Billa Bong
I love Basketball
- Член од
- 14 август 2006
- Мислења
- 6.590
- Поени од реакции
- 11
Екипата на Свисслион Пелистер направи важен чекор до место во елитната четворка на македонската кошарка, со победата од 90:87 над Вардар Осигурување во натпревар од 8. коло на Космофон Супер лигата. Битолчани губеа со 7 поени на 5 минути до крајот, но направија одлична серија во последната минута, кога, благодарение на 8 поени по ред поведоа со 90:86, што беше доволно за триумфот. Во херој на средбата се претвори Милан Миљковиќ, кој со 25 поени, 6 асистенции и 4 скока беше МВП на средбата.
- Одигравме еден тежок натпревар, Вардар Осигурување беше одличен противник, не водеше скоро во целиот натпревар. Ние направивме пресврт играјќи до 4 ниски играчи, противникот не најде противигра, што беше пресудно за нашата победа. Триумфиравме и со помош на публиката, која не понесе кога беше најпотребно. Со оваа победа сме мошне блиску до место во плејофот. – вели тренерот на Битолчани, Зоран Тодоровиќ.
“Вардарци“ беа подобри во најголемиот дел од средбата, но не најдоа начин да се спротивстават на брзата игра на домашниот тим во финишот, особено откако Карлос Морбан ја напушти играта поради пет лични грешки.
- Игравме добро, за жал во последните две минути не одигравме како што се имавме договорено, и борбената домашна екипа го искористи тоа. Сепак, беше убав натпревар, коректен, без инциденти. Ние ги играме последните две средби на домашен терен, и една победа ќе ни биде доволна да го освоиме 3. место, што е наша цел. – изјави тренерот на Вардар Осигурување, Марјан Лазовски.у пм