За дефанзивец и еден од средина е проблем, за Киеза не баш премногу (убаво ќе беше, но ако фрла Милан 60 милиони, мора да биде трансфер што ќе го крене целиот тим едно ниво погоре).
До некаде и ги разбирам, но требаше барем Побега да го чуваат додека да обезбедат друг во средина.
Како и за средина и за одбрана не сакаа да потрошат, а да не се сигурни што носат. Изгледа за оној Фофана беа спремни да дадат повеќе, за другите до 15 милиони.
Оставија за друг преоден рок да се покријат на тие позиции.
Дали ќе им се исплати ризикот ќе видиме.
Сега останува да се надеваме да нема повреди, а распоредот е премногу натрупан. На пример, играат на 22, 26, 29 ноември, па на 3, 6, 10, 13, 16, 20, 23 декември.
Како се ова да се изигра на високо ниво?! И уште далеку било, некој да закачи корона?!
