Откако замина Берлускони, прво за кинезите клети, па сеа и за Елиот, мислам дека медиумиве во Италија некогаш и превише форсираат за проблеми во Милан. Како да се сили и потпалува таа работа не секогаш со потреба и причина.
Нормално е на почеток да имаат различни визии луѓе кои првпат работат заедно. А Малдини чак и првпат работи вакво нешто. Све се јаки ликови, со јак бекграунд, нормално е и да постојат такви чарки на почеток. Јас не се секирам многу за тоа, мислам дека со тек на време ќе се изгладат тие работи.
Тоа дека Елиот е заинтересиран да произведува млади играчи и да препродава нема логика никаква. Нивна единствена цел е заработка. Тие од млади и препродаени играчи не заработуваат. Елиот може да заработи само ако го продаде Милан многу појше отколку што го купи. За да вреди Милан многу појше од лани треба да се врати во ЛШ, да има стабилни финансии, можда решено прашање околу стадионот и вратен углед. Ми се чини и дека вакви имиња во менаџментот беа донесени баш поради тоа. За да се случи ова мора да се вложува и тоа засеа го праат.
Јас не сакам Милан да биде Ајакс или фабрика за поголемите тимови, ама да не ги сфаќаме работите толку праволински сеа. Демек ние само млади ќе купуваме и демек обавезно ќе продаваме све што ќе се погоди. Ако така праат нема да се вратат во ЛШ и нема да ја кренат вредноста на Милан, што им е цел на Елиот уствари. Да не забораваме дека освен што Арсенал купуваше млади играчи, тие праеа и трансфери као Озил и Обамејанг по 50-60 милиони и више. Е сеа тоа што не успеваа да пркнат као тим и да освојат нешто тоа е друг муабет. Па еве го и Јувентус, купува све младо од Италија, све што иоле ќе покаже знаци на талент. Па после препродаваат, убацуваат во некој трансфер за да смалат цена и триста маневри. И така ствараат профит за Даглас Коста да ги кошта 20 наместо 40 милиони, од Погба да имаат профит ебени 100 милиони, затоа што го зеле за пакетче кикирики, Бонучи да го земат без пари затоа што претходно вложиле во Калдара и слично. Купувањето млади играчи не мора по дифолт да е лошо. Поготово затоа што не верувам баш дека Милан ќе стане погон као Ајакс. Тоа не би им одговарало ниту на Елиот уствари.
Може лесно да се деси некој од менаџментот да си замине, ако не можат да најдат заедничка визија, ама мене ме интересира како ќе се развива Милан. Некако сум опуштен кога се работи за Елиот. Тие се инвестициски фонд. Немаат многу време да се бачкаат со фудбалски тим. Ги интересира профит. Милан го добија за 350 милиони коа ќе видиш. Има само еден начин да профитираат, а тоа е да ја дигнат вредноста на Милан и знаеме како се праи. Некако тоа ми е најголем гарант дека немаме многу што да се секираме. Е сеа за визиите на Газидис и Малдини како и кога да се дојде до тоа, тоа не знам, нема што да збориме ние навивачите за тоа коа се потпираме на шпекулации само.
Шпекулации има многу. И за односите во тимот и за односите во менаџментот и газдите и све тоа. И којзнае дали и колку се точни. Дај со видливи и докажливи ствари да се бавиме. А една од нив е уствари дека Милан со новите газди, во јануари 2019 година направи 2 трансфери, од по скоро 40 милиони. 80 милиони во јануари, Милан најверојатно нема вложено никад претходно. До што ќе не доведе тоа, здравје, ќе видиме.
П.С. И слушајте го Гатузо, кој до вчера цело време го бранеше Игуаин кога објаснува зошто не го повикал за денеска. Онакво непрофесионално копиле не заслужува да заработува толкава плата, грдни пари од ниеден клуб, а камо ли од Милан.