Фан клуб: МЗТ Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата arap
  • Време на започнување Време на започнување
Не знам колку била карта за натпреваров али ја стварно не разбирам по колку сака народов да бидат картите, без пари?? Па да го ебам што ќе им сменат 50 или 100 денари у животот, сигурно нема да се осиромашат ако ги дадат за да го гледаат клубот кој го сакаат и за кој навиваат. Ама гнаса народ сме, и без пари да ги стават картите скапо ќе ни биде, гарант маана ќе најдеме.
Мене лично далеку ми е Борис од дома па затоа поретко идам во сала да ги гледам, а и повеќе преферирам на ТВ да гледам утакмици за поубаво да го следам натпреварот, со успорени снимки, статистики и ред други работи. Ама за тие што се бунат стварно е срамота, нема резон да се тера таков муабет.


Не им мења ништо.Минатата година 150 денари карта,100 денари карта,50 денари карта ,двајца за 50 денари карта,цело време иста публика 2-3,5К.Али кога е бесплатно 2 саати однапред ќе е полно.
 
Па тоа е најголемата глупост, и тоа докажува дека луѓето не идат за МЗТ туку идат за Партизан, додека се иде на утакмици со такво размислување салата секогаш ќе биде вака празна. Прост народ сме и прост ќе си останеме. :notworthy:
По која логика народот е просст? Симпатизери на Партизан си одат и го следат омилениот клуб. Наутралните гледачи одат бидејќи сакат да видат еден европски шампион и тим со константен напредок, не знам шо е толку чудно. Нека си идат најверните фанови на МЗТ и лугето што навистина го сакат тимот(впрочем кај сите тимови од НЛБ лигата се таа шема) нема потреба да се наметнува теорија дека МЗТ =репрезентација(како Металург) па да биде полна сала со гратиси и "излези момче" да грми :)
 
Одлична утакмица вчера како на терен ( освен кога ме препотија до максимум кога дојдоа црногорциве до 2 разлика ) така и на трибина . Газење . Паролите потполно на место и се идеше во најдобар ред . Сеа дебито во Еврокуп а таму секоја победа е голем плус за МЗТ . :)
 
Борис може да се наполни скроз само доколку дојде атрактивно име во Скопје и ова важи за секој можен клуб. Кога играат Вардар и Металург во ЛШ нема слободно место, а да речеме кога истите тие клубови играат со Партизан, Брест итн. во СЕХА салата е полупразна.
 
Со Рига утре мора Гечо да преседи цел натпревар на клупа а останатите нека се воигруваат посебно Чеховски и Рејнолдс додека може би требало да игра.Освен ако не покажат слабост ( што не верувам ) не треба со сите сили да се притиска на победа дека истата е искрено непотребна.Потребна ни е и подобра комуникација помеѓу Синовец и Лучич со останатите зошто се гледа по сите глупави пасови дека сеуште не се воиграни.

Неколку дена покасно го имаме вториот најважен натпревар во првите кола ,на гости со Цедевита победа таму на гости би вредела колку две победи над Рига.
 
Борис може да се наполни скроз само доколку дојде атрактивно име во Скопје и ова важи за секој можен клуб. Кога играат Вардар и Металург во ЛШ нема слободно место, а да речеме кога истите тие клубови играат со Партизан, Брест итн. во СЕХА салата е полупразна.


Тоа е. И МЗТ да игра со Барселона, Реал, Паок, Оллимпијакос ќе биде полна салата.
Таков народ сме покварен само на успеси и противници се палиме.

Замерка плус уште од претходната сезона во АБА лига ми е што, продажните места на влезници се ужас, не се доволно, не се распоредени низ цел град и итн.
Сите купуваат пред сала и се прават беспотребни гужви.
 
Не е до продажните места,едноставно МЗТ е тим од Аеродром шро е 10км од Борис и тоа е. Картите во секое време може да се купат и од mktickets.mk така да не е до продажните места!

http://m.mkd.mk/sport/kosharka/hero...b-ilievski-kje-trenira-so-helios-do-dobivanje
Ајде Влатче доста лигавење, потпиши си за МЗТ и решен проблем
 
Не е до продажните места,едноставно МЗТ е тим од Аеродром шро е 10км од Борис и тоа е. Картите во секое време може да се купат и од mktickets.mk така да не е до продажните места!

http://m.mkd.mk/sport/kosharka/hero...b-ilievski-kje-trenira-so-helios-do-dobivanje
Ајде Влатче доста лигавење, потпиши си за МЗТ и решен проблем


Муабетот ми е дека треба да има во Тобако или Оне салоните. Тоа е веќе друга работа. Ако не се лажам така прават РК Вардар и РК Металург.
До душа РК Металург има дадено 2000 сезонски на работниците на Минчо, али тоа е сосема др. муабет.
 
Муабетот ми е дека треба да има во Тобако или Оне салоните. Тоа е веќе друга работа. Ако не се лажам така прават РК Вардар и РК Металург.
До душа РК Металург има дадено 2000 сезонски на работниците на Минчо, али тоа е сосема др. муабет.

Моабетов со сезонските ти нема везе али ајако така ти кажале ... :-)
 
Па тоа е најголемата глупост, и тоа докажува дека луѓето не идат за МЗТ туку идат за Партизан, додека се иде на утакмици со такво размислување салата секогаш ќе биде вака празна. Прост народ сме и прост ќе си останеме. :notworthy:

Сегде е тоа така, значи зборам за дерби утакмици еве пример да земиме од пред 3-4 години на дерби МЗТ-Работнички салата е преполна дали се игра во Аеродром или во Градски Парк, после тоа пример следи утакмица со Кожув салата е 1/4 само полна то е то сите живет за дерби и во другите спортој не само кошарка, ете сега пресно да земиме и фудбалот дербито Пелистер - Вардар, публика сигурно имаше над 8000 после тоа следеше куп утакмица со Работнички на стадион максимум 1500 гледачи ! Кај се сега тие 8000?
Зато имам една порака до нив:
-Дерби навивачи, од вас ни се смачи!

За тоа шо викаш поќе луѓе одат заради Партизан место МЗТ друг пример ти е и во ракомет сега ко ќе играат Металург-Барселона салата ќе биди преполна, наравно за да ги видат Лазаров, Рутенка, Карабатиќ, Штербик, после на следната утакмица поќе од 2000 публика нема да има...

За утакмицата МЗТ-Будуќност:
-Заслужена победа на МЗТ, ги надигра Будуќност, очекував поголем отпор од нив а си мислев дека можат и имаат реални шанси за победа. МЗТ имаше добра одбрана, на моменти дури имаше и огромна предност од 17тина разлика, шо не смееше да си дозволат за на крај да се добилижи Будуќност !
Гечевски си е Гечевски немам коментар (y):cuc: со еден збор ЦАР! 27 коша 10 скока 7 асистенци 2 блокади !
Незаменлив !
 
Мислам дека не ви се баш на место споредбиве со ракометот.
Ако веке споредувате, споредувајте ја АБА Лига со СЕХА, пошто реално тој е форматот, регионални лиги се и двете, со тоа што АБА Лига веке е доста етаблирана, за разлика од СЕХА, која што сеуште е за потсмев.

Неможете да споредувате колку имало на Вардар Барселона, а колку на МЗТ- Будуќност, од проста причина што првиот натпревар е од ЛШ, а вториот од регионална лига. Еве, ке видите дека кога ке дојде и Минск, па веројатно и Вакер Тун, дека ке биде полна салата, иако нема некои којзнае колку познати имиња во овие тимови.

Друга работа е што неутралните навивачи сакаат квалитет да гледаат, неможете да очекувате од нив да одат на секој натпревар на тимот. Нормално е дека кога ке има појак противник и потенцијал за поквалитетен натпревар ке се појава повеке луге.
Металург и Вардар еве полека се етаблираат како многу солидни тимови во ЛШ, со големи европски имиња, е тоа влече навивачи, не само тие имиња на спортивната страна.

Замислете само да ги има истиве вложувања и во МЗТ и Работнички и да изборат Евролига еден ден, дај боже, мислите дека нема да се полни БТ?

Не е работата за дерби навивачи, работата е за успеси, за европски натпревари, за светски имиња(не на противниците)...
 
Одлична игра на момците !!
Да не не ебаваат само судииве во второ полувреме и уште подобро ќе биде, имаа едно 3-4 срамни одлуки.
 
ОтсАтни се мзт 15 пати кажа дебилниот коментатор,добро како може вакви полуписмени преноси да вршат.....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom