Ѓорески го напушти Охрид
Само три дена по освојувањето на второто место и обезбедување
на директен пласман во Првата македонска фудбалска лига,
стратегот на “рибарите“ Зоран Ѓорески - Џајо го напушти ФК Охрид.
Ѓорески подолго време не бил задоволен од односите на релација
Управа - тренер - играчи , а кулминирале по вчерашниот меч во
општинскиот фудбалски куп, кој Охрид го загуби од Охрид Лоте со 2-1.
- Заминувам. Различните погледи и визија за развојот на клубот со
Управата ме натераа на ваков потег. На ФК Охрид и на играчите им
посакувам се најдобро во нивните понатамошни кариери, им бла
го-
дарам за што направија за мене и за клубот во оваа година. Сметам
дека направивме огромен успех со пласманот во Првата лига, но
за да функционираат работите онака како што треба потребен е
голем рез и реорганизација. Јас немам сили, а ни желба повторно
да минувам низ оваа голгота - вели Ѓорески, кој како играч наста-
пуваше во Охрид во првата лига, но по се изгледа нема да го води
Охрид низ елитата.
ЕБАТИ УПРАВАТА ЕБАТИ !