Може не изгледа поврзно ама јас сепак мислам дека малку игра улога и тоа што во Скопјево сите се сконцентрирани на ракомет тоест на Металург и на Вардар,а знаеме колку пари се вложуваат во тие два тима,а колку во МЗТ. Луѓето тоа го сфаќаат,плус играат Л.Ш. а МЗТ не игра Евролига.
Тука е и стереотипот дека на утакмици на МЗТ одат само аеродромци.
Башка гооолем дел од Скопјево сеуште си навива за Работнички, ПР-от на МЗТ не успева да го придобие неутралниот дел од публиката,бар за сега,тоа зошто ќе биде полна салата во Недела против Партизан нејќам ни да го коментирам.
Буџет си треба,добри играчи а не Рејнолдс,Лучич итн итн.........не дека се лоши ама не се на ниво на Дамјан,Тоше,Станко па и Костовски не привлекуваат публика..........и најважното ПР.
Сепак кога ќе ја изградат салата подруго ќе биде,мада ќе остане отворено прашањето дали ќе можат и зошто не ја полнат Б.Т.