Оваа сезона 3 екипи од Битола, КК Пелистер кој игра во суперлигата и во втората лига КК Битола Медика карта, прво ги пишаа КК Пелистер Медика карта, па сеа Битола Медика карта, како и да е, ама тие се втора екипа на КК Пелистер кој игра во суперлигата, играат и со истата гарнитура на дресови зелено/бели.
Незнам од кај испаднаа тие дечки шо се во клубот

Највероватно собраа некој младинци од останатите градови, сега се сега во втора лига имаат одличен старт 2/2 победи.
Тренер на екипата е легендата Мико Голубовиќ, помошник му е некој тренер од Вардар младинците дојде, на центарската позиција Даниел Захариевски најискусен, другите дечки не ги знаам. Има пари сега клубот и пријавија екипа, шо е за респект, треба да се мисли и за во иднина тоа, ова сега му е добро решение, тоа шо има квалитет потаму можи да се промовира и во првиот тим....
И третата екипа е КК Хераклеа, веќе 2-3 сезони се втора лига, лани беа одлични завршија трети, недоволно финансиски средства, слаб буџет ги прави да не влезат во прва лига. Тренер е Зоки таму и имаат екс играчи шо низ времето не добивале шанса во Пелистер.
Исто и тие имаат 2/2 победи на почетокот од сезоната.
Значи во втора лига, прв пат во историјата на кошарката градско дерби во Битола