Фан клуб: МЗТ Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата arap
  • Време на започнување Време на започнување
Секоја година мењаваме по 4 тренер, кој ви се погоди? Ајде бе кажете конкретнио. Ацо од персона нон грата до прв тренер што ни донесе титула. Макар испаднале и од прва лига мкд, најмалце што може да му понудиме на човеков е да истера една сезона.
Се гледа дека појма немаш од животот кога на Ацо ја препишуваш првата титула ;) Он да бил тренер како што кажуваш зашто нај далечни дестинации во кариерата му се Ботевград и Пеќ ??? И зашто никаде се нема задржано повеќе од една сезона ???

Sent from my Iphone 7
 
Ако планирате уште да избегнувате да кажете кој според вас е добар тренер што сме го имале до сега, а продолжувате да го ругате човекот што го сака мзт повеќе од себе, ич немора да ме цитирате веќе со вакви глупости.
 
Абе друже дали приметуваш дека на форумов све се најголеми стручњаци , треба на некој од нив да им го довериме МЗТ да го водат место Тодоров .
Нека се прекине да се мрчи против Ацо ...И Грне даде изјава дека нема мењавање по 10 тренери у сезона.
Јончевски , Назор , Вукоичиќ ...подобри ли беа ? Што направија тие ...? Се посраа а на моменти имаа и подобри екипи ...
Ми се кења веќе од муабетиве за Ацо .. Олабавете малку ..
 
Ако планирате уште да избегнувате да кажете кој според вас е добар тренер што сме го имале до сега, а продолжувате да го ругате човекот што го сака мзт повеќе од себе, ич немора да ме цитирате веќе со вакви глупости.
Анте Дуковски слушам слободен бил...

Sent from my Iphone 7
 
И Грне даде изјава дека нема мењавање по 10 тренери у сезона.
Јончевски , Назор , Вукоичиќ ...подобри ли беа ? Што направија тие ...? Се посраа а на моменти имаа и подобри екипи ...

Грне даде изјава дека нема да се менува тренер во иднина, што не значи дека досегашниве глупости што ги направи Ацо со носењето на странците лесно ќе му се заборават. Колку и да беше мал буџетот на МЗТ на стартот од сезоната, ВИ ТВРДАМ дека за истите пари ќе земевме многу подобри македонски играчи од тие тројца странци и тоа на истите позиции. За премалото трпение према тренерите се знае кој е најголемиот виновник - претходниот градоначалник. Вукоичиќ беше избркан после поразот од Цибона на домашен терен и покрај водството од 25 разлика во еден период. Башка тогаш се погоди страшно тешка група во Еврокуп и некако коцките не му се споија на човекот. Башка што победите во последна секунда од претходната сезона, како бумеранг ни се вратија во сезоната со Вукоичиќ (пораз од Партизан во последна секунда, пораз од Макаби на крај, пораз од Цибона итн.).

Ја мислам дека првенствено треба да се работи на хемијата помеѓу играчите. Не е соодветна тема,но би ги земал Фени како пример. Фени лани без класични 3-ка и 5-ка,со куп инвалиди играчи додека не ги стигнаа повредите стигнаа до финале на Куп,играа одлично,но на крај на сезоната веќе не можеа. Е сеа кој би бил тренер за МЗТ...За Тодоров бев скептик,исто како и за Рајковиќ лани(барајте ми мислења кога на почеток на сезоната тврдев дека е знак прашалник дали ќе остане и до НГ). Конкретно име не знам,не би сакал да зборам нешто ради-реда,меѓутоа очигледно е дека некои работи не штимаат внатре во тимот. МЗТ и лани реално имаа прејак тим,меѓутоа до последно коло се бореа за да обезбедат опстанок. Ќе видиме,како тргнала не е на арно работава..

Не мора да гледаш лани за Фени, гледај оваа година. Немале земено дечките пари од кога е почнато првенството, па гинат. Иначе и ја мислам дека една од најважните работи за една екипа е хемијата.

Da ne mu bea togas Gecevski,Stanko i Grne da ja napravat potrebnata hemija i atmsfera so dve race potpisuvam deka nemase da osvoime titula.Ednostavno covekot ja nema potrebnata drskost da lupne po masa sto se vika, i nemoye da prevyeme odgovornost.Na strana toa shto e nacitan kosarkarski i potkovan teoretski nema muabet,vo praksa nemoye da go primeni nikogash.

Конкретно да не дојдеше Гечевски, ние титула таа сезона немаше да видиме. За тие што заборавиле, неколку недели пред да дојде Гечевски, МЗТ гостуваше во Кавадарци каде што требаше да биде првиот посериозен тест за екипата таа сезона (2011/2012). Памтам имаше и околу 350-400 луѓе дојдени од Аеродром да го видат новиот МЗТ кој требаше (во тој момент) да биде главен кандидат за титулата. Фени едноставно не згази и тоа не згази Кире Николовски кој на два преса пред сезоната беше омаловажуван од страна на Ацо. Остатокот е историја после доаѓањето на Тоше...

Мене скроз необјаснив феномен последниве години ми се сите тие промашени странци, како може карпош соколи лани да имаат бољи странци од нас, или било кој друг тим од наш тим од аба лига да има константно бољи странци од нас? дали толку не знаат да препознаат играч, или агентиве не дупчат. Мора да има некоја причина, не знам, не сум паметен

Реално и Карпош Соколи лани утнаа неколку странци, како што беа Ламонт Мек, Ричардс, Врбанц, Пејџ итн, АМА исто така стои фактот дека Иле Пенов до сега има погодено и доста добри странци. Иначе да, има причина зашто не може да одбереме странци, затоа што на клупа на МЗТ има голема незналица за водење екипа. Ацо Тодоров ја има во рака кошарката и неспорно е дека има големо кошаркарско знаење, ама преку тероија. Во пракса и водење на екипа е голема нула.
 
И официјално, Дарко Соколов нов играч на МЗТ Скопје

23794959_10154775174991627_4153471427947802487_n.jpg
 
И официјално, Дарко Соколов нов играч на МЗТ Скопје

23794959_10154775174991627_4153471427947802487_n.jpg
Се враќа у тимот каде што во првиот мандат беше еден од носителите на играта со Милорад Дамјанац :D Иначе Вукоичиќ не беше лош тренер,настрана хејтот. Ме интересира каде е оној Зоран Мартиќ,тренерот после Пипан,и какво е мислењето за него
 
И официјално, Дарко Соколов нов играч на МЗТ Скопје

23794959_10154775174991627_4153471427947802487_n.jpg

Од лошо полошо, соколов дали може да изигра уште една сезона. А се избрка Стаич кој колку толку може да биде просечен играч и да игра уште многу години.
 
Се враќа у тимот каде што во првиот мандат беше еден од носителите на играта со Милорад Дамјанац :D Иначе Вукоичиќ не беше лош тренер,настрана хејтот. Ме интересира каде е оној Зоран Мартиќ,тренерот после Пипан,и какво е мислењето за него

Мартич е во Полска негде, а лично јас немам никакво мислење за него затоа што реално он имаше чест да ја води најјаката екипа на МЗТ во историја, а сепак беше клај-клај некако цело финале со Работнички, кој пак рака на срце имаше стварно добра екипа. Иначе Мартич не дојде после Пипан туку после Вукоичиќ.
 
Од лошо полошо, соколов дали може да изигра уште една сезона. А се избрка Стаич кој колку толку може да биде просечен играч и да игра уште многу години.
Па тоа се на Ацо желби... како сега наеднаш од лошо полошо???

Sent from my Iphone 7
 
Мартич е во Полска негде, а лично јас немам никакво мислење за него затоа што реално он имаше чест да ја води најјаката екипа на МЗТ во историја, а сепак беше клај-клај некако цело финале со Работнички, кој пак рака на срце имаше стварно добра екипа. Иначе Мартич не дојде после Пипан туку после Вукоичиќ.

Змаго Сагадин беше добар тренер , е тој каков куртон тим склопи страшна работа
Морович , Зивчевич , Демјуниг ... ц ц ц све мој до мојега ..
После него мислам Боби Митев и Врба ги фрлија у оган со тој никаков тим и одма ги шутнаа

Мартич беше солиден тренер спорд мене
 
Па тоа се на Ацо желби... како сега наеднаш од лошо полошо???

Sent from my Iphone 7

Па јас ги кажувам и грешките и добрите страни. Никој не е безгрешен, али највеќе сум против мењавање тренери секоја сезона по 4 ца. Затоа немаме резултати
 
Па јас ги кажувам и грешките и добрите страни. Никој не е безгрешен, али највеќе сум против мењавање тренери секоја сезона по 4 ца. Затоа немаме резултати
Па не го изјавив јас ова, па после пу пу неважи ;)
5cced0719aa6ccafb6a966df1faac74d.jpg

Sent from my Iphone 7
 
Па не го изјавив јас ова, па после пу пу неважи ;)
5cced0719aa6ccafb6a966df1faac74d.jpg

Sent from my Iphone 7

Па ова го барате секоја година, кај и да прочитам баравте домашни играчи, многу странци сме имале.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom