Ова со кењањето на овие бившиве легенди е страшно смешна работа.
Очигледно почнува медиумска хајка против Фасоне, од страна на цел медиумски апарат околу Милан. И тоа не е воопшто чудно, чак и мислам дека е нормално со оглед на тоа дека секогаш околу Берслускониевиот Милан, медиумите и пропагандата имале голема улога. Некои новинари вчера и денеска, ова со форсирањето на “многу интераши во новиот Милан“ го нарекоа медиумски тероризам кон Милан.
Треба да се има предвид дека хрпа глупости ќе бидат изјавувани, форсирани и објавувани сега во наредниов период и јас не би трзал многу на нив. Убаво имаше напишано Кампопиано и се гледа тоа многу јасно: Има многу навивачи и луѓе околу Милан кои едвај чекаат влез на многу пари во тимот, промени на подобро и камбек и уште повеќе луѓе околу нив кои воопшто не сакаат тоа да се деси.
Мене најискрено не ме интересира од каде доаѓаат менаџерите кои ги бира Фасоне, доколку се работи за стручњаци во својата област. Исто така, не паѓам на гз од изјавите на легендите само затоа што се играчки легенди. На Фасоне му требаат стручњаци во управата и тоа треба да е приоритет.
Не верувам дека некому во Јувентус е битно дали Марота и Паратичи се сампдоријаши се додека одлично си ја вршат својата работа и Јувентус го држат на врвот. Бај д веј, Паратичи беше шеф на скаутинг во Сампдорија пред да премине во Јуве заедно со Марота (кој си собра со себе човек кому верува и одлично го познава, нешто многу слично со случајот Фасоне - Мирабели). Па на крајот на краиштата и Галијани цел живот му зборат дека е јувенташ, па испиша историја во Милан. Инаку ми се чини дека Галијани во Милан дојде од Пиза.
Сакам да кажам дека ова со “многу интераши во тимот“ е глупост. Стручњаците не се навивачи, не биле ни играчи, не ме занима воопшто од каде дошле ако си ја вршат работата професионално. Овојпат е важно да се направи коренита промена и новите луѓе да не се “вечни“ и “недопирливи“ no matter what како актуелниве.
Што се однесува на легендите и нивните изјави треба да се земат со многу резерва. Тие луѓе (освен Албертини) никогаш не работеле и немале некакви менаџерски улоги и големо е прашање колку ги бива за таква сериозна работа.
Апсолутно сум ЗА да се внесе некоја клупска легенда во управата, која ќе биде линк соблекувална - канцеларија - навивачи, па со можност да напредува во некаков менаџер, нешто налик Недвед во Јувентус и Занети во Интер, ама не сум за давање сериозна функција по секоја цена само затоа што некој бил играчка легенда. Ако некого бива, слободно нека напредува во управувачка структура, ама функција априори никако. Ова е Милан и тука нема време за експериментирање и играње со функции.
Второ големо прашање е и колку од овие бивши легенди би се нафатиле на сериозна менаџерска функција имајќи ја предвид одговорноста која таква функција ја носи кога на друга страна си се фино укотвени како стручњаци и ко-коментатори во Скај/Медиасет, лапаат фини пари, не сносат апсолутно никаква одговорност и се забављаат со иронични доскочици и заебанции како Костакурта и Дел Пиеро деновиве.
Еве, сите информации викаат дека легендите ќе бидат контактирани. Ако се нафаќаат бујрум, нека се покажат. За фудбал и терен може да зборуваат, за управување малку помалку зошто ретко кој од нив има покритие на тоа поле.
Затоа во оваа работа го поддржувам Фасоне. Логично е да е насочен кон луѓе кој ги познава и знае како работат и професионално е од негова страна тоа што е насочен кон стручњаци небитно од кој тим. Нека создаде управувачка структура која ќе носи победи и за кратко никому нема да е битно од каде ги донел.
Еве ви одличен текст во врска со се ова. Апсолутно се согласувам со се напишано.