Какви плачипички се дури и на Фејсбук страната на МЗТ ги бришат негативните коментари. Дури и бришат прашање каде се Цинцадзе и Кире. Само прашање. Срамота. Нерви искинав. Играчиве да потрошеа само половина од енергијава што ја потрошив дома пред телевизор нервирајќи се ќе ја тепавме оваа. Никакво залагање на терен.
ЕДИТ:
Кошаркарите на МЗТ Скопје го забележаа о вториот пораз во АБА лигата откако вечерва во Подгорица се совладани од домаќинот Будуќност со резултат
96-69.
Уште од самиот старт екипата на Будуќност наметна силно темпо кое што МЗТ Скопје не успеа да најде начин да го сопре, па двоцифрената разлика која домашниот состав ја стекна на крајот на првата четвртина, континуирано ја зголемуваше се до самиот финиш на мечот.
Во составот на МЗТ Скопје на овој меч недостасуваше грузиецот Ѓорѓи Цинцадзе кој поради болки во коленото не беше во можност да настапи на вечерашниот дуел.
Иван Маринковиќ со 17 поени, Цветковиќ со 13, Класен и Демјуник со по 10 поени беа единствените со двоцифрен број на постигнати поени во составот на МЗТ Скопје.
Во тимот на Будуќност, Владимир Дашиќ беше најефикасен играч со 15 постигнати поени, Витковац и Планиниќ имаа по 14 поени, додека Суад Шеховиќ средбата ја заврши со 11 поени.
Во среда (15.10.2014) со почеток од 18.00 часот, МЗТ Скопје Аеродром на домашен терен во СЦ Јане Сандански го пречекува тимот на Фени Индустри во меч од првото коло на домашниот шампионат, додека следниот меч од АБА лигата е против екипата на Шолнок, кој е истотака на домашен терен, а закажан е за сабота (18.10.2014) со почеток од 21.00 часот.