 некако да се договориме. Нормално, не одговарат овие суми моментално, истиот се договара за 1.500 евра помала плата од последната која би ја прифатил да игра во Пелистер. Иако и таа е висока за Пелистер, ама не ни влегват во пазар.
Спомна Пецката на тацна ни бил Трапановски, дааалеееккуууу од реалност. Трапано потпиша за Данди јун. во Шкотска да игра и без пари ќе одеше, Пелистер не ти иди.
Не се мачете со тие неколу битолски имиња шо вредат, ви кажвам, со чест на исклучоци, се друго е невредно да се помисли а не да му се понуди.
Па то е то , парите и амбициите на клубот .

Јас да сум не ги ни викам , за успешен колектив треба сами да ти се нудат играчите (барем овие кои ги дискутиравме).

За овие пари колку што сега нуди Пелистер има играчи Африканци , бразилци , средна Америка и слично , арно ама некој треба да преговара со нивни менаџери , да договори услови минутажа итн.
Значи не треба барање играчи на YouTube треба да најдат канал за носење странци .

Реално тоа што вреди од мак играчи ( на прсти се бројат ) се околу и над 5К месечно и плата плус премии , плус за потпис на договори.

Знаеш оние двата играчите во Тиквеш шо ги зедоа лани за колку пари играа ? Сега незнам како се , епа со три цифри е сумата.
Така да нема некој да ме убеди дека нема да се најдат странци играчи .
На времето Бутле без нет ги носеше преку еден канал па сите се погодија , а тек сега во 2024 та.
Бразилци од четврта лига таму се подобри од 90 од нашите тука .
Ако немат канали нека стапат во контакт со бразилци шо играа тука тие ќе му најдат.

Нека барат позајмици од клубот од соседството , нека прат нешто место да кажат тие се амбициите т.е. по статусите читаме шо кажват.

Така да место да бркат тие 7-8 души наши , нека земат странци и решен проблем.

п.с. Пандев и Брера во Африка се барат играчи на лице место , нашите барат по кафани на трач муабети

Инаку не Вардар да имат абер од Гостивар, Тиквеш , Струга , Шкендија попрво ќе заминат таму отколку "нашите " да се вратат назад , и така ќе биди се дури сме нестабилна фудбалска средина.
 
Тие шо чекат шо ќе биди во некој друг клуб сите ги знајме кој се и не треба да се троши со нив муабет. За нив вратата во Пелистер треба да биди ТРАЈНО затворена.
За другите шо си имаат математики за надвор, ги разбирам и ги почитувам и јас да сум на нивно место не би дошол ко ќе видам кој се во управа на клубот и какви амбиции имат.
Дресот бланко е три сезони со ред од ко се влезени во клубот а то е податок шо треба да го знајме сите и не треба поќе да очекуваме ништо од нив.
Нас ни е местото во втора лига и не треба да помислуваме за назад во прва се дури не се продај клубот на некој бизнисмен а нема да се продај ни дури е ова власт, пошо ко ќе видиш кој сурати од Битола се министри во Скопје ќе ти стани јасно дека тие не се кадарни да излобират една чешма да се напрај во Битола а не камоли да притиснат за спонзори во Пелистер.
Ќе си зеј празен стадионо и ова сезона за жал и полека ќе не снема од фудбалската мапа.
Да прашаш дете шо е родено во пред 10-15 години, нема никаква припадност кон клубот, не ни знај во која лига игра и шо значи ФК Пелистер за овај град.
За то се криви сите фудбалски работници од Битола шо се климачи во структурите на ффм и локалните власти (совет, градоначалници) шо не успеаја да го вратат клубот од мртвите.

Незнам дали вреди да се доврши тој проект под тумбе кафе со стадионот... Попаметно е тие пари да се пренаменат во нова спортска сала и ќе имаме поголем бенефит како град. Неколку екипи под името Пелистер ќе ќарат со нова сала а вака стадионот ќе зеј празен за да игра Пелистер со Дедебалци во пониските лиги.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom