Фан клуб: Милан

Саше?


  • Вкупно гласачи
    26
  • Гласањето е завршено на .
[emoji848][emoji848]
6b44e847b96c8768bd33b5a6aab37f43.jpg
be28b83134b8ac004088b47e6a4d8a1d.jpg


Sent from my MI 5 using Tapatalk
 
Волвс демек биле јако заинтересирани за Кеси, се спомнува цифра од околу 30 мил, ако е ова тачно одма нека го даваат и нека му платат авионска карта и нотарски трошоци све на Милан нека бидат.

ПСЖ го барале Пакета, за овој незнам стварно што да мислам, имав големи очекувања од детево, ама или ќе испадне ко оној од Интер непендекот или нашиве не знаат да го искористат, не допринесува ништо реално, ама би сакал да го видим со асален тренер ( ако добие Милан таков у блиска иднина).
 
Летото за истите пари не го даваше во Волвс, ни за Тореира кепецот не сакаше трампа, а сега сега нека го даваат и карта и нотарски трошоци нека му платат. :Д
 
Летото за истите пари не го даваше во Волвс, ни за Тореира кепецот не сакаше трампа, а сега сега нека го даваат и карта и нотарски трошоци нека му платат. :Д


Не го давав за 18, за 18 не би го дал ни Хакан, и сега не би го дал многу ме нервира кога кој стигна си пумпа цени на играчи, а нашите продаваат испод платената цена колку и да имал лоша сезона, и сега не би го сакал Тореира кепецот
 
Елиот негодувале на изјавата на Бобан дека зимава ќе пробале да потпишат некој фудбалер во рамките на можностите. Поентата била дека он и Малдини имале доволно буџет, ама дека го искористиле лошо.

Вистината е негде на средина. Факт е дека ги промашија трансферите, ама вистина е и дека за тие пари тие се фудбалерите. За нешто повеќе треба сериозен скаутинг систем и инфраструктура која Милан ја нема, па затоа и направија трансфери како ребич, бансер и крунич, толку очигледни и очекувани профили на фудбалери за некој што е неорганизиран во пазарот.

Промашувањето на сезонава не е ни толку страшно, тоа си се мирисаше од јуни, страшно е што немаат план каде од сега, никој не дава одговори за тоа каква е ситуацијата на Милан со фер плејот, како и ради што точно Милан се најде во оваа ситуација, кога и под кои услови би се надевале на нормални трансфери, дали и кога планираат да го продаваат клубот, еднаш преговараат за нов стадион, еднаш со тој од луи витон преговараат.

Милан е во раце на гадни луѓе, озлогласени по Америка за непринципиелно работење, ретко oпаки мршојадци, мене црно ми се гледаше одамна, ама сеа па ептен.
 
Каков скандалозен крај на годината. Скандалозен, ама па од друга страна одлично ја отсликува не само годината која измина, туку декадата зад нас. Многу пригоден крај на цела една декада за еден од најголемите фудбалски тимови во светот. Утакмицата вчера, како и декадата зад нас. Мизерна, тешка за гледање, несвојствена за Милан, тажна, без никакво залагање, предвидлива, мачна, скроз просечна, па и испод просек и скроз на стара слава. Одлично трескање од земја ни приреди Аталанта, чисто да не потсети сите дека не се живее на стара слава, дека не е амблемот на дресот она што ги добива утакмиците и дека очигледно, моменталниот Милан на хартија и со плати, еден од сигурно топ 4 екипите во Серие А, засега е само просечна екипа. Само името е Милан, ништо околу и во него не е на ниво на Милан, се разбира оној на кој повеќето од нас се навикнати.

Мене, првпат после којзнае колку време, не се ни сеќавам, можда и уопште првпат во животот, ме натераа да ја исклучам утакмицата пред да заврши, односно да не ги догледам последните 20ина минути. Ама ако, се надевам дека буквално сите, од чистачка, до ЦЕО и газди извлекоа поука од она урнисување од вчера. И ние ко навивачи треба извлечеме поука исто така.

Прво, се надевам дека на самите играчи, актери на терен, вчера им стана јасно дека не се тоа што мислат дека се. Хакан ваљда сфати дека не, Баерн Минхен нема да има шанса да ги одбие или прифати пак, да си исправи грешка, затоа што од Минхен никад и нема да го побараат. Дека е Херта, Фрајбург, Франкфурт ниво на играч и дека Милан ќе остане најголемото име од клуб за којшто наступал. Следна дестинација му е Галатасарај најверојатно.
Се надевам дека Кеси сфати дека е копач кој случајно станал фудбалер и дека ако сака да мрдне од просечноста мора да се закотви во позиција каде ќе користи само физичка спрема, затоа што ништо друго фудбалско во него и нема. Не е фудбалер кој менува цел тим, во добра екипа, може само да се претопи и да биде солиден бекап, ништо појше. Ако лајкот кај Гомез му значеше: “Свака част, не тепавте, тоа е коа играм со дрва, ако, убаво ни е“, тогаш имам да му објавам дека неговата судбина е Педро Обијанг тип на кариера. Исто така, Башакшекир, во трлото на неуки копачи, турската лига, следна дестинација.
Се надевам дека Сусо сфати дека не, брате, не те мрзи тебе во шпанска федерација никој, па затоа да не те викаат во репрезентација. Не те викаат дека си еднодимензионално измислено крило, играч без позиција, кој игра исклучиво со една нога и со залагање во минус, а превисоко мислење за себе. Времето на таквите замина, ако икад и постоело и ниту те викаат во репрезентација, ниту ќе те викнат, ниту некој ќе плати 40 милиони за тебе, икада, затоа што во Шпанија има најмалку 80 играчи подобри и покорисни од тебе на иста или слична позиција.
Се надевам дека Џакомо сфати дека тоа што беше носител во Милан и најбољи играч во последните сезони говори исто толку и за него колку за Милан. Најдобар меѓу просекот, не го прави 50 милионски играч, па така и треба да се спушти на земја. Иако, рака на срце, тој се двои чак и во оваа екипа и пак е еден од ретко добрите. И тоа е катастрофата. На 200 милиони потрошени се уште Џакомо ни е еден од најдобрите и тоа, Џакомо вратен од едногодишна пауза ради повреда.
Се надевам дека Ромањоли сфати дека помина времето кога беше талентиран и перспективен млад италијански репрезентативец и дека сеа е моментот кога треба да го напри тој скок во класата и да покаже дека ја заслужува капитенската лента на тим као Милан, да ги преземе конците, да се осеќа тоа на терен, да се видат тие заби и мускули, а не секогаш да се плута во тој лимбо простор на “млад е, ќе го биде, ама му треба добар партнер, не може сам“. Не е точнои, класата штопери, буквално сами ја водат одбраната, еве бар 80% од одбраната се тие. Вака како што тргнал, стагнира и во репрезентација пред него игра еден Ачерби, и секогаш некој таков ќе се наоѓа.
Се надевам дека Леао сфати дека не е доволно таму некој тренер од младински категории на Спортинг да те нарече “технички поталентиран од Роналдо“ за ти по дифолт да станеш светска класа и да те гледаат ко таков. Си бара тоа многу работа и залагање. Пјонтек ваљда сфати дека не, една добра сезона во Италија не те праи страшен играч, имало такви миљон примери и дека ако вредел 35 милиони, не значи дека следна сезона ќе вреди 70 милиони и ќе оди во Реал како што сањал тој.
Пакета.. Се надевам дека тој сфати дека не е доволно да си бразилец што знае финти за да ти свират фаул увек ко ќе паднеш и коа ќе рашириш раце во знак на револт. Финтите не поминуваат во Италија исто како што ти поминувале во Фламенго и колку и да си добар играч, во тим како Милан, ќе мораш да се подвргнеш на екипата малку, да играш за тимот, да заебеш индивидуално уживање додека со пета пикаш топка меѓу нозе на Мато Јајало на 40 метри од голот на Удинезе, скроз без потреба и без резултат.

Следно, се надевам дека и Малдини и Бобан сфатија дека е многу полесно да се просераваш од страна и да се праиш паметен за тоа како треба да се води тим како Милан, а скроз е различно кога си внатре, во жижата и кога од тебе се очекуваат конкретни и видливи резултати во најкус можен рок. Исто така ваљда укапираа дека некад некој од нив ќе мора да покаже фаца пред камера и да превземе конкретна одговорност за неуспехот, а ега како нив тешко дека тоа некад ќе го направат. Еден ден ќе помине рокот на онаа loop изјавата нивна: “Милан ќе се врати на стари стази, ама потребно е време и трпение, не може тоа да се деси за 6 месеци бла бла бла...“, затоа што уствари она вчера беше истиот тим (чак и засилен нели) кој пред само 6 месеци во мај се бореше до последно коло за 4то место и ЛШ, а сега нема ни перспектива за такво нешто, а надграден е од нив и со нив, нели. Истиот овој тим ја здроби истава Аталанта во Бергамо пред 7-8 месеци, изгледаше добро и доби некое дерби со конкуретнтите пред скоро време, а оваа сезона е непрепознатлив. Па така, овие више патетични изјави кад тад ќе им бидат плеснати од нос и имаат многу краток рок на траење, навивачите не ја пијат више нафтата на последните години на Галијани и неговите двосмислени изјави “на стара слава“.

Се надевам дека Иван Газидис сфати дека Милан не е Арсенал, дека Серие А не е Премиер Лига (нема толку пари, луксуз и време за губење), а и навивачите на Милан не се навивачите на Арсенал. Уз дужно поштовање и кон Арсенал и кон Газидис, навивачите на Милан се малку појше навикнати на освајање титули, бивање увек во борба за некоја титула и слично и нема многу време и трпение за купување 16 годишњаци од Тулуз, па праќање на позајмица во Вотфорд, па давање шанса на 19 години, па хајпање, па толерирање грешки и продаени утакмици, па можда станување играч, па продавање во Јувентус за 50 милиони, а можда успат ако се погоди генерација, ќе се умешаме во борба за титула некоја. Не брате, навивачите на Милан и репутацијата на Милан ти оставаат многу помалку време и многу потесен простор за маневрирање. и неговото време истекува.

Се надевам дека Елиот сфатија дека едно си е нивниот план за уновчување и дебел профит од идна продажба на имот, а скроз друга ствар е водење на фудбалски клуб со реноме како Милан каде уништуваш животи и живци на навивачи и границата помеѓу тоа да те вивнат во облаци и да ти пратат метци во плик на домашна адреса, поготово на таков тим во Италија, се мери во само неколку бода и варира од добар шут на Бонавентура против Сасуоло до промашен пенал на Кеси против Верона на следната утакмица.

И јас, вака ко навивач си сфатив дека нема више да се врзувам ниту за цена, ниту за јутјуб видеа, ниту за талент скаути, ниту за една добра утакмица, ниту за Фудбал Менаџер, ниту за икони као Малдини и Бобан што ни ги ставиле директори ни за ништо пред време. Си бил талент, прогласен за најдобар фудбалер во Бразил, најбољи извоџач на слободни во Европа, најскапо платен ЦЕО во фудбалот и слично. Додека не видам резултат, џабе се сите тие епитети. Ако сака Стефано Капозука нека биде спортски директор, земен од Џеноа ама нека има резултат. Ако сака Госенс нека игра, земен од Гент, ама додека го растура еден Милан на левата страна и е ултра корисен, супер е.

Страшна лекција на Аталанта жими све. И не само Милан треба да научи од оваа приказна, туку буквално цел фудбалски свет. А Милан као директно засегната жртва вчера, највише од сите. Тим направен од играчи кои мислат дека се некој и нешто, некакви фаци, ѕвезди, разбиен, здробен, измочан во фаца од тим каде најдобро платен е тренерот Гасперини, кој се изнашета и беше избркан од цела Италија и стана тренер фактор на 65 години. Тим каде Папу Гомез, солидно брзо играченце кое се изнашета од Катанија до Металист, те разара по крило и ти изгледа као Меси. (Спореди го со панданот Сусо на другава страна). Тим каде еден Иличич кој се изнашета низ Серие А и никаде не се наметна као вау, тебе на терен ти изгледа као комплетен играч каков што само може да се посака во тим. Брдо непознати ликови купени од белгиска лига за смешни пари кои трчаат 3 пати појше од нашиве ѕвезди платени и плаќани грдна пара и увек се чекор пред нив и ги држат во џеб. Мартин Де Рон кој го избркаа од факинг Мидлзброу после пола сезона, а ти држи средина 5 пати боље од најдобриот афрички играч во моментов. И таа Аталанта, створена и градена така како што е градена, во моментов има ЕБАНИ 30 ГОЛОВИ ПОЈШЕ даено од Милан. И 100 створени шанси за гол повеќе. И не е инцидентна екипа, оваа Аталанта, не е само one season wonder или период до полу сезона, ова си е више сериозна лекција.

Иначе, знам дека 90% од овие погоре спомнати немаат ништо сфатено иако викам дека се надевам дека сфатиле. Знам дека тие сеа си постираат на инста и си се курчат као ништо да не се десило. Ама барем ние навивачите ќе отвориме очи различно од досега и ќе си ги средиме очекувањата, паметувањата и нервозите. Бар вака знаеме каде му е сеа местото на Милан колку и тоа очајно и разочарувачки да звучи. Искрено, јас мислев дека овој состав е подобар од оној на Лацио, Рома, Аталанта, пред сезона, ама сеа сум убеден дека не е. Ни на хартија не е. Милан е полн тим просеци и преценети играчи и не е подобар од конкурентите дури ни на хартија.

