Фан клуб: Милан

Саше?


  • Вкупно гласачи
    26
  • Гласањето е завршено на .
Од Русија сакаат да ни го земат тој со Ламборџинито :zloo:
 
Од Русија сакаат да ни го земат тој со Ламборџинито :zloo:

нека им дигнат цена како они за Влашич :) таткому изјави дека он сакал само во Милан и бил договорен за плата али неможеле Милан и ЦСКА да се договорат за цената.
 
Мирисаше ова со Кеси уште коа загризаа за Бакајоко, премногу добро Тонали, Бенасер, Бакајоко Кеси за да биде реално... плус и Адли договорен за наредна сезона таке да може да се рече дека спремни биле од Милан за ова.

Е сеа пошто нејќе ја би го закоал на клупа до наредно лето, терен да не види цигото... Или ка Мурињо шо им напрае на Фацио Пасторе и Сантон.

Sent from my Mi Note 10 Lite using Tapatalk
 
Топ, цела сезона е пред нас , уште цели 36 кола доволни да тренира со младинците без ниеден настап и таман во ПСЖ да си биде одморен за наредената сезона.
 
Вака нема да има напредок во тимот ако секоја сезона најдобрите играчи во ростерот си одат како слободни играчи.
 
Никако да фатат ритам и да се стабилизираат со договори и трансфери. Постојано се отвара нов проблем, а не е е затворен стариот.

Следно лето ќе треба да се земе еден добар дефанзивец, а и тој сериозен проблем што може да биде со напаѓач. Десно крило и 10ка може ќе затворат со Фавр, но ќе треба и некоја замена за Кеси. Нека биде за средина, Фавр и дефанзивец по 10-15 милиони, стандардот на Малдини, тоа се околу 40 милиони... за добар напаѓач ќе треба исто толку. А посебно ќе биде тешко да се најде некој добар.
 
Имаше турбо последна сезона, редно време е оваа да се одмори :icon_lol:

Иако сум сеуште отпимист дека ќе најдат некое решение барем да го продолжи договорот со пристојна откупна клаузула, сепак не ги разбирам овие од управата. Ако веќе не планираш ни блиску да дојдеш до таа плата што ја бара, што не го шитнаа во Челзи наместо Саул а да ги донесевме Зијеч и Бакајоко
 
Проблемот е што ниту еден од овие не одби договор. Сите се спремни да потпишат, да преговараат, така одложуваат. Само пред месец дена беше изјавата ма Кеси да сме мирни, го сака клубот, ќе биде се во ред. :D
 
Сепак мислам дека управата се поголем кривец Кеси последниве две сезони е ако не најдобар тогаш е во топ 3 најдобри играчи што ги имаме во ростерот со игра и залагање,не мора да се чека 5 до 12 да се продолжи договорот вака се влечат само прават тензии и на крај ништо.
И неможе за некој играч нудат 6 милиони а тој сакал 7 и следниот ден управата добро еве ти 7 милиони па другите играчи не пијат нафта.
 
Проблемот е што ниту еден од овие не одби договор. Сите се спремни да потпишат, да преговараат, така одложуваат. Само пред месец дена беше изјавата ма Кеси да сме мирни, го сака клубот, ќе биде се во ред. :D
Да и одбиа 3 пута поголема плата... значи не му е до парите колку што сака да си иде. Незнам што се глупираше со таква изјава, кажи си сакаш да идеш од клубот и културно да те продадат.

Sent from my Mi Note 10 Lite using Tapatalk
 
Интересно ми беше ова кога Галијани го правеше со Мекцес и Монтоливо , па Рома и Фиорентина пиштеа хистерично дека е нефер, ама како што гледам сега, не било баш интересно. :icon_lol:

Фората е што во Милан кога се плати во прашање, референтна точка е Ибрахимовиќ. тоа го користат како аргумент кога влегуваат во преговори, при што занемаруваат еден факт, дека Ибрахимовиќ покрај фудбалската димензија има и јак маркетинг момент на кој Милан како бренд се шлепа. Фудбалери како Кеси тоа го немаат, ама сепак нивните агенти го нагласуваат за да добијат тежина аргументите.
Кеси е договорен со некој клуб, јасно е тоа како бел ден, знае дека ќе игра афрички куп и дека сезоната за него практично ќе почне од фебруари негде.
Милан може да проба да качи уште нешто ситно на понудата, ама ако не прифати договор, мора да биде смрзнат и да си оди со 140 кила, па нека се надева дека истата плата ќе му ја понудат, кога ќе биде без минута клубски фудбал во изминатите 365 дена.
 
Да и одбиа 3 пута поголема плата... значи не му е до парите колку што сака да си иде. Незнам што се глупираше со таква изјава, кажи си сакаш да идеш од клубот и културно да те продадат.

Sent from my Mi Note 10 Lite using Tapatalk

Како не разбирате дека клучно е во тоа што сакаат да си заминат како слободни фудбалери и сета моќ околу идниот трансфер да е во нивни раце. Играчот и менаџерот да одлучуваат, да имаат подобри понуди и повеќе пари.

Не му е на него проблем што е во Милан и сака по секоја цена да замине во друг клуб. Да имаше договор до 2023, пак ќе чекаше до тогаш.

Раиола и Донарума бараа договор на две години, токму поради тоа. Не е проблем, нека седи во Милан, но трансферот е целосно на нас. Тоа е нивната логика.

Не е само во Милан, иако таму е поизразено затоа што на неколку првотимци им истекува договор, тоа е тренд кој е во цела Европа. Се наместија така работите и менаџерите ги туркаат работите во тој правец.

Еден Коман изведува во Баерн, претходно го изгубија Алаба, одвај се договорија со Кимих (ако не сум грешка).
 
Nema sansi da sedi na klupa Kessie, ke go ujacame godinava use tolku.


Sent from my iPhone using Tapatalk
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom