Фан клуб: МЗТ Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата arap
  • Време на започнување Време на започнување
@Институт сега веќе кога си замина Ван Острум ќе се носи ли негова замена?И дали клубот уште го плаќа Диабате ако го плаќа ќе може и да го врати..Или спогодбено е раскинат договорот?

Диабате имаше договор на еден месец од кога дојде и после како што знам беше на отворен. Секоја логика кажува дека мора да се донесе замена за Ван Острум така да 99% ќе дојде нов играч. Со тоа што ако се прашувам јас одма би го избркал Кларк, дечкото очигледно не му се игра кошарка веќе, се влече на терен.
 
Кларк не е истиот играч што беше кога дојде, изгубил многу самодоверба и да како да не му се игра.Имаше некоја шпекулација пред недела дена дека сакаат да го избркаат Кларк и да го вратат Мијатович..незнам колку има вистина во ова.
 
Зошто Ван Острум си оди? Што бидна со повредата негова?
 
ајде уште 2 порази и да испаднеме од лига, најискрено навивам за тоа. нека игра друг клуб со муда и македонски играчи.
 
Кларк не е истиот играч што беше кога дојде, изгубил многу самодоверба и да како да не му се игра.Имаше некоја шпекулација пред недела дена дека сакаат да го избркаат Кларк и да го вратат Мијатович..незнам колку има вистина во ова.
Da be Mijatovic da ni go zemete pa nie da ispadneme u vtora liga :D[DOUBLEPOST=1488277694][/DOUBLEPOST]

Da be Mijatovic da ni go zemete pa nie da ispadneme u vtora liga :D
 
Da be Mijatovic da ni go zemete pa nie da ispadneme u vtora liga :D[DOUBLEPOST=1488277694][/DOUBLEPOST]
Da be Mijatovic da ni go zemete pa nie da ispadneme u vtora liga :D

Управата на МЗТ да имаше барем малку памет немаше воопшто да го пушти Мијатовиќ , па и Марко Лукович
Во сегашниот наш тим нема играчи , само балерини .
 
ајде уште 2 порази и да испаднеме од лига, најискрено навивам за тоа. нека игра друг клуб со муда и македонски играчи.

Ако изгуби Крка од Партизан во следното коло, Крка ќе испадне од АБА без оглед на резултатите на МЗТ, затоа што во случај на ист број на победи, улога има меѓусебниот дуел.
 
Колку и да се очајни нема да навивам анти МЗТ да испаднат, ебате логиката.
Другиот клуб што ќе има муда да игра со македонски играчи, кажи ми кои би биле тие? Па репрезентативецот Марко Симоновски еднаш тапка и ја фаќа топката, толку му е знаењето а игра за најдобриот македонски клуб. Што сакаш повеќе, кои се тие македонски играчи?
Правење само бајрам на паметот...
 
Епа тогаш да навиваме за Крка :)

Сакаш да ти кажам што ќе биде после кај повеќето со вакви размислувања? Еве да речеме дека ќе испадне МЗТ, другата година (со сигурност) ќе дојде ново раководство, во случај да испаднеме од АБА (што е рамно на чудо затоа што Крка треба да го победи Партизан во гости каде што Партизан брка победа за трето место) во сала ќе бидат истите стари познати лица што беа пред 7-8 години. Немој да се лажете во случај на ситуација како таа во 2009 година повторно ќе биде полна салата со таков ентузијазам како тогаш. Така да испаѓање од АБА не му иде на никој во прилог, а најмалку на навивачи и симпатизери на МЗТ. Доволна казна и револт за моменталната ситуација во клубот е сликата од празната сала на домашните натпревари.
 
Во државава наша се живо е исполитизирано, за жал и спортот. Посебно во „општински“ клубови како што е МЗТ последниве години. Спас од ситуацијава може да биде ако залижаниот не се кандидира или изгуби на избори годинава (доста веројатно) и на чело на општинава да дојде човек кој многу поискрено ќе пристапи кон МЗТ како клуб кој зависи од општината и кон навивачите без кои очигледно не оди ништо (50-50 веројатност). Тука подразбирам да ја остави работата на одговорните во клубот и да обезбедува финансии без мешање или да го предадат клубот на некој спонзор кој ќе гледа поинаков интерес и ќе се залага работиве да движат на подобро. Едно е јасно, ваков МЗТ не личи на ништо.
За домашните играчи, видете што изиграа Симоновски, Ѓуроски, Младеновски, Мекиќ... не е дека не добиле шанса посебно Симоновски и Ѓуроски. Ефектот слаб, скоро никаков.
 
Колку и да се очајни нема да навивам анти МЗТ да испаднат, ебате логиката.
Другиот клуб што ќе има муда да игра со македонски играчи, кажи ми кои би биле тие? Па репрезентативецот Марко Симоновски еднаш тапка и ја фаќа топката, толку му е знаењето а игра за најдобриот македонски клуб. Што сакаш повеќе, кои се тие македонски играчи?
Правење само бајрам на паметот...
Факт е дека нашите играчи се дрва невидени .. точно е тоа , ... но што фајде видовме од странциве ? кој успех го донесоа ? Што се постигна со нив , само џабе еден тон фрлени пари , реално и со наши играчи ( Било кои ) во најмала рака истото ке го постигнеа ( Изгубен куп , борба за опстанок , Еврокуп ништо )
 
Во државава наша се живо е исполитизирано, за жал и спортот. Посебно во „општински“ клубови како што е МЗТ последниве години. Спас од ситуацијава може да биде ако залижаниот не се кандидира или изгуби на избори годинава (доста веројатно) и на чело на општинава да дојде човек кој многу поискрено ќе пристапи кон МЗТ како клуб кој зависи од општината и кон навивачите без кои очигледно не оди ништо (50-50 веројатност). Тука подразбирам да ја остави работата на одговорните во клубот и да обезбедува финансии без мешање или да го предадат клубот на некој спонзор кој ќе гледа поинаков интерес и ќе се залага работиве да движат на подобро. Едно е јасно, ваков МЗТ не личи на ништо.
За домашните играчи, видете што изиграа Симоновски, Ѓуроски, Младеновски, Мекиќ... не е дека не добиле шанса посебно Симоновски и Ѓуроски. Ефектот слаб, скоро никаков.

Општински клубови се буквално сите од Суперлигата освен Фени. На чело на клубот не треба да дојде човек од Општина без разлика кој и да дојде, тој треба да ги обезбеди само средствата како помош за клубот. На чело треба да застанат луѓе кои биле дел од кошарката изминатите години, луѓе кои имаат контакти со познати фирми и спонзори. Иначе околу домашните играчи ја бев еден од оние кои највеќе беше критички настроен кон одредени домашни играчи во МЗТ ама кога ќе се гледа реално ситуацијата, како сакаме да станат домашните играчи - играчи, кога смрзнаа на клупа. И комплетно се согласувам дека со домашни играчи во екипава, резултатите ќе беа апсолутно исти, со тоа што барем ќе се извадеше некое дете плус за во иднина.
 
Проблемот во нашава држава е што ако си одреден моќник на позиција и направи нешто, а не знаат сите за тоа, како да не си го направил. Така и со Ивица или било кој друг после него (дај боже да сум грешка), мора да биде во центар на внимание, за на следните избори да се пофали за успесите како лично негови.
Искрено се надевам дека ќе успеат да ја освојат лигата сезонава, па од идната година да се средат проблемите во секој дел од клубот. Жално е ова вака да се гледа...
 
За да се произведе играч треба клубот да има стратегија и да знаат што сакаат. Не е некаква наука да се најде тренер на кој ќе му се каже - ова ти е буџетот, бирај играчи, ќе бидеш раат цела сезона без посебен резултатски императив (опстанок во АБА и титула дома се подразбира) АМА ќе форсираш 1-2 домашни млади играчи цела сезона. На крај на сезона пресек што е направено, во прв план со тие домашни млади играчи. Со буџетот што го имаа сезонава и платата (+ пенали) што ги даваа на разно разни отпуштени тренери гарант дека ќе најдеа доволно квалитетен тренер кој би се нафатил. Со овој менаџмент клубот ниту има стратегија ниту знаат што сакаат. Поради тоа муабетите кажани од клубот Ф4 во АБА, двојна титула дома, победи во Еврокуп излегоа како Мики Маус приказни.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom