Фан Kлуб: Осогово

  • Креатор на темата Креатор на темата Архивист
  • Време на започнување Време на започнување
И ТИВЕРИЈА ФРЛЕНА НА КОЛЕНА

3747o2.jpg
„ОСОГОВО“ - „ТИВЕРИЈА“ 2:0 (0:0)
Кочани. Стадион: „Никола Мантов“. Гледачи-100. Главен судија: Игор Филипов. Помошници: Боне Николовски и Ристе Георгиев (сите од Штип). Стрелци: Велинов 47’ Н.Ѓорѓиев 65’ (Осогово). Жолти картони: Н.Ѓорѓиев (Осогово), Андреев, Кавазов, Ристов (Тиверија).
„ОСОГОВО“ - Данев, Данилов, Велинов, Шуманов, Личев, Н.Ѓорѓиев (В.Коцев), Б.Коцев, Карафилов, Д.Манчовски (Здравков), С.Ѓорѓиев, Д.Ѓорѓиев (Коцевски).
„ТИВЕРИЈА“ – Мишовски, Ничев, Андреев (Јорданов), Кавазов, М.Јованов, Коцев (Андонов), Милушев, Стојанов, С.Јованов, Ристов (Петров), Тасев.

Играчите на лидерот на табелата, Осогово со една рутинирана игра не добра за око ама ефикасна за зголемување на бодовното салдо на колена ја фрлија и инаку денес борбената и добра екипа на Тиверија од Струмица.

Во првиот дел ништо позначајно не се случуваше на зелениот терен, па нашиот нотес остана празен И двете екипи играа неповрзано па за 45 минути не беше упатен ниту еден посериозен шут кон кој и да било од двата голмана. Сепак само што почна второто полувреме домаќините поведоа. Беше досуден слободен удар за „жетварите“ на триесетина метри од голот на Мишовски. Шуманов биеше во живиот ѕид, и додека домаќините бараа игра со рака топката дојде до Велинов кој биеше со левата нога откосо во спротивниот долен агол на немоќниот струмички голман. По само четири минути гостите можеа да го израмнат резултатот, но ударот на Стојанов од дваесетина метри во горниот лев агол, голманот Данев со две интервенции го одбрани.

Осогово во 60 и 63 минута можеше да постигне нов погодок. Најпрвин Н.Ѓорѓиев иако го мина и гостинскиот голман биеше од „мртов агол“ а топката која одеше паралелно со гол линијата немаше кој да ја упати во празната мрежа. По него и Д.Ѓорѓиев промаши од стопостотна прилика. Во 65-та минута 2:0 за домаќините со што беше поставен конечниот резултат. Велинов изби сам и несебично додаде до Н.Ѓорѓиев но погрешно, за негова среќа топката повторно му се врати во нозете и повторно истото проигрување, овој пат успешно од 5 метри голгетерот биеше во празната мрежа.
 
ГОЛОВИТЕ ПОСТИГНАТИ БЕЗ ШАНСИ

4957os2.jpg
„ОСОГОВО“ – „БРЕГАЛНИЦА-Д“ 2:0 (1:0)

Кочани. Стадион: „Никола Мантов“. Гледачи-150. Главен судија: Мите Јованов. Помошници: Стојанче Стојанов и Дарко Стојанов (сите од Штип). Стрелци: Н.Ѓорѓиев 38’, В.Коцев 85’. Жолти картони: Н.Ѓорѓиев, Коцевски (Осогово), Илиевски, Јовановски, Постоловски, Стаменовски (Брегалница-Д).
„ОСОГОВО“- Данев, Данилов, С.Манчовски, Велинов, С.Ѓорѓиев, Н.Ѓорѓиев, Д.Ѓорѓиев (В.Коцев), Б.Коцев (Деспотов), Карафилов (Коцевски) ,Шуманов,Д.манчовски.
„БРЕГАЛНИЦА-Д“- Димовски, Марковски, Илковски, Јовановски, Стаменовски, Стојчевски, Постоловски, Гоцевски, Финдевски, Телетански, Георгиевски.

Во мошне слаб и на моменти досаден натпревар домаќините благодарение на грешките на потесната одбрана на Делчевци среќно стигна до бодовите кои и дефинитивно значат дека „жетварите“ се Шампиони во Третата лига Исток.

Што да се каже за натпреварот? Се играше повеќе грубо одошто убаво за гледање па гледачите кои полека се враќаат на стадионот се досадуваа, поинтересно од натпреварот им беше да ги следат натпреварите кои ги играле во обложувалниците.

Осогово поведе во 38-та минута откако последниот одбрамбен играч на гостите згреши на триесетина метри од голот на Димовски, топката ја освои Н.Ѓорѓиев појде сам кон гостинскиот гол, го мина и полека ја упати топката во небранетата мрежа. На пет минути до крајот повторно сличен гол постигнаа домаќините а овој пат стрелец беше нововлезениот В.Коцев. Гостите освен грубата игра ништо друго не покажаа.

С.Ивановски

4958os3.jpg
 
Мујо ти или си некој новинар или нешто слично !!!:pos2::pos2:

Во секој случај секоја чест за трудот брате!!

Па требаше да дојдеш коа беше у Штип со Војводи да го запознаеш...Му се чудам и јас !
 
Мујо ти или си некој новинар или нешто слично !!!:pos2::pos2:

Во секој случај секоја чест за трудот брате!!

Новинарите од од спортските редакции на веснициве во нашата земја може да му се :cuc::cuc:
 
i drugar imas nesto kar od blogov ili onaka go rabotis za zanimacija
абе каков ќар, луѓе работаат во фабрики за беспари, а јас од блогот да земам пари, занимација чиста, а и колекционер сум на табели и работи поврзани со фудбал.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom