Фан клуб: Милан

Саше?

  • Вкупно гласачи
    26
  • Гласањето е завршено на .
Мој впечаток е дека цела заебанција вчера беше во тоа што дадоа ран гол и после буквално не знаеја што со себе. Рани голови се за екипи што се машинерии, што мелат и немаат проблем со падови во концетрација или па немање идеја. Екипи како Милан мора да се констатнно под грч и да бидат аниминарни. Милан е како дете со АДХД уствари.

Ама ете, се смилува судбината денес, и како што рекле старите Египќани : На ќораво пиле, Господ гнездо му прави.
 
Намерно не го играат Бакајоко бидејки после одреден број на настапи ке мора да го откупат.
Дефинитивно минимум еден везиста ке мора да купат а Побега би бил вториот ако навистина сметаат на него,Бакајоко ке грее клупа две години во Милан.
На позајмица во Милан е до Јуни 2023 а со Челзи има договор до Јуни 2024.
 
Ако некои натпревари не ги сакам, тоа се со Удинезе. Не ми ни текнува на некоја лесна победа против нив во последни десет години.

Но затоа ми текнува на Ди Натале и натпреварите како оној 4:4 што заврши на Бадник, во сезоната кога Милан последен пат го освои првенството.
 
Ќе има киксови уште против овакви екипи сигурно, под притисок незнаат да играат сите се нервозни..бедниве не ги победија во Сабота кој следниве 10 кола нема бод да земат. Десно нема крило добро да го растерети Леао, кој беше катастрофа и да беше друг тренер ќе го извадеше после прво полувреме. Само Ќумбето одигра солидно, останатите мизерија. Џиру исто изгубен, сите голови му се на Сан Сиро.
 
На крај Лил џабе ќе ги продаде и двајцата.
Грабеж е ако е оваа сума од 20 мил.

Не игра баш на природна позиција но од ова што го гледам до сега не сум импресиониран од Санчез.
 
Затоа што не игра, а и не треба да игра таму ако дојде кај нас. Берарди нека го соберат за десно крило, некој што тоа му е природна позиција.

Бремер ми е подобра опција од Ботман.
 
Не игра баш на природна позиција но од ова што го гледам до сега не сум импресиониран од Санчез.

Мене ми се допаѓа Санчез како фудбалер и со него Милан ќе добие работи кои му недостигаат. Милан добива комплетен фудбалер што може да покрие повеќе позиции, но и да донесе поголема тактичка разновидност. Дали 433, крило, полушпиц на Пиоли кога сака нешто различно и пробува со Кеси сега.

Санчез може да понуди многу повеќе во последна третина од сите што се моментално во Милан, а тоа е видлив проблем, без разлика кој е парот во средина.

Само не знам, дали би можел да игра со некој друг во средина, освен со Тонали во 4231.

А до сега не си го гледал? Иако мене ми е добар и на овој натпревар.

Поголеми прашалници имам за Ботман, но него и го немам толку пратено, за разлика од Санчез кој уште минатата сезона ми остави впечаток, мислев дека веќе пропаднал. Ботман иако бил тука со него на повеќето натпревари, го немам многу приметено, дури и сега да не беше поврзан со Милан не би го забележал премногу.
 
Ренато не изгледа дека е замена на Кесие.
Само да не мислат дека десно крило ќе решат со него. Подиректен е од сите во средина, но за крило не, таму фали некој што ќе се отепа од голови и асистенции.

Играч за тројца во средина е или пред нив.

Ботман направи неколку грешки, изгледа на нов Ромањоли.
Со подобар напад ќе има проблеми, не е спремен за прв тим.

Ни треба некој како Бремер искусен во лигата, добро се покажа против појаки напаѓачи и има лидерски способности.
Миленкович не знам во каква форма е оваа сезона. Одамна не немаат поврзано со него.
 