Мој совет, во следните мерката, скаутите да си ангажираат и психолози и психијатри. Прво да се проценува психичката подготвеност на играчот, со мозокот до каде е, што е, колку му сече, па после да се договара. Преценети гомца кои се тука само затоа што ќе можат да се пофалат на внуци дека носеле дрес на Милан и играле на историскиот Сан Сиро, со превисоко мислење за себе - више никако. Да им се наебам све незаинтересирани, безволни и некадерни пички во душа едни! Све да им ебам на оние предвидливи и еднодимензионални играчи коишто не заслужуваат ниту јас да се нервирам за нив, ниту да го помирисаат дресот на Милан, а камо ли да го облечат и онака да го обезвреднат и понижат. До главите им е она. Прво до нивните умислени и празни глави, а после до тоа што се обични просеци за Фиорентина тип на тим. Ма и Батистута не заслужува вакво нешто, овие се за во Киево само.

Знам дека за Донарума мислиме дека некад е плачипичка водена од Раиола (што засега не се покажа), ама барем тоа дете вчера плачеше после утакмица и со плачење отиде под трибина кај тие грдни фанови кои дошле да навиваат додека пичките со црвено-црни маици се шеткараа по терен, да бара извинување. Тоа го двои од другите копилиња кои си продужија да лајкаат и постираат ко ништо да не се десило и со тоа заслужува капитенска трака.Само тој ја има класата во него очигледно, си држи стандард и иако е млад, треба да си биде капитен. Буквално све друго од овој тим е за ремонт. Не е се на исто ниво, нормално дека Борини треба да биде продаен пред Пакета, ама па не ме потресува и сите да ги продаат, комотно, што сакаат нека праат. Не дека може да напраат поголема беља или да напраат да биде полошо. Доволно е лошо и вака. Дното на цела декада во 21 век го доживеавме вчера. Можда за катарза требаше баш дното да ни се деси. Се надевам на пат нагоре, подоле од ова тешко дека има за Милан.

Ни посакувам повеќе успеси од следнава година, нов почеток по милионити пат и поуспешна следна декада за заспаниот џин на светскиот фудбал.

На оние пички во црвено-црни маици кои глумат класа фудбалери им посакувам аер да не видат! Набрзо да играат во Верона, Фиорентина, Трабзонспор и Ал Хилал.

Нам, Среќна и далеку поуспешна Нова година!
 
Kessie lajkuva, Calabria i Leo direkt vo diskoteka..Donaruma posle utakmica edinstven so solzi otisol da se izvini na navijacite..

Imaat ogromna podrska iako se tinja, oni edinstveniot sto vredi vo sredinata kje go prodavale..
 
Не дека ги бранам, ама по тоа што гледам по видеото кловнот прославува роденден. Што сакаат ќе си прават, oдмор две недели, приватен живот.

Видеото е старо, фала.
 
И еве сега за да биде бељата поголема пак се активирале преговорите со Ибрахимович. Која потреба ја имаат од 38 годишен фудбалер кога сезоната е само теоретски жива. Што точно очекуваат да добијат од него, зар ќе ја потпираат на него играта догодина кога ќе има 39 ли, што им е намерата. стварно не разбирам.
Ибра беше добар потег лани ова време, ама лани стручњаците мислеа дека имаат добра екипа, игра и тренер и Ибра им беше стар. Исто како што Бакајоко им беше скап па го купија неухранитион Бенасер кој никогаш нема да ја достигне неговата ланска цена.
Клубов се води буквално како пијан да седнеш да играш менаџер.
 
Мислам дека идеата со Ибра е за мотивација на играчите а не за да го играат на терен.
 
И еве сега за да биде бељата поголема пак се активирале преговорите со Ибрахимович. Која потреба ја имаат од 38 годишен фудбалер кога сезоната е само теоретски жива. Што точно очекуваат да добијат од него, зар ќе ја потпираат на него играта догодина кога ќе има 39 ли, што им е намерата. стварно не разбирам.
Ибра беше добар потег лани ова време, ама лани стручњаците мислеа дека имаат добра екипа, игра и тренер и Ибра им беше стар. Исто како што Бакајоко им беше скап па го купија неухранитион Бенасер кој никогаш нема да ја достигне неговата ланска цена.
Клубов се води буквално како пијан да седнеш да играш менаџер.


Ибра ќе го носат ако го носат повише како ментор на младиве, да проба менталитетот да им го среди. Според мене Ибра е добар потег, за 18 месеци колку што се пишуе дека ќе добие договор, може многу да научат Леао, Пјатек или кој и да ќе биде шпиц наредна сезона.
 
Ако имаат грам мозок и осет Малдини и Бобан нема да го наречат Ибрахимович ни ментор ни мотиватор. Треба да го наречат тим менаџер - џелат и да му даат одврзани раце да ги тепа во соблекувална и да дели заушки чак и на терен. Нека му остаат по слободна воља тој да одлучи кој и колку и кога треба да биде тепан, убеден сум, значи миљон посто, ќе ги млати редовно сите. Се сеќавате на тие видеата коа го малтретираше грдниот Родни Страсер на тренинг? Еее па брачо, тоа си вроди со плод и таа сезона Родни заби еден ултра битен гол на гостовање кај Каљари на 7-8 кола пред крај и практично ни донесе Скудето. Трчаше ко ненормален. Е така треба и на овие да им праи! Али булинг класичен, малтретирање на работно место, да не можат да спијат дома од страв и болки, буквално во секој момент да очекуваат малтретирање и таа менталната фаца на Ибра да им се појавува чак и во сон!

Не мора ни да игра ни да е спремен, само нека седи на клупа и нека ги посматра лудачки така, а на тренинзи и по соблекувални по слободно убедување - млатење само, крв да плукаат да им изнаебам све неспособно и преценето.

Само вака, со оваа идеја, носењето на Ибрахимович ќе има смисла. И Тиаго Силва нека го земат сеа исто кој кур. Чисто за да се обрне и поништи црната магија и баксузот кој не прати баш откатко ги продадоа нив двајца. Али не као ментори, као дементори нека ги донесат. Душата да им ја извадат и испијат на оваа хрпа маалски инстаграм фудбалерчиња кои ги имаме во тим.

А убеден сум дека од Ибра ќе се серат во гаќи еј. Едвај чекам да почнат да излагаат видеата од тренинг и да му ја видам таа фацата на Сусо коа Ибра ќе му се дере на терен коа ова крилово заради кое играме формација со крила ќе ја дувне во трибини чиста топка со таа десната протеза наместо нога што ја има.
 
Не дека ги бранам, ама по тоа што гледам по видеото кловнот прославува роденден. Што сакаат ќе си прават, oдмор две недели, приватен живот.

Видеото е старо, фала.

Нека си праат што сакаат никој нема ништо против тоа, приватен живот. Ама нека не ми се праат миланисти и загрижени професионалци. Прво, Леао лаже дека видеото е старо, затоа што го имало и на други видеа кај тие издуваните другари што заедно со него се дојдени во Милано не за фудбал, туку да ебнат нешто, да се брцне нешто околу чисто онака. Второ, на Калабрија никој не му вика да откажел роденден, туку не морал да објавува по инстаграми чуда. Затоа што животот којшто го живеат и сите тие перверзии им се омогучени во голем дел затоа што Милан е Милан и има толку многу навивачи коишто нервно оболеа во неделата и ова понашање на овие двајца шупаци коишто само силом прилике и сасвим случајно се играчи на Милан е непоштовање према цела база.

Следно, загрижени професионалци и миланисти беа играчите на Милан после Истанбул, кога откажуваа одмори ради шокот, одеа на психијатри, а некои чак и побараа продажба затоа што се осеќаа недостојни после тоа да носат дрес на Милан, као Гатузо рецимо. Овие моменталниве, нека пишуваат објаснувања колку сакаат и нека праат што сакаат во приватниот живот, ама само нека не ми се нарекуваат миланисти и професионалци. Тоа се само празноглави и шупливи фудбалерчиња коишто набрзо ќе доживеат смешен тек на кариерата - Валенсија --> Сасуоло --> Верона -->Пјаченца.

А и не дека треба да се потресуваме, како што рече некој погоре, не се тие криви, ним толку им е акалот јебига, треба да му ја мисли некој друг којшто има моќ да продава и купува.

П.С. Калабрија сум го мрзел одувек и знаете какво мислење имам за него ко играч и ко чоек. Ама тек сеа после она просеравање од објаснување кое го напишал, наместо да се скрие и да зачепи ко пичка, го презеде приматот на мој најомразен играч кој икада наступал за Милан. Го спушти од тронот еден Игнацио Абате, на кому еве јавно му се извинувам за секој лош збор, затоа што таа мува без глава е људина во споредба со оваа глуперда Калабрија! Класично дебилче.
 
Ako go donesat Ibra toa mene ke mi bide uste eden pokazatel deka ovaa uprava ne znae kaj tera. 6mil plata na 38 god vo sezona koja e veke izgubena. Daj bidete realni kakov mentor kakvi vospitni,sigurno deka Ibra vo zalezot na karierata ke se zamara tamu so nekoi polu profesionalni decista.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom