Фан Клуб: Партизан

  • Креатор на темата Креатор на темата Billa Bong
  • Време на започнување Време на започнување
Честито нека е пласманов, па сега шо и да биде понатаму ќе биде како јаготка на шлагот:):):)
 
По голем пост повторно Партизан ќе може да го видиме во Лигата на Шампионите
 
Браво за ГРОБАРИ и за Партизан.Секоја чест како изборија пласман во ЛШ.Со еден млад и неискусен тим се снајдоа одлично.Сега нека се појачаат ако можат и да гледам уште поубав фудбал од нив.Па ако се паднат со некој атрактивен клуб од Европа,зашто да не отидеме и до Белград да ги гледаме
 
Да останеше Љајиќ, и да имаше подобар голман, мислам дека аспирациите и можностите на Партизан ќе беа далеку поголеми.
Вака, секој резултат е поднослив во ЛШ, важно ептен да не се избрукаат.
 
Е тоа си у право али кој немаат спонзорства како што треба и сопственик некој кој ќе вложи ќе се прави тоа ќе се продаваат добрите играчи затоа неможе да се направи добар балкански тим талентите одат многу млади
 
Честито за победата,можевте и во игра при резултат од 0-2 но тоа е.Поздрав до сите фанови на ПАРТИЗАН.
 
Честитки за пласманот...Клео ЗВЕР!
 
Само опуштено....... за 3.5 милиона евриќа побогати !


Мислам дека ќе земат 7 милиона,ако имаш информација за тоа твоето стави.Јас ќе се потрудам за ова моето.:)

Еве доказ.
U kasu prvaka Srbije sliće se sigurnih 7,1 milion evra, a od ulaznica, TV prava, svega što donosi elita, biće još koji milion više.

http://www.sportal.rs/news.php?id=34148

--- надополнето ---

Абе денес сите за Партизан ама ако дојде омилениот тим кој го ебе хаха,во петок е ждребата пе ке видиме кој ке има највеќе среќа!(се надевам Интер)


Ждрепката е во Четврток од 18:00!!! ПАРТИЗАН е во четвртиот шешир.
 
Da volim crno bele,ponosno kazem svima,volim to slavno ime i divim se samo njima......Ljubav prema klubu ne moze da prestane,dok zivim klicacu njemu volim te PARTIZANEEEE! :vozbud:

Се чувствувам среќен и многу радосен.Уште ме држи атмосферата од вчера.
Прво полувреме игравме добро,кога Клео го даде првиот гол,бев сигурен дека Андерлехт ќе запне,и ќе ги фатиме на контра и ќе им опнеме уште еден.
И тоа се случи во второ полувреме.Кога мислев дека се е готово,тогаш Лукаку даде пацерски гол,на уште по пацерскиот голман Илиќ,маме негово живци ми искина.
Кога направија 2-2,искрено да ви кажам мислев дека ќе ја свртат скроз,и дека шансите за Партизан се никакви.
Како-така завршија првите 90 минути.И после тоа морав да одам,имав неодложливи приватни работи,за жал.
Но,татко ми ме известуваше на телефон за секое продолжение.Кога стигнаа пеналите,осеќав дека ќе се повтори 2003.Решавачкиот пенал за Партизан и татко ми ми вика КРАЈ!
Е,тогаш викав и урлав и ми се чудеа луѓето што поминуваа на улица.Ама не зажалив,зошто во тој момент бев најсреќното копиле на свет!

Тоа е тоа,се надевам дека ќе ни падне лесна група,за да поминеме во 1/8 финале.Со таква публика,игра со срце зошто да не се надеваме на такво нешто.

п.с. Се надевам дека во иднина некој македонски клуб ќе го направи истиов подвиг.
 
Еј луѓе има ли форум за дискусии за ФК Партизан ако може некој да го каже ?
 
Нашите момци мисли на играчите од Партизан,барем јас така тоа го сфаќам.
Иначе не сум србоман,не ги сакам толку србите,не ги сметам за браќа,ама го сакам Партизан,јебига.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom