Ако на овие два нерешени резултата, реагираат како ние овдека во фан клуб, тогаш тешко ни се пишува.
Па први на табела се, имаат скоро па одличен старт на сезоната, сетоа тоа треба да биде поттик за повеќе, а не да влезат во некој гаден филм, демек, еве, отиде сезоната.
Добра е што сега се враќаат најискусните (а и најдобрите), посебно Ибра кој има поминато низ секакви ситуации во кариерата и кој е ментално доста цврст.
Кјаер нека ја врати сигурноста во одбраната, почнаа да примаат премногу голови (ке ги бараме натпреварите кога само од прекин примаа

). Иако тука вина носат и други, посебно средината, која во последните три кола не функционира најдобро, ај при организација, но и дефанзивно не вршат добро работа.
Во напад штом е Ибра тука би требало полесно да паѓаат голови.
Некоја многу добра игра без Бенасер, башка и густ распоред, тешко да се очекува. Но нека одиграат цврсто, да не примаат лесно голови, а во напад ќе се надеваме на Ибра и Хакан.
И до сега ниту еден од овие младиве во напад ме немаат убедено дека е калибар за прва постава во тим кој има високи амбиции. Треба многу голем прогрес кај нив, но во овој момент барем нека покажат нешто повеќе талент. Засега се е тоа премногу инцидентно. Не е ниту еден да кажеш, е овој ќе биде играчиште.