Фан клуб: Милан

Саше?


  • Вкупно гласачи
    26
  • Гласањето е завршено на .
Kako ne beshe penal ona nad Teo? Nerealni odluki vekje nekolku mecha vo niza.
Казна од судијата за лошата фризура на
Тео. Хехее
Мислам дека прв стаса до топката тој билдерот од Лече, навреме интервенираше.
Иначе да, малку се загуби Кифи особено на крај кога ги патосираја Тонали и Круниќ а остави да течи играта.
Како и да е имаме гол предност, се надевам нема да гледаме реприза ко со Салернитана и Емполи.
 
Исто ко лани, да не е Леао нема да може гол да дадеме.......Пиоли има 0 игра, само на контри знае да постави игра.....против вакви екипи очигледно само Леао може да игра.
Автоматски споено мислење:

Влага Ориги
michael-scott-sad.gif
 
Добро е на Леао што му пројде зимскиот сон, се пробуди коа треба и нека остане ваке буден...

Sent from my Mi Note 10 Lite using Tapatalk
 
Тео беше прв на топка чист пенал..кога отиде да гледа Чифи мислев сигурно ќе потврди, изгубен беше цела утакмица жутиов.

Леао се разбуди малце, Ориги најслаб трансфер на Малдини од кога е на позицијава во Милан..Анте катастрофа исто.
 
Тео беше прв на топка чист пенал..кога отиде да гледа Чифи мислев сигурно ќе потврди, изгубен беше цела утакмица жутиов.

Леао се разбуди малце, Ориги најслаб трансфер на Малдини од кога е на позицијава во Милан..Анте катастрофа исто.


Тео ја стига прв топката ама тоа нема никаква врска пошто после тоа и играчот на Лече прво топката ја удира па го собира. Не цепидлачите не беше пенал чист.
Моеше комотно да свири, а моеше и да не свири, пак ќе кажем исто ко Леао со Наполи ситуацијата
 
Повеќе ми се допаѓаше како изгледаа со резервите против Емполи и Болоња.


А една од најголемите желби за следната сезона, ми е да донесат некого што знае да изигра дијагонала, има опасен центаршут, знае да пробие линии со добар пас.
Сусо?
 
Нема смисла веќе ова што го прави Пиоли со Ребиќ. Фала му за се досега, но е тотално катастрофален играч од кој имаме повеќе зијан него ќар, дури и да не земеме пари од негов евентуален трансфер е ок, затоа што секое сценарио во кое тој не е вклучен е подобро од ова сега. И од Месијас е доволно, ок е, си го оствари сонот, напишаа неколку статии за него и тоа е тоа, нема што повеќе да бара во овој тим од наредна сезона.

И малку ми е безвезе што го искулираа ЦДК на неколку пати кога очајно бараше топка и беше слободен. Јас би имал трпение со овој дечко уште една сезона, затоа што верувам дека може да покаже нешто доколку сериозно работи на себе.

За другото немам што да замерам, Кифи стапот за ореј кршење беше ужасен денес, тоа билдерчето го скина Тео и беше чист пенал. Не додели ни неколку картони во прво полувреме. Гној судија кој позира како редовен плаќач на данок и клецкач стриктно во мисионерска на музика од Колдплеј.
 
Ако фатиме ЛШ ваљда ќе има револуција у тимов летово....некој 60-70 миљона мора да имаат буџет, кога ќе ги ставиш тука и парите од Ребич,Ориги, Месиас, Бало Туре доаѓаме до 80-90..

22-3 да идат за Брахим пак се 60-70...

Тоа се 2 добри играчи, или 2 деца со голем потенцијал, или може еден искусен еден млад...

Во одбрана не ми се верува да купат некој, освен замена за Тео/Калабрија што нема да кошта многу.

Централно Тиав полека ќе го мења Кјаер, Калулу ќе го мења Томори така да таму нема да има нов играч.

У средина стартери се Бенасер Тонали, а замена Крунич/Ново Дете или Побега.

Десно крило сигурно ќе имаме ново што ќе ротира со Сале, лево се надевам ќе продужи Леао ( или ќе биде продаден, се друго ќе биде катастрофа) али ќе ни треба некоја замена, ваљда некоја ефтина опцијс.

Полушпиц би биле Диаз/Де Кателаре или па ново дете.

А напаѓач сигурно ќе биде ново дете у конкуренција со Жиру.

Значи според мене ако фатат ЛШ имаме сигурно нов напаѓач и десно крило а ако не фатат ЛШ тоа би значело само еден нов играч уместо два....ако Леао не продужи и го продадат тогаш би биле два.
 
Многу добар дриблер е, всушност, тој е најдобар на натпревари кога дриблингот и неговата контрола и брзина со топка во нозе доаѓаат до израз.

Во други сегменти е слаб, иако оваа сезона се приметува некаков напредок кога е движење и позиционирање во прашање.

Да е роден едно триесет години порано, би имал подобра кариера.



Еве и за Де Кетеларе што пишувавте вчера.



Иако, нешто што можеби не е толку поврзано со ова, на Пиоли офанзивата игра сезонава, а тоа влече корени од минатата, претежно му се сведува на индивидуален квалитет. Затоа и толку се ослонува на Диаз, а такво нешто очекува (но ретко добива) и од Месијас.

Често тука пишуваме и за пресингот, кој го красеше Милан, особено во сезона ипол од мандатот со Пиоли, а сега го нема. Едноставно е, со тројца напред како Леао, Жиру (во овие години) и Брахим, тешко е да се ослонуваш премногу на пресинг.

Сега речиси се е сведено на чекање на дриблинг и продор од Кеао или Брахим.

Најдобар пример се трите натпревари со Наполи.
 
Последно уредено:
Znaci mecot se Roma e najbiten ova sezona posle tie so Inter , ako ne gubine imame mnogu sanci za top4
 
Znaci mecot se Roma e najbiten ova sezona posle tie so Inter , ako ne gubine imame mnogu sanci za top4
Не е да не губиме, мораме да тепаме.....мада мислам ќе имаат мотивација од прошлата утакмица, да им вратат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom