Фан Клуб: Њукасл Јунајтед

  • Креатор на темата Креатор на темата Nemiseverue
  • Време на започнување Време на започнување
Пораз од Хул на домашен терен. Срамота. Ова е недозволиво за една ваква екипа. Навистина ме разочараа, не го очекував тоа од нив ... :nenene::nenene:
 
Ау ова не го очекував, таман тргнавме.

Што не очекуваш...поразов беше немилосрден. Тоон Арми протестира против газдата дека му дал отказ на Кевин Киген. Без тренер и без навивачи не се може.
 
Незадоволоен беше, пошто раководството не му донесе ниту едно онака право, вистинско засилување. Така барем слушнав ...
 
ДАЛИ БИЛ ГЕЈТС ЌЕ ГО КУПИ ЊУКАСЛ!?

Потенцијален купувач на англискиот фудбалски прволигаш Њукасл е еден од најбогатите луѓе на светот, компјутерскиот магнат Американецот Бил Гејтс, пишуваат денес островските медиуми, со напомена дека цената на овој клуб изнесува 580 милиони евра.
Гејтс, во случај да го купи Њукасл, би станал третиот милијардер кој што вложува пари во англискиот фудбал, после Роман Абрамович од Челзи и Абу Даби кои неодамна го купија Манчестер Сити.
Англиските медиуми неодамна тврделе дека заинтересирана за купување на Њукасл била и компанијата од Дубаи “Дубаи инвестмент капитал“, но сопственикот на оваа фирма Мохамед бин Рашид ал Мактум тоа го демантирал. Сопственикот на Њукасл Мајк Ешли ги купил акциите на клубот од Сент Џејмс Парк пред 16 месеци за 160 милиони евра, а уште 120 милиони евра вложил за да ги покрие долговите на клубот.
 
Честитки :smir: од секоаш ми бил симпатичен овја тим а се особено со Овен уште појќе :wink:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom