Со изградбата на новата трибини, како и со поставувањето на рефлекторите битолскиот стадион доби нов лик, но и услови за одигрување на големи натпревари. Токму таков ќе гледаме на почетокот на септември. Имено, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ во „Куќа на...
www.gol.mk
Резултати
You are here
По 25 години репрезентативниот фудбал се враќа во Битола, во септември ќе гостува Италија!
1 час • Горан Упале
Со изградбата на новата трибини, како и со поставувањето на рефлекторите битолскиот стадион доби нов лик, но и услови за одигрување на големи натпревари. Токму таков ќе гледаме на почетокот на септември.
Имено, претседателот на Фудбалската федерација на
Македонија, Масар Омерагиќ во „Куќа на фудбалот” оствари средба со битолските и македонските фудбалски величини, Митко Стојковски, Тони Мицевски, Ванчо Мицевски и Сашо Здравевски.
ffm.jpg
Фудбалските работници разговараа за актуелните фудбалски состојби во Битола и регионот, од развој на младите до гордоста на Битола, ФК Пелистер, се до стадионот како база за младите македонски репрезентации.
На состанокот беше донесена одлука Битола да биде домаќин на македонската селекција до 21 година и тоа на натпревар против светската велесила
Италија.
Натпреварот меѓу
Македонија У21 и
Италија У21 е закажан за на деветти септември. Битола последен пат била домаќин на еден официјален репрезентативен натпревар во далечната 2000 година, кога гостуваше
Азербејџан.