Мене ми се допаѓа Санчез како фудбалер и со него Милан ќе добие работи кои му недостигаат. Милан добива комплетен фудбалер што може да покрие повеќе позиции, но и да донесе поголема тактичка разновидност. Дали 433, крило, полушпиц на Пиоли кога сака нешто различно и пробува со Кеси сега.

Санчез може да понуди многу повеќе во последна третина од сите што се моментално во Милан, а тоа е видлив проблем, без разлика кој е парот во средина.

Само не знам, дали би можел да игра со некој друг во средина, освен со Тонали во 4231.

А до сега не си го гледал? Иако мене ми е добар и на овој натпревар.

Поголеми прашалници имам за Ботман, но него и го немам толку пратено, за разлика од Санчез кој уште минатата сезона ми остави впечаток, мислев дека веќе пропаднал. Ботман иако бил тука со него на повеќето натпревари, го немам многу приметено, дури и сега да не беше поврзан со Милан не би го забележал премногу.
Господинот Пиоли многу ретко отстапува од 4231,Кесие изнудено го игра полишпиц бидејќи не донесоа замена за турчинот а Диаз е камен и апсолутно невидлив против корпулентните противници.
Санчез во Милан главно би играл везиста но вечерва не видов како би го заменил Кесие кој е премногу важна фигура во ростерот на Милан и со Леао и Тео се најбитни играчи во Милан.
 
како би го заменил Кесие кој е премногу важна фигура во ростерот на Милан и со Леао и Тео се најбитни играчи во Милан.

А зошто не би можел да го замени Кеси? Во што е Кеси подобар од него, освен веројатно нешто дефанзивно, дуел игра, но треба да проверам и тука дали е толку голема разликата. Во однос на технички квалитети Санчез е подобар од Кеси.

Не верувам дека Милан ќе купува нов АМ, односно Брахим, Адли, Раде, Санчез, тие ќе се опциите следната сезона, нормално доколку навистина дојде Санчез. Сега да дојдеше во јануари, ќе играше АМ.

Секако дека го зимаат за во средина, но не сум сигурен дека нема да го користат доста и на други позиции, особено ако Тонали и Бенасер се покажат добро. А не би бил сигурен дека не би играл и Пиоли нешто поинаку. На крај, бројките и не се толку битно, туку каква улога ќе имаат играчите на терен, во финишот на минатата сезона, не може баш да се каже дека Милан играше 4231.

Но и во среден ред само да игра во 4231, што нели е основата и прва опција доколку дојде, подобар пар ќе се Тонали и Санчез од Тонали и Кеси.
 
Кесие е подобар во воздушни дуели,во дефанзива,во дуели е поцврст и тешко губи топка,од ова што го видов Санчез само е подобар дриблер од Кеси.
Но да не бидам песимиста се надевам дека си во право и ќе се погоди во Милан,бидејќи во спротивно ќе треба да се крстиме да проработи Бакајоко следната сезона.
 
Па и Кеси е доста неконстантен сезонава. Не ми е целта до го напаѓам, ќе беше добро да остане, но веќе ако решил да си оди, не мислам дека е толку тешко заменлив.

Ако биде вака според најавите, како што пишав претходно, поголем проблем може да биде кога нема да може да игра Тонали, затоа што тогаш веќе ќе биде тешко да се постигне цврстина со двајца од Бенасер, Раде, Санчез, Адли.

И нормално Тонали треба да продолжи со овој развој.

Санчез и Кеси не се ист тип на фудбалери, нормално е во некој сегмент нешто да се изгуби.
 
Не знам што толку паники. Тимот е млад и ќе биде подобар и подобар. Очигледен е развојот кај одредени играчи особено кај Тонали и Леао и очекувам наредна сезона уште подобри да се. Еден проблем кој мора да се реши е кој ќе е главен напаѓач наредна сезона, а тоа да не е Жиру или Ибра. Ако се направи добар избор ондак немаме никаков проблем.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom