Фан клуб: Милан

Саше?


  • Вкупно гласачи
    26
  • Гласањето е завршено на .
Песнава им е химна, нешто слично како "Још једна у низу" што беше во фан клубов едно време :icon_lol:
 
Се додека функционираат како тим, да бидат сплотени и обеденети во хармонија,да си помагаат еден на друг и да одработуваат како што стручниот штаб ќе бара од нив Милан ќе оди далеку.

Ben Fatto Ragazzi!!!
Vai Avanti!!!
Forza Milan!!!
 
Сеа баш проверив кој напаѓачи се кај Раиола.
Мален(ПСВ), Халанд(Дортмунд),Маркус Турам(Борусија.М),Боаду(АзАлкмар),Моис Кин(ПСЖ)
 
100% Халанд ќе го земат.


100% ќе ги одбие белосветските милиони евра и нафташки долари да дојде да игра кј евреинот Газидис за 2.5 мил по сезона пошто има 21 година :icon_lol: :icon_lol:
 
Прегледував хајлајти од чиракот Калулу. Дуарте и Мусачио заедно ни на сон не можат да пружат онаква партија.
Ако продужи вака највероватно нема да потпишат нов централен бек.
 
Ne znam zosto ali uste od koga go kupivme izgoreniov mi idese da pisam deka epten mi lici na Turam [emoji16]


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Пред утакмицава со Сасуоло си викам ако успеат на преостаатите две утакмици во 2020 да земат најмалку 4 бода, во ваква ситуација со повреди и чуда, би било одлично и доказ дека сме зрел и солиден тим. Сеа би сакал да ја завршиме оваа 2020 година како првопласирани на табела.

Против Лацио ќе биде ептен тешко, поготово во среден ред, ама тоа е што е. На Кеси му висеше тој картон и јес да можеше да избегне баш вчера да го добие, ама па коа ќе видиш барем ќе бидеме мирни во тој поглед и нема да се тресеме на утакмицата со Беневенто да не добие, па да не може да игра против Јувентус на 6ти јануари. Се надевам дека Тонали ќе може да игра затоа што као да не е доволно што Крунич ќе игра во прв тим, па уште и да мора да се импровизира со позицијата до него. Се надевам и дека ако случајно Тонали не може, Пиоли ќе одлучи да го повлече Хакан поназад, затоа што ако игра Калабрија тука, убеден сум ќе има појше погрешни отколку точни додавања. Кои и двајца да се во средниот ред ќе треба да ја имаат утакмицата на сезоната за да тепаме.

Паметно би било ако и на Тео му висат жолти картони, да го реши тоа сеа против Лацио, за да бидеме мирни за со Јувентус.

За вчера, раниот гол си заврши огромна работа, ама мене појше ми се свиѓаше пристапот отколку све друго. Онаа утакмица вчера со онаков пристап ја добивавме во 9/10 случаи. Сасуоло безвеза само пимплаа посед, само две шанси имаа и тоа со шутеви надвор од шеснаесетник. Онаа утакмица Пиоли и тимот ја имаа подготвено одлично, свака част. Ромањоли конечно одличен, се надевам дека ја крева формата бар до некое задоволително ниво. Тео Ернандез страшен. Онаков трк одамна неам глеано по фудбалскиве терени. Кај Леао е само проблем со каква глава ќе влезе во утакмицата. Коа му е тука паметот е стварно играч којшто праи сериозна разлика на терен. Све има, само треба да е концентриран и заинтересиран. Се надевам дека ист онаков ќе влезе и против Лацио.

Калулу вчера имаше топ утакмица. Има добра контрола на топка, на простор, често е смирен и не паничи. Као да нема физикус за централен дефанзивец, ама мислам дека фино ќе закрпи додека не се средиме со повредите во одбрана. Треба да имаме на памет дека ова му се први професионални утакмици, во нова средина, во тим као Милан којшто во моментов бара многу затоа што е во добра форма и плус на позиција којашто не е негова, првпат игра тука. Во моментов сигурно нуди појше гаранции од Мусачо којшто не играл фудбал година дена и од Дуарте.

Брахим Диаз ми е некако чуден безвеза играч. Има талент и све тоа, брз е, има техника, ама некако го снемува и го нема во предолги интервали од утакмицата. Ко да не учествува во играта, не е тука. Се надевам и на негов блесок со потег-два против Лацио.

Ајде нека стегнат заби и нека притиснат против Лацио. И тие имаа ептен битни утакмици во краток период, исто се изморени и исфорсирани. Коа би ја завршиле 2020та без пораз, и као првопласирани би ни значело многу. А после и меркатото и одморот ќе помогнат да се влезе уште боље во следната година.

Идемо една по една, форца!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom