Фан клуб: Милан

Саше?


  • Вкупно гласачи
    26
  • Гласањето е завршено на .
Ромањоли е топ за Лацио и Лацио е топ за Ромањоли. Нема многу филозофија кај него, тоа е тоа ниво и така и ќе остане. И таму ќе има блекаути као кај нас и утакмици изгубени скроз на негова душа, само што таму тоа нема толку многу да се осети и збори, штетата ќе биде многу помала.

Тео мислам дека свесно го доби картонот. Секако беше на картон до суспензија, па во секој случај е боље да одмара со Кремонезе отколку со клетите Фиорентина.
Жиру, се израдува ко дете мало.. ме изнасмеа братот со реакцијата коа сфати дека заборави на картонот претходно. Цар. Играчина и господин чоек.

Она од Тонали беше греота да се поништи. Судијата можда требаше као да се откупи за ланската утакмица со Специја и уопште да не глеа ВАР, поготово затоа што пред него се деси фаулот и тој сам во тој момент сигнализираше да се продолжи со игра, све да му ебам ја. Шала на страна, расте во аждаја она дете, свака част, само нека продолжи.

Важно е да имаме уште две победи до паузата, би биле во фина ситуација и најверојатно малку би се одлепиле на врвот од табелата. Па од јануари, здравје, некое фино појачање и да итаме.

Ждрепката.. Да не се заебаваме, дај ги сеа засеа Порто прво, па после ќе удираме романтики здравје, иаме време.
 
^ Со две победи може само да се доближиме до врвот на табелата а не да се одлепиме, доста со тие лузерски муабети ЛШ место е приоритет
Милан е во прашање не Лацио или Рома
 
Ја пре би Порто ама комшикиве имаат среќа, ко у гз да се правени....

Тотенхем се јаки, Конте уште сега праи притисок за трансфери може после светско да се зајакнат...

Ние после светско може само Леао или Бенасер да ги продадеме, овие абер немаат договор да им дадат......

Леао со пола сила играше вчера и пак 2-3 чисти шанси направи....Бенасер ако не игра средината не ни постои.....
 
Ја пре би Порто ама комшикиве имаат среќа, ко у гз да се правени....

Тотенхем се јаки, Конте уште сега праи притисок за трансфери може после светско да се зајакнат...

Ние после светско може само Леао или Бенасер да ги продадеме, овие абер немаат договор да им дадат......

Леао со пола сила играше вчера и пак 2-3 чисти шанси направи....Бенасер ако не игра средината не ни постои.....
Добро чим сигурно ќе ги продадеме уште на зима. Да им ја дадеме службено на енглезите ако не што викаш?
 
Добро чим сигурно ќе ги продадеме уште на зима. Да им ја дадеме службено на енглезите ако не што викаш?
Не биди тажен бе, немој одма со плачење.
Кај сум пишал сигурно на зима?? Знаеш да читаш или од солзите не глеаш убаво?

Ако не на зима летоска Леао не го гледаме у Милано како што стојат работите.
 
Тргнав да кукам и да пишувам колку и зошто ќе биде тешко, но брзо ми текна дека не ни се паднале Сити, Реал, Баерн, па си викам биди еднаш барем малку задоволен. :icon_lol:


Фаворити се, незгодни се, Кејн, Перишиќ, Сон, можат здраво да не измалтретираат. Но, сакаме да се играме со големи деца, па еве ни добра прилика. Само не превисок пресинг, за да не им оставаат простор за контри.

Ако не донесат никого, барем ќе се врати Салемакерс да трча како будала против овие.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Mud
Историски не ни оди со Енглезиве, а вој Тотенхем не е лош, башка под Конте, ќе биде заебано, не очекувам пролаз, јебига.
 
Историски не ни оди со Енглезиве, а вој Тотенхем не е лош, башка под Конте, ќе биде заебано, не очекувам пролаз, јебига.

Ретко и кој е убеден. Но добро е што сме во позиција да не сме фаворити, притисокот и очекувањата да се на друга страна, но сепак да имаме некои шанси.

Реално и со Порто ќе беше далеку од сигурно 1/4 финале, со другите немаше да може ни да се мисли на такво нешто.
 
Мислам дека за било кој противник би имал измешани реакции и не би знаел дали сме убодиле добра ждрепка или не. Тотенхем е добар тим кој игра фудбал што мислам дека нам, во моментов, не ни одговара. Конте знае да биде одличен мотиватор во вакви натпревари и баш ме интересира како Пиоли ќе одговори на предизвикот да се соочи со Конте и играчи кои во минатото ни создавале добри проблеми (Перишиќ лани не уништи).

Од друга страна, секако дека можеше и полошо. Со Сити, Баерн или Реал не би се надигрувале, тука би влегле со огромен респект, знаејќи дека имаме неискусна и млада екипа. Исто така, од трите можни противници, Тотенхем некако ми е „најсварлив“: Баерн е доминантен, а Порто не би го потценил во никој случај затоа што од она што сум го видел, немаат проблем да газат се живо и диво и да се излетуваат, страшна хемија има тимот, така што ме изненадува реакцијата на фан базата на Интер дека се фаворити во овој дуел.

Сепак, што и да прогнозираме сега нема да важи. Има три месеци до ЛШ, светско првенство, трансфер период измеѓу... од другата полусезона можеме да гледаме и скроз различни тимови во смисла на форма, мотивација, длабочина на клупа, итн.
 
Отидов да погледнам распоред, си мислам се дербиња има Тотенхем пред и после Милан, но ништо и од тоа.
 
Многу ќе зависи кој во каков момент ќе биде. Ако Милан е во добра серија и со висок морал во тој период, може да се надеваме на пролаз.
Тотенхем често знае да си страда сам од себе во важни утакмици. Имаат некој комплекс на мал клуб што не можат да го надраснат никако, и не гледам дека Конте успева да им помогне во ова судејќи по дербињата во кои комплетно се губат.
Како и да е, ова е противник кој дава шанса да се напредува и си бара една здрава инвестиција во одбраната на зима.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